1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Оф топик ама јас неможам да ги сфатам некои мајки, уште неродено бебето што се вика непрогледано го слика и одма споделување на сликата на фб. Па таткото си слави во кафана, мајката на фб :wasntme:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Да раѓаа мажите, јас ќе славев во кафана. :)

    И ќе частам, колку ми дозволуваат финансиите.
    Па уште потажно е да си сам дома тој ден/вечер или во ходник во болница, а да немаш со блиски луѓе околу тебе да ја споделиш радоста.
    Па што ќе прави дома сам човекот. :)
    Збориме ако е сѐ во најдобар ред.

    Ќе си прослави ќе си дојде утредента во болница пак. Радоста се доживува различно, а јас сакам да ја сподели. Ама јас, тоа ако некој не сака, тоа е друго.

    Едит: За мислењето погоре, тоа е потребата да се сподели. Таква вест е сите да се радуваат, ама извртената виртуелна перцепција не доведе до ова.
     
    На Meredit, BoaVista, Sky-butterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^^^
    Секогаш претпоставките се дека сите се такви, сељаци, балканци, ама мојот ќе биде бонбона. Ние како пар сме поразлични од другите и мојот ќе свири на виолина додека јас се пораѓам, а после тоа ќе ми чита шансони и нежно ќе ми шепоти за нашата иднина. Ах девојки, клише сте. Нека биде така, ама зошто сакате да верувате дека сите други се поинакви, полоши од вашиот партнер, полоши од вас како пар? Затоа што сте слушнале за две три лоши приказни па доволно ви е да си ја потврдите вашата посебност?
    Па уште и муви сме бркале, сме се правдале оти ни е тешко да признаеме дека во сељачки брак сме. И само затоа што решил да прослави.
     
    На senjorita-v, Heidi, baby-star и 5 други им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    ^Ова твоево на мене ли се однесуваше?
    Не дека треба на тебе да ти се објаснувам воопшто, ама не сакам маж ми тука некој сељак да го прави. ;)
    Не сме заедно од вчера, години се во прашање, доволно се докажал за да можам да му верувам на зборот, за да знам дека можам да имам доверба во него и дека нема да ме разочара. Знам за каков човек сум се омажила. Па и посебност уште. :rofl: Да, јас и маж ми сме посебни, а за нашата љубов само небото е граница, па може и таа ја поминуваме. 8)
    Да беа две-три приказни добро ќе беше, немаше ни да постои темава, ќе беа некои изолирани примери и никому ништо.
     
    На senjorita-v и Abeja им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^Не беше за тебе, за постот над твојот. Не реков јас за никој дека е сељак туку вашето површно мислење дека штом отишол во кафана сигурно е таков.
     
  6. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во целост се согласувам со мислењето на drugarka. Среќата е за да се сподели. Мене потажно би ми било ако таткото седи сам дома и гледа телевизија, а дете му се родило.
    Прочитав низ темава дека таткото требало да биде со мајката, макар и на телефон - не знам како е сега, ама јас кога сум се родила, мајка ми и татко ми само си мафтале преку прозор. Татко ми смеел да нѐ види нас две само за време на двочасовната посета. Мобилни тогаш немало, па не можеле ни да се чујат.
    Татко ми не тргнал да слави во кафана, прославил дома со најблиските. И да - се начукал :D Сите роднини ми имаат кажувано дека не знаел што да прави од среќа! Прво дете сум им на моите, не можеле некое време да имаат деца од здравствени причини, па кога сум се родила биле фешти :D Не му земам за зло на татко ми - ниту јас, ниту мајка ми. Се докажал овие дваесет и кусур години колку посветен татко е. Тоа што се напил дента кога сум се родила, не го прави сељак. Башка што таков бил и денот - 2ри мај. Од скара, на мекици :)
     
