Мажот и други роднини ако се веселат 6 часа, ако редат ракии и кинат кошули, жената нема да добие поддршка за понатаму. Грчеви, заби, температури, јадело не јадело, проодува подоцна, не збори, во градинка не оди, тоа не е битно. Битно е да не се журка додека жената и онака спие.
Не е глупо да слави дека добил дете. Глупо е паметот да му е во славење и веселење дур жена му не знае главата каде ѝ е. За сѐ си има соодветно време.
Кога е соодветно време,можеби за полуматура? Дека се раѓа бебе,цица не цица,грчеви,заби,скокови,тантруми,настинки.Дур кренеш глава и се освестиш детето станало три години.
колку трагично го замислувате престојот во болница леле леле.Јас со царски се породив.4 дена се утепав од филмови гледање и кафе пиење во собата .
Кога е по тебе тоа време? Кога мајката би била спремна да седи со гости и бебче? По три месеци, шест? Може баби и дедовци сакаат да се израдуваат, ќе чекаат и они да добијат амин?? Глупости.
Маж ми кога славеше јас си одмарав и спиев во болницата, а бебето не беше со мене. Далеку од тоа дека не сум знајала главата кај ми е. Таму во болницата имаш сестри и доктори кои се стручни и можат многу да ти помогнат. Главата нема да знаеш кај ти е кога ќе си дојдеш дома и ќе соочеш со тоа што ве снашло.
А каква поддршка добивам или не добивам ако е тој задутре на работа да речеме? Каква емотивна поддршка е ако не се прослави, не разбирам стварно. Ние значи го промашивме моментот. Се супер, тој со мене на пораѓај, по пораѓај, другиот ден си замина дома, апсолутно сеедно дали славел или не славел. Уствари до денес ми е криво оти не прослави (така испадна некој комплициран сплет на околности), оти има еден убав спомен помалку за памтење. Да, еуфоријата после спласнува, