Јас сум со царски. Бебе супер, јас супер. Цел ден го чекавме и мораше царски. Дојде, не виде, јас заспав. И да сакав не можеше да остане. И тоа што не виде е со јаки врски, други не ги пуштаат, ни таа привилегија ја имаат. Како што кажале, некои природно поминуваат полошо. Зошто во право?
Затоа што треба и мајката и бебето да се во добра состојба па да се слави Не би требало да славиш ако бебето ти е во инкубатор на пример, нели?
Мислам дека е непотребно да се коментира. Постои таков што ке слави ако бебето не е стабилно? Прашувам зошто да не се слави додека се мајката и бебето во болница? А се добри?
Затоа што не знаеш дали ќе останат добри. Еве и син ми добар беше на пород ама следниот ден заврши во инкубатор.
А што па мора одма да се слави? Нема да е крај на свет ако прославите по неколку месеци кога и мајката ќе е опоравена и бебето ќе е потпораснато. Па ќе може и мајкава да си прослави со нив Што е зорт ОДМА да се слави?
Адреналин тогаш дрма најјако. После плачки, цицало, не цицало, ждригнало, плачело, не спиело, грчеви имало... реалноста после доаѓа, адреналинот не дрма толку
Луѓе, поддршка на жената и почит спрема неа не се искажува ако мажот не почасте за раѓање на бебето, тогаш кога жената уште е во болница. Поддршка и почит се искажува кога ќе си дојдат дома и ќе се соочат и двајцата со тоа што имаат да се грижат за нивното дете и да се прилагодат на новата ситуација. Поддршка не се дава ако мажот спие во другата соба оти бебето плакало ноќеска, ако мажот не станува ноќеска и не се грижи за детето колку и жена му. Частењето е најмал проблем, она што следува е предизвикот и тука мажите треба да се покажат
Море само да сме живи и здрави со бебето па ако сака и два дена нека слави. На какви се глупости им се придава значење, се слави се и сешто, од џендер ривил, бејби шауери до не ти знам што и тоа на уште неродено дете, а прослава за здраво право дете ви смета. Па има ли поубав повод од прослава за раѓање на нов живот. Најубаво нешто кое треба да се слави. Поубаво од било кој друг повод што се слави и што сте славеле и ке славите. И не ви е за емотивна подршка и почит, туку до егото ви е. Нема да сте центар на случувањето и нема да може да се сликате со еден куп балони и мечки за на инстаграм. Каква подршка може да ви даде за тие неколку часа што нема да е со вас? Што ке ви смени и фали? Апсолутно ништо. Нити ке ми го треба, нити ке ми недостасува нешто. А и секако посетите се ограничени. Значи не е до тоа. Јас би се налутила да не слави, а среќна ке сум што ке ги собере најблиските наши.
Не знам шо се објаснувате уште? Никој не ви рече ни да славите, ни да не славите. Муабетов е ко да се расправаат деца: “која музика треба да се слуша?“ Не сме деца. Не не' интересираат банални работи. Ако сака некој/а да слави - нека слави. Ако сака некој/а да не слави -нека не слави. тоа е договор единствено меѓу двајцата партнери и нас не треба да не занима 'шо славеле другите?' Глејте си ја манџата.
А затоа ли не сакам да слави без мене. Да си направам инстаграм со време за да се сликам со мечињата и поклоните иначе пораѓајот не се случил. Мора тоа да се овековечи на социјална мрежа, да не заборавам случајно бебето кога се родило. Како си давате за право да коментирате и да претпоставувате, притоа никој вам не ве навреди, ниту пак ве напна зошто сакате само мажот да слави без вас. Коментирај на темата, ама не си давај за право да ме карактеризираш, без да ја знаеш вистинската причина зошто во тие моменти ми треба внимание и поддршка од најблиските. А на форум, за да докажам нешто, нема ни да навлагам во интима.
Абе луѓе може да се мајкава и бебето најокеј, да се со сите марифети згрижени во болница и пак е глупо татково да слави. Онака нема да му е шубе да јаде и пие, а неговиве во болница? Нема да ги мисли? Нема да му е тешко што не е со нив?
Јас бев како слон. Дебела и со млеко како крава. Раната ме болеше еден месец. Не поднесував парфем и дезадоранс не ставав, доев. Да сакаше да слави откако си дојдовме дома, немаше да слави 3 месеци. Јас да го нишкам синко по цели ноќи од грчеви а тој во кафана - не е реално.
Да се разведат @Bridget ај малку не пишувај, до утре на пример We are losing the game Не ѝ замерувајте на Бриџа, ваква е само кога не е наспана Ако пишеш овде дека си се породила, ние и мекици ќе ти направиме Нема сакам-нејќам, саде тетки сме тука, тоа ни е работа