    На senjorita-v, Heidi, Bozica1980 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    636
    Постот над мене и јас сум на 2 мај и татκо ми таκа се има изρадувано κо твојот но јас сум втоρа ρадост негова а на мајκа ми пρва.(имам полубρат κоκ е постаρ 6 год и за κој животот κе си го дадам мајκа ми го има изρаснато κо свое дете мајκа му е почината на втоρ поρаѓај κога тој имал 3 год) Па да и за славење е заш да не маж ми κе го одпуштеа од ρаб κо се поρодив му се јавив и тој фитκа оф ρаб и пρаво во κафеана.Па заρем ние мајκите да не не дρжат во болница нема да пρославиме може не во κафеана ама дома сите κомшивκи и дρугаρκи κе ги собеρевме.Па најубавото нешто во животот е да си ρодител и споρед мене не е чудно,а ниту паκ неκому κе му наштети славењето за детенце.(добρо де κе наштети κе има мамулаκ сабајлето ама κе помини ама ρадоста κе тρае цел живот)
     
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    1. повеќето, но не и сите.
    3(второто). Далеку од тоа дека се правдам. Муабетот ми беше дека не сум директно поврзана со темава ни пак имам некој близок кој бил во некоја ситуација, па ете имам мислење кое го давам од гледајќи од страна и не бранам никој познат, а сепак е такво какво што е на страната на татковците што слават. Не сите кои пишале како мене се дирекно засегнати. Едноставно така си размислуваме.
     
  9. Kacjushka

    Kacjushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    273
    Допаѓања:
    170
    А не е темава за во Брак некаде? Зашто ако не е за во Бебе, за овде па ич, боде очи.
     
  10. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.147
    Па ја ќе бидам таа што ќе му повика свирачи на идниот ми маж :lol: Да се прослави како што треба. Сигурно нема да го обврзувам да седи со мене во болница или да виси на телефон. Нека прослави како што е редот со најблиските пријатели. Поарно во кафана отколку дома да прави неред.
    Сигурно он нема да отиде веднаш во моментот кога ќе се роди бебето. Ако жената се породи во 3 часот сабајле, кога ќе слави мажот? Или сабајле во 9 часот? Да не ќе оди уште рано, рано во кафана или да се пијанчи?
    Мене моите ми имаат кажувано дека првен татко ми бил кај кумовите и родителите на мајка ми, со алкохол, сок, благо. Со нив ја споделил убавата вест, па потоа се разбира на веселба со другарите.
     
    На imelda и artemidis им се допаѓа ова.
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Сеедно дали ми било?
    Ми било многу мило и дај Боже,се надевам и уште еднаш ќе ми биде.

    А,што треба да прави мажот кога жената е тазе породена?Да биде леонка заедно со неа?
    Сосема природна работа е да отиде во кафана да прослави со семејството и пријателите(секако во границите на пристојноста и нормалното).Би ме зачудило да не се прослави раѓање на дете.

    За мене конкретно ќе кажам.Кога се породив со првото,цело време беше со мене во болница,го држев за рака додека имав болки,се нервирав дека он е насмеан од 6-ка до 6-ка,а во исто време и исплашен,ме масираше по грбот...,во исчекување.
    После породувањето сите најблиски ми дојдоа во болница,го видоа бебето.
    Вечерта нормално мекици и се пропратно што оди со нив.И моите сите славеле и се веселе.Според некои од вас се примитивци.Пa прво дете и внуче се родило.Секако јас имав пренос во живо од прославата и јас се радував заедно со нив.Сабајле ми носеа мекици од претходната вечер.И за чудо,никој не дојде мамурен.

    Во тие моменти кога стануваш мајка,сеедно дали е првпат,втор или трет,не ти е ништо битно.Сакаш само да си со бебето,не можеш да му се изнагледаш,9 месеци било во тебе.


    И колку што разбирам,не е темава за шетање на мажот по кафани,додека жената се растргнува по дома со расплакани деца.Тоа е сосема друга тема и тоа не е за оправдување.

    А прослава е сосем нормална работа.

