Значи радоста само со чашка ракија во кафана се споделува, никако на друг начин. Ако почека да закрепнам и да бидам спремна, нема да му падне.
Точно, може во моментот кога ќе му кажеш да извади твоја слика и да ја гледа до сабајле од радост и возбуда. И тоа е начин.
Ако го прави тоа радосен, може, зошто да не. Само не те разбирам што сакаш да доловиш. Тебе ти било сеедно што си славел во кафана сам и не го гледаш овој чин како нешто во кое мораш да бидеш присутна. И тоа е океј. Мене нема да ми биде и го гледам чинот како нешто што морам да бидам присутна. За мене и за моите чувства, тоа ми е најважно. Не ја гледам потребата од сарказам и убедување дека твоето е правилно.
Повојница. Сто пати поарно бабиње да правам ако ништо тетовско немам, него сто гости да ми поминат дома. Верувам има жени што ги радува тоа, ама мене некако потешко мислам.
Аха, значи битно е што него го прави радосен, не тебе. Значи не треба тебе да те чека да се вратиш и заедно да гледате твоја слика. Добро е што се разбираме. Значи ако радосен го прави славје во моментот со другари?
Александрит, бремена си верувам, абе оти си клавате јадови на душа за без везе? Уживај си, радувај се, мисли си како ќе помине се' супер и ќе држиш живо здраво бепче во раце, не сум родила јас, ама мислам дека во тој момент кога ќе ти го дадат лева патика ќе те чеша за сите останати што прават. Уживај ајде, не се замарај
Кафана ако е и право мора да е чашка алкохол? Не бе, може да си прослави и со кока кола. Битно е дека е опкружен со драгите луѓе и се радуваат на новиот живот. Леле вака кога читам (не само во оваа тема), стварно се чудам како земјава уште не крепи. Какви леви размислувања за толку едноставни работи, условувања... Тешко на земјата, а богами и на тој што треба да ги поднесува жртвите за неговата 'принцеза' да биде среќна. Ако истата воопшто нешто може да ја направи среќна.
А што конкретно тебе те тангира мојот маж што го прави среќен? Што конкретно те засега нашиот живот и размислувања? Овие се работи кои се предмет на дискусија меѓу мене и него. Дали постои правило дека мекици мора да се прават? Дали постои правило дека само мажот мора да е присутен? Според кои закони, традиции, се ориентираш ти, па ми продаваш сарказам на големо? Прочитај прво од каде и како започнала самата традиција, па потсмевај се на туѓото размислување.
Воопшто не ми смета, дури и мило ми е што славеше истиот ден. Има разлика во тоа да славиш откако ќе разбериш дека ти се родило дете и да славиш по 10 дена или месец да речиме. Не е иста возбудата. Некако ми доаѓа како денес да му е роденден на детето, ама ќе го чекам по еден месец. Мм ми праќаше слики и видеа цело време од прославата и без разлика што не бев таму се чувствував ко да сум присутна и јас. Мене па некако чудно ми е да се роди дете, мајката нормално на болница па дома, нема контакти со луѓе, ама па таткото продолжува да оди на работа, да се среќава со луѓе и ај да не ги почасти колеги, пријатели, роднини. Лично јас и по еден месец не бев способна за во кафана, ниту пак ми се одеше со бебе в кафана кога имаше 1 месец, ниту пак би го оставила на некого да го чува.
Ние прославивме заедно со крштевка и ручек во ресторан со најблиските, на 40 дена од раѓањето. До тогаш со стап да ме тераа немаше да одам нигде баш убав опис @NarCis@ даде за првите недели. Да го врзев дома ако не дури се средив јас со лактација и со се што е пропратно после пораѓај. И не заборавајте дека и нивно дете е, и внуче на баби/дедовци, тетки итн е, кој како сака нека си прослави ако е се во ред со мајката и бебето.
Мм беше вака кај едни. Жената сакаше и она да биде присутна. Јас не можев тогаш да одам, но мм ми кажа дека супер си поминале особено таткото и мајката, расположно и весело. Никаква драма и уште земјата ги крепи. Така за 2те деца направија.
Кога се роди внук ми во странЦтво, ок братучетка ми за странец е и мажена па ги немаат нашиве адети, он ништо не правеше ама седеше со неа и си зема одмор секако. Ние овде... ехе Се пос*авме од среќа За 1 роденден на малиот дојдоа и си направија овде прослава, ама ќе беше ептен тажно да и' сметаше што правиме. Всушност цело време некој нешто и праќаше, сакаше да гледа, и' беше смешно итн.
Па да. Еуфоријата е тогаш. Тогаш станал татко, тогаш станале тетки, чичковци, баби и дедовци. Јас се имам веселено за туѓи деца оти станав тетка. Мајка немаше на прославите. Иако од сите максимално почитувана.
За синко се славеше два пати. Се породив, влегоа маж ми и мајка ми татко ми (немаше корона и имавме јаки врски, ги пуштија на интензивна), син ми дозволиле само маж ми да го види. Маж ми прво таму бил, потоа кај мене. Од тука кај нас дома (тогаш уште кај свекрва ми бевме) се собрале баби дедовци кум старосват во двор и се журкале до зори. Нареден ден организирал кафана, поканети беа сите од роднини до другари другарки, доктори, јас на видео разговор следев веселба. Број на гости како за мала свадба. Потоа ми праќале клипчиња ама сме заспале со синко. Преку ден, помини замини кај мене беше маж ми, се некој доаѓаше да не види. Од болница три месеци се журкавма со грчеви на смена со маж ми. Сум била на многу такви веделби и најискрено радување имало тогаш.
@CameliaMiller и мене ми пушташе тогаш мм видеа, уште ги чуваме. Многу ми беше мило искрено, воопшто не ми беше проблем што јас сум во болница. Најбитното беше се да е во ред. Дај Боже и сега да е се во ред, па нека слават колку сакаат, ама не дома овој пат и на отворено да се во ресторан. Тој ми е условот само
Да не те разочарувам ама тој процес може да се одолговлечи, па не знам која би била поентата да се слави да речеме после некој месец.. нели ако сакаш да правиш мекици де. Јас на пример дома не примав никој 3 месеци освен родителите, бебето ми цицаше на секој саат, имаше и грчеви, хормоните ми дивеа и јас бев како слон. Последно нешто што сакав беше да одам у кафана и да славам, си бев во некој bubble што сакав да си бидам со неа цело време. Најдобрата другарка правеше венчавка во црква 2 месеци откако се породив и јас бев старосватица и бидејќи беа во странство не можеа да одложат, а јас не можев новороденче да оставам на чување па го пратив маж ми и тој ги венчаваше. Единствена што ја знам што била на мекици е золва ми, ама кај неа беше друга прича се породи во 7 ми месец со близначиња и чекаа 3 месеци за да излезат од инкубатор ама и на неа ни е беше до славење се појави пола саат целата збунета и си ја дувна дома кај бебушите. Јас лично многу се радував на мекиците си имав и порачано декорации не го гледам тоа дека се слави без мене туку дека се слави за моето бебе, ми праќаа видеа сите и баш вечерта кога беше прославата ми надојде млеко. Маж ми беше со мене на породување и сабајле после мекици се нацрта во 6 сабајле за да ја види, вечерта секако немаше посети, не гледам зошто не би славеле.
Имам една другарка вели вака: Кога ќе си одам дома со бебето, ако сака до 40 дена нека не се прибира од по кафани. Дур сме со бебе на болница нема славење и точка. Апсолутно е во право.