Затоа што не е песна и секогаш има нешто паралелно со бременоста и пораѓајот, кое е тешко и мачно и неретко ризично по здравјето на трудницата и детето, баш затоа треба повеќе да се цениме колку сме вредни и колку заслужуваме да бидеме почитувани. Ние уште сме '3 подолу од мажите'... шо се вели... Ќе славел...
Двете со царски ги родив. Опоравувањето е секогаш индивидуално, без разлика дали е царски, или природно. Голема врска има како поминал и самиот пораѓај. Не е темата тоа, а и да не ширам паника, ама од долг природен пораѓај, има жени што не сакаат долго време пак да останат трудни, од шо не можат да се опорават. И не само физички, туку и психички. Сакам да кажам, не е важен начинот на породување, туку е битно сѐ добро да се заврши.
А пример еве, му се раѓа бебе, му доаѓаат најблиските од другарите на врата со виски. Да ги брка? Да ги одбие? И тоа е нели начин на славење, не е само идење у кафана
Ама слави си , кој рекол овде дека Не е убаво да си дадете мекици од коа ќе излезеш. Ќе си одберете погоден момент , ќе си поканите кој што си сакате и ќе си прославите.( славев и јас , десетина дена по пораѓајот). Иако претходно однесовме секаде тиганици. Ама морав да се излуфтирам па ги собравме најблиските на втора рунда тиганици Зборот е зошто да не си почасти мажот ( ако му е желба) , онака од ќеиф. Та нели дете му се родило. Можеби твојот маж си е друг калибар па еве нема желба да седне у кафана / кафич / дома и да покани некој да збУат по една ракија. И тоа е во ред, да Не сака . Ама читајќи те , добивам заклучок како ти да го условуваш и да му забрануваш. Ако не е така, па нема ништо чудно ако маж ти нема желба да си прослави дур ти си во болница
Како успева забрана кај возрасен маж? Од друга страна, доволно сме блиски за да му кажам што мислам за тоа славење. Ако он сепак и покрај моите чувства врзани за славењето сам, смета дека се ирационални, што можам да направам? Ама и да му забранам и да го условам не гледам како некој од вас би пател од тоа мое однесување.
Во ред е тоа. Воопшто не спорам. Убаво би им било за некои родилки да им е присутен партнерот. За мене ми падна чудно поривот да се прослави и развесели човек да се нарекува себичност. Во тој момент јас сум со бебето во болница, целото внимание ми е насочено кон него и моето побрзо застанување на нога. Немам време да љубоморам ако блискиве сакаат да се чукнат со чаша, јас напротив, се осеќам гордо и среќно и ми е чест што им приредувам таква радост. Немам време да трошам енергија на негативни чувство како љубомора и чувство дека се себични. Инаку, почитувам да сака родилката да ја почека мажот за заедно. Само не те разбрав. Дали сакаш сопругот да те чека заедно сами да прославите или топтан со другари и блиски...
Па Не да му забраниш во смисол - Не смееш да примаш никој дома ако дојде да честита, или Немој случајно да си мрднал од дома дур сум јас во болница. Него суптилно , уз муабет да му речеш- Многу ќе ме повредиш ако ти дојде до поседенки со друштво дур јас лежам таму , штотуку породена. Јас вака да му речам на мм он ни на тераса нема да излезе . Никој не пати од твоето однесување. Си разговараме
Ајдееее смешки. Па како да излезе бебето ако не може природно? Што е проблемот со царски, да, е операција со сечење 7 слоеви дури, ама човече поводот е бебето. Какви строги линии! А бе ептен женско биче било комплицирано
Море луѓе и мене ми е ќеиф. Баш дека ми е ќеиф да гледам како некој друг се радува со мене, не сакам сам да слави. Не бранам да имаме веселба, сакам како фамилија заедно да споделиме. Баш како што прават во тетовскиот регион. Никој за нив не вика дека се мрднати, ама во скопскиов ако сакаш да си бидеш присутна на сопствената прослава си очигледно шлакната. Не знам како да се објаснам подруго. Не ја спорам неговата улога во бременоста, но мојата е далеку потешка и покомплексна. Па јас ако немам причина за славење што сум жива и здрава и на свет сум износела живо и здраво бебе, не знам кој друг присутен во таа кафана би се радувал повеќе од мене. Никогаш не сум сакала да се влечам со маж ми како црево за се нешто. Но, за ваков битен момент, треба и мама да слави, не само тато.
Самата си одговори. Операција е, не знам кој има срце да слави додека мајката не може ни да стане. Сеедно стварно, кој како сака нека си прави. Ако тебе како мајка те прави среќна роднините да се соберат со маж ти и да слават, апсолутно. Јас би сакала поддршка и близина. Исто не е убаво ако се слави само колку да се исполнува некој обичај и да чувствуваш потреба да удоволиш на фамилија. Како си стварно сакаат така. Можеби малце осудувачки бев настроена во мислењето, ама за себе не можам да замислам и затоа.
И како планираш да славиш не ми е јасно? Ќе одиш во кафана после враќање од болница? Ќе збираш луѓе дома штотуку породена? Или ќе чекаш да потпорасне малку па тогаш да славите?
Ме прашаа еднаш и одговорив. Не знам. Кога ќе се породам, кога ќе размислам, ќе знам. Не ми се приоритет воопшто мекиците.
Баш исто вака и јас размислувам а и така направивме Само што мм си частеше и денот коа се породив. Појќе "негови" луѓе си викнал , ама испочитувал и две мои другарки Е сеа Частовката што излегла мини свадба е друг муабет . Ама па ептен мило ми беше коа ги гледав колку се веселат. Нејсе Сите различно си ја покажуваат радоста . Ако мм пиел ноќта во кафана Не значи дека не ме почитува . Исто , ако друг маж си седе дома сам и сам си се слави Не значи дека тој помалку се радува од мојО. И така... Се одјавувам од темата Да си имаш најлесен порагај Алехандре
Кога ќе поминат 40 дена, роднините доаѓаат на виѓо (видување де) со поклони и триста чуда и нормално мезе пиење.
Мхм, да ама кај нас доаѓаат едни по едни кој кога може. Не се организира само една вечер, така да мезе пиење цело време не иде . А и заради коронава, прв пат гости ( освен мајка ми и татко ми ), ни дојдоа после 3 месеци...