    Читам и не можам да се изначудам.Мажот треба да е до жената цело време,да се јавува дали е добра и да има постпородилни болки заедно со неа :^) ..Па нема ни да слави ако не е во ред нешто со жената или бебето.
    Цело ли време барате докази за љубов и посветеност?
     
    На Heidi, BoaVista, Skyfall и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Од некои постови да се исплаши човек и никад да не му текне да се мажи и дете да раѓа. Како сте ги претставиле татковциве фали уште да напишевте дека згора на се' и ќотек им удираат на жениве. Како во Иран да живееме, всушност ни таму не е така. Себични, сељаци, примитивци, пијаници, неодговорни... И тоа само зашто човекот отишол да прослави за раѓањето на сопственото дете. Не значи дека ако отишол да слави дека нема да и' се јави на жената. Се сеќавам стрина ми кога се породи, ние дома славевме, а чичко ми на секои 10 минути и' се јавуваше да не случајно и' треба нешто. Мислите дека ако таткото слави дека ја заборавил жена му или бебето? Многу површно некако ми размислувате.

    Сте отишле до една крајност што повеќе личи за личност која и онака во животот е таква, себична, иде по кафани секој ден, пие секој ден. Е за таков да кажете дека не му е гајле за жена му туку сопствениот кеиф си го тера и ова му е уште една причина за славење и да се направи дрво пијан. Ама во никој случај не може тоа да им се препише на сите татковици, зашто не се сите такви. Јас сум сигурна дека и најприбраниот човек, и најсовесниот и најгрижливиот и најодговорниот сопруг на таков ден ќе слави како никогаш и ќе испие повеќе од потребното. Па од утре пак ќе биде најдобриот сопруг и татко. Татковството не се покажува уште првата вечер, туку цел живот. Ако идеме по овие логики, зошто тогаш не им се лутите на вашите татковци кога отишле да слават за вашето раѓање? А знам дека 99% сите славеле. Ете, ги оставиле вашите мајки сами, лутете им се, како можеле така...

    И, не знам како вие си го имате тоа славење претставено во главата. Можеби сте виделе околу вас некои примери со недолично однесување па сте си направиле таква претстава во глава. Пример, чичко ми кога славеше се собравме сите најблиски роднини, пријатели и први комшии кои ни се премногу блиски, се јадеше, се пиеше, имаше гласна музика, сите беа насмеани и паѓаа зафрканции на сметка на новопечениот татко. Ете толку, немаше повраќање, немаше недолично однесување, немаше пијани до бесвест, не знам зошто кога ќе се спомне пиење одма сите на тоа помислувате, како да се собрала група тинејџери и се влечат по улици, нит па имаше пукање. Другиот ден сите и од машко и од женско што сме дома со мерак ги светнавме собите, направивме целосна генералка и подготвивме се' за доаѓањето на бебињата. Ете на такво славење мислам јас. Истото културно славење може да се направи и во кафана. И толку. Јас не знам со какви луѓе вие се дружите па што до толку сте го замразиле тоа славење, мора да сте виделе неколку примери па за да ви се одмили целиот чин. Според вашиве муабети очигледно не мислиме на исто, инаку нема да осудувате така како што осудувате.
     
    На senjorita-v, BoaVista, Skyfall и 4 други им се допаѓа ова.
  13. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала која е логиката зад овој обичај или тренд пред да почнат другарките мои да раѓаат деца. Денес целосно го оправдувам, секако во умерена форма, без повредени, прострелни рани или трајни последици.

    По породувањето жената освен да се изнаспие во болница - онолку колку и дозволуваат болките- нема што да прави (а да и да учи да го дои и повива). Сигурно нема да муабети со сопругот, ќе се чујат 2-3 пати на телефон и тоа е тоа. Другото време спие или чека да и го донесат бебето.

    Од друга страна станување татко, те тера да викаш најгасно на свет. Убаво е да се собереш со блиските, со родителите, со другарите. Ем нема да и ѕвонат на телефон на мајката за да ја прашуваат како поминала, па колкаво е бебето, како ќе се вика, на кого личи и се останато, туку ќе имаат информација од прва рака - мажот- портпарол и фотки.

