Абе лишен е од најубата работа на светот. Шо да ти расправам. Да раѓаа мажите, сигурно немаше да бидиме 8 милијарди. Посебно македонскиве мамини мази... * Ти му ја бркаш работата (условно речено), за да може да има дете. Не е тој 'лишен', ти имаш повеќе одговорност, која само од тебе зависи. Цело репродуктивно здравје ни го контролираат мажи/државата/светот Некои си мажи одлучуваат дали е законски да се абортира, па уште жал да ми биди дека не раѓале
Не генерализирај. Како што не се сите жени исти (курви според некои) не се ни сите мажи исти. Како што не сакаш да те ставаат во ист кош со полоши од тебе, не ги ставај сите мажи во ист кош бидејќи има и вистински мажи. Има мажи кои радо би родиле да можат само да не ме слушаат мене тебе и другите колку се жалиме. А има и мамини мази, како што велиш малку покачат температура и вонредна состојба прогласуваат.
Ова одговориве ти се од некои статистики извадени или ? Како можеш да знаеш дали би раѓале и колку би раѓале? Што му ја бркаш ти цела работа,што не го прати него да раѓа? И зошто ти се оствари како мајка на природен начин,зошто не најми сурогат или да посвоиш? А за тоа кој донесувал закони долго е и широко и скроз надвор од темава.
Значи споредуваш болест и бременост. Озбилно? Не е бременоста болест туку нормален тек на животот, не ти држи вода ова.
Не реков дека е песна пораѓањето туку не е никаква патологија и затоа е непотребно да се споредува со операција. Да, има компликации, ама нормално дека нема да се прави прослава ако им се случи нешто на мајката или на бебето, тоа се подразбира и не знам зошто да се спомнува воопшто.
Маче, има жени природно породени на газ не можат да си седнат еден месец, па хемороиди, па сецнато боли (жив пример другарка ми, мака на пораѓај - според неа - не виде, после куку нонен беше), а има и жени царски што до вечерта сами стануваат и се осеќаат добро. Не можеме да знаеме која како ќе се осеќа по пораѓајот, битно е дали е се' добро, дали се чувствува добро, дали бебето е добро. Ако овие точки се исполнети, нема логика зашто сите да седат и да чмаат. Ако има опција таткото да е во болница и она го сака таму, да, ама пошто нема кај нас, опциите му се да чмае дома и да се радува во себе и во крајна мера да биде дури тажен што ни жена ни бебе може да види. Познавам пар чие дете се роди во 7ми месец, беше баш критично, мекици и прослава направија дури после 4 месеци. Мајката не дојде ни тогаш, не и' бранеше некој, самата не сакаше да се меша со народ и да и' поставуваат 1000 прашања. Бебето беше на ад па секако не му беше за цицање потребна, нејзин избор беше да не оди. Важно е двајцата да се осеќаат ок со секоја ситуација, се' друго е произволно
Јас бев со царски. Се беше ок со мене и бебче, така да не гледав проблем да се прослави раѓањето на ќерка ми. Додуше кај мене немаше посебно правење мекици оти на слава се роди малава, на духовден и тамам само нарачале мекици кај свекрва ми, гостите сепак беа тие . Мене ни на крај ум не ми падна тоа да го гледам како себично или непочитување, напротив. Камо среќа да дојде уште едно па нек се слави три дена ако треба без мене, јас ќе си гушкам бебушка.
На крајот на денот, ваше си е. Јас нема да го разберам, но нема ни да се муртам ако некој ме викне на мекици. Да се живи и здрави бебињата.
Така е. И јас мислам дека ретко на која мајка ѝ е дојдено до собирање со луѓе. Знаеме колку напнуваат во бременост, а не пак кога ќе се роди бебето. Го доиш, имаш млеко? Даваш ад? Зш не? Спие навечер, колку? Аууу знам дека некој муабет мора да се сврти, ама толку ми се напорни дегутантни ваквите редови муабет, не можам да опишам. И избегнувам да зборувам некому за моето дете, онака ко мајки кога ќе фатат без престан. Сакам полабави општи муабети, без многу совети. А за болки. Уф сега ми текна. Цел месец и десното ребро ме болеше дека бебето при породување тука ме маваше и докторката ме стегна за стомак да ми помогне кога ме виде дека не можам да напнам убаво. Па не можев странично да спијам, рана сечена боли па чеша па тегне. Па на втор месец за малку мастит шо не фатив, хирургот одма за нож се фати, да ме сечел, со антибиотик избегнав. И ред други убави и помалку убави работи. И ова не го кажувам за да се силам каква сум била или ордени да чекам. Кажувам дека силата ја зема, и мајка сака одмор тогаш. А на сето ова да забранам или спречам да се соберат и прослават, треба да сум скроз јухуу и да немам попаметна работа за мислење, па тоа да ми ствара одбивност наместо радост.
Значи тие што не сакаат да се прославува раѓањето само со присуство на мажот се јухуу и немаат попаметна работа? Јас да го напишам истото, во друга конотација, би било во ред? Никој не ве навреди вас, за да навредувате вие. Инаку фала што постави дијагноза, не знаев дека сум штракната што сакам да си прославам со мекици и сите адети за моето бебе.
Јас не гледам ништо лошо Сериозна сум. Ако е добар... Инаку лично за темава ако му е на памет славење додека јас не можам газ да кренам, ќе славам и јас за развод набрзо. Барем што знам...ако е саглам, ќе се туфка дали е арна, нема да се весели.
Pa da, toa bi bilo idealno. Toa se najintimni momenti za najtesnoto semejstvo. Zatoa ne odat site: i majki, tetki, strini, drugarki, babi na poragjaj, tuku samo tatkoto (kako poddrshka za rodilkata, i normalno da vidi i da bide pokraj nea vo celiot proces).