    Дополнително, забавувањето до доцна во ноќта не значи пијанство, не значи дека нема изутрина да појде да ја земе од болница, дека нема да и се јави, не значи втора ергенска забава.

    А па и која е алтернативата, да ти дојдат дома? Да те чекаат да те видат после 40 дена? Да искочиш од болница и да се забавуваш со маж ти и бебето за да не се чувствуваш запоставено? Не контам....

    И конечно, мноогу убаво е да се јаде мекици вечерта кога слави, едно е што се вкусни, а друго е значењето на зајадувањето.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    Добро вие што сте толку против прославувањето зар никогаш не сте биле на прослава за новороденче? Никогаш ли не сте добиле во фамилија или во друштво бебенце или мислите дека е доволно тоа што сте честитале на facebook :^) . Епа нема поубаво славење од тоа да се слави за новороденче. Да ни се живи и здрави дечињата, сум славела како за мои во фамилија, така и за другари. Не можам да ви опишам кога го гледате таткото како се радува, колку е среќен, колку е горд што ете и тој сега е татко (посебно ако им е прво дете). Еве да ви кажам како јас сум славела со другари кога ќе добијат бебе, прво се бара отворена кафана ако е доцна, после се вртат телефони да се известат сите каде треба да дојдат, од сите страни се слушаат честитки, благослови за бебушот и се пие бре :beer: , ама не се прави сметка до над 10 000 ден, пак си се знаеме кој си сме и што сме и сигурно нема во таква ситуација да земам да се пијанчам со виски или со било кои скапи пијалоци :!: Битно е да се залее, да се провеселиме и после кафана најчесто заглавувавме кај мене (живеев сама) за да не се собираме кај таткото бидејќи нели се очекува да дојде бебето дома и да не правиме неред таму. Наутро кој е на работа оди дирекно на работа, таткото си иде во болница да и однесе на мајката се што и е потребно и да си го види бебето, и зависи од ситуација, наредната вечер може пак да се собереме за да се прераскажува претходната :D И ниту една мајка не се налутила за тоа што сега таа е во болница во болки, а маж и слави во кафана.
    Е сега јас сум таа што ќе бидам во болница, и уште сега ме зезаат како они ќе бидат во кафана и мене ми е тоа сосема нормално и природно. Па јас сопругот си го запознав на една таква прослава :inlove:
    Ќе слави, па има и што да слави, па не се добива дете секој ден или секој месец. Има време за се и да биде со нас и да прослави, е сега тоа што нема да спие па и не е нешто страшно, нема да му е прва непроспиена ноќ, а и после ќе си се наспие со бебушко дома заедно.
    и само ме интересира зошто секогаш во секоја тема се генерализира, мора сите што слават во кафана да се сељаци... и да не набројувам уште во сите теми е исто
     
    На Skyfall, duffi и anggell им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.018
    Еве јас скоро се породив, добро де пред неколку месеци, ама се смета за тазе :) .
    Маж ми со другарите, и некои роднини, славеше во ресторан-пицерија. Не беше кафана ете, туку еден од подобрите ресторани, со музика во живо, петок беше знам, се пиело, се пеало се до сабајле. Потоа продолжиле во диско. Човекот беше пресреќен, се пијанчеше, ете колку и да ви звучи сељачки, ама од среќа. Беше пресреќен и си прослави со најблиските. И воопшто не се почуствував запоставено, ниту пак ми пречеше тоа што ете јас лежев во болница со болки, а тој се пијанчи. Напротив бев среќна што слави.
    Јас се породив царски, и имав болки и послето, иако тој прослави после два дена, сепак сеуште бев во болница и едвај станував, сепак ми беше мило што е среќен и што слави.
    Инаку во државните болници мажите ги пуштаат кратко, не седи во соба по цел ден. Таман работа, па во собата има штотуку породени жени, уште маж фали.
    Јас незнам како го замислувате породувањето, но се знае бебето и мајката првите денови се во болница, а мажот ете нека слави. Немате никаква потреба од него. Он ќе ви треба за дома.
    Сешто прочитав на Фемина, ама дека и прославата за новороденче ви е сељачка и непотребна, е тоа не го очекував. Па раѓање на бебе е поголема работа од свадба, а за савадба се трошат илјади евра, за бебе едвај стотина, а може и многу помалку, зависи од кафаната и градот.
    Остајте ги мажите нека прослават и нека се напијат, па дете имаат, не е мала работа.
     
    На senjorita-v, Lacrimosa, drugarka и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Многу сте интересни со прогресивните размислувања на оваа тема, а во темите „секс со женет маж“ очи ќе им ископате на курвичките. :)

    Како и да е... ги читам мислењата на многу од вас и ме чуди ставот кој генерално би го опишал како „слободно нека оди да се забавува додека јас лежам во кревет“.

    Факт е, односно правило е, после породувањето мажот да оди во кафана со пријатели и роднини, а сите сакаат да живеат по некоја шема, по систем кој друг ќе им каже каков треба да биде, затоа и повеќето од вас не нè разбираат нас кои викаме дека раѓањето на детето е чин во кој двајцата родители треба да учествуваат подеднакво.

    Сега, да не бидам јас поголема феминистка од феминистките, ама за мене лично, апсолутно е нелогично одењето во кафана, во пицерија, гранапче, луна парк или рибарница за да се прослави за роденото дете од едноставна причина што не гледам што МАЖОТ слави?! :tmi: Се слави успех, се слави победа, не се слави фактот дека си се родил како маж и си свршил во неа. Тоа е физичка предиспозиција која довела до неизбежен факт, не е нешто за кое мажот се потрудил.

    И, секако, да не го заборавиме фактот наречен секојдневие. Не ми се правете сите Австријци и да ми кажувате дека вашите мажи се како оној на Бриџит, свират на виолина и читаат шансони. Дури и на сите да ви се мажите такви „австриизирани“, со брада, долга коса и вештачки трепки, надвор од форумов врие од лопатари со златни ланци и розеви кошули низ кои им се гледа пупачето зашто стомакот веќе ниедна кошула не може да им го задржи. Се пие и тоа како се пие. Се пее и тоа од Стоја па по накај сељачкото. Се свињосуваат.
    Се свињосуваат во кафани, на работа, по улици, секаде.

    А ако ви се малку од малку па Австријци мажите, тогаш и тие знаеме сите како прославуваат. Елегантно, во Златно Грне или Два Елена или некое слично кафанче со две имиња кое за малце ќе било „Два брата“ во село Боговиње. Ракиичка со надеж на жените дека мажите нема да се ќутукосаат зашто си знаат понекогаш, со два тона пудра и четири тона шминка на тетките, со свадбарски дрес код и ако дојдеш со фармерчиња тогаш си „кај го нашол овој за другар бе“.

    Можам да одам во недоглед со клишеата. Битно е дека настанот е тотално непотребен од причини што е клише, ако ништо друго. Исто како што е клише девојчаката вечер да е во знакот на торти ку*ови, како што на свадбата мора да се одигра првиот валцер, како што е орото и пајдушкото кои се задолжителни, како што има милион ситници кои се таму само затоа што... хм... па сите го прават тоа.

    Непотребен е и зашто нема мажот за што да слави, реков, не постигнал тој успех, успех постигнала жената што преживеала, најмала почит што може да ја покаже тој во моментот е да отспие и самиот за следните предизвици понатаму. А и да заштеди некој денар за пелени, не мора све да се испие и изеде.
     
    На split96, Jordanovska-K, vichy и 5 други им се допаѓа ова.
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Не можам да разберам како тоа мажот нема што да слави! Секако дека има! Има што да слави и семејството. Слави за тоа што сопругата му е добра по породувањето, слави што има нов член, дедото слави дека е дедо, бабата- баба и секој од тие 30 луѓе дојдени на мекици има што да слават.

    Демек сите у печатница по една диплома да и испечат на намаченава што дете родила? Раѓањето на детето треба да помине незабележано? Без музика и добро расположение? Треба дома сите да седат и да размислуваат како да и помогнат на жената која едвај чека да го види малото и баш и не и е гајле кој тоа дошол на мекици. Треба после 40 - 60 - 80 дена жената да го остави малото дома и да оди да слави (дека нели заедно се правиме)?


    Дополнително, апсолутно не се согласувам со мислењето дека мажот треба да присуствува на породувањето, па оттука апсолутно не се согласувам дека жената треба да присуствува на мекиците или забавата во чест на новиот член на семејството.
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.172
    Допаѓања:
    235.018
    Имаш дете и жена?
    Ниеден успех, победа не се мери со раѓањето на бебе.
    И од тоа поголема причина не постои.
    Сум имала доста успеси, победи, ама ниту една не ми била толку драга како раѓањето на дете. Не се ни споредува.
    Останатиот дел од постот не ти го ни коментирам.
     
    На anggell и bittersweet им се допаѓа ова.
  19. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    ^^^Мојот сопруг не е австриец, австралијанец е, уствари пола италијан, пола француз ама го научија моиве дека за дете кога ќе се роди (а богами и се измеѓу) треба да се пиеееееее а тек за син еееееееееххххххххеееејјјјјј :rofl:

    Сопругот мој си беше присутен на породувањето, првиот пат мислам беше поисцрпен и од мене :lol: ама дека сабајлето рано се породив, моиве попладнето си го однесоа во кафеана на пиење, другиот ден за мекици ми вика леле пак ќе треба да се пие??? :D

    Со вториот син исто си беше присутен на породувањето, поминаа прегледите и за мене и за малиот, поминаа посетите, се појавуваат брат ми и татко ми и сопругот ми вика:
    Сега е време за пиење, така???? :rofl:
    Абе го научија и да ја пее: Син ми се родил, татко се сторив :rofl: :rofl:

    Како и да е кој како сака така нека си прави, сопругот и те како има што да прославува, станал татко, не е ништо подолу од мајката, само затоа што не го родил бебето не значи дека не е на еднакво рамниште со жената, колку таа мајка, толку тој татко...50/50. :lol:

    Инаку мојот сопруг пред некој ден ми вика дека ако сега родам ќерка, ќе пиел 3 дена и 3 ноќи од радост 8)
     
    На senjorita-v, Umbrella22, drugarka и 8 други им се допаѓа ова.
  20. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.201
    Пол:
    Женски
    Леле што се нема да прочиташ... и тоа од луѓе кои немаат ни И од искуство на оваа тема. Ако раѓањето на еден живот, плод на љубовта со партнерот, продолжение на твоето потомство не е успех, тогаш што е успех м?
    И подобро да пие мојот маж,да се весели, па макар и да ја слуша Стоја, да носи розеви кошули и златни ланци,тоа е одраз на неговата машкост, а не дремењето по женски форуми, и оцрнувањето на ВИСТИНСКИТЕ мажи.
    Сите споменати работи погоре, се нарекуваат ОБИЧАИ, и ако не знаеме, тие се одлика на еден народ, ако не постои ова, ако не постои она, тоагаш зошто воопшто постоиме и ние?
    Не знам од кога почитта се искажува со тоа што сопругот ќе отспие(како демек да е тој исцрпениот) и ако не преспие нема да биде спремен за деновите што го очекуваат. Ех, бе другарче, ако не бил свесен, тој немало ни да го прави тоа бебе.
    Нејсе, се изреволтирав, а не го кажав моето мислење во однос на темава. Огромен е чинот да се стане татко, кажувам од она што го гледам, а неговото чувство сигурно е далеку поогромно од моите гледања. Оправдувам славење интимно со пријатели дома или приватна кафана, неколку дена после раѓањето на бебето, што викаат стари да ги отвори очите прво па нека се слави цела недела после.
     
    На Skyfall и duffi им се допаѓа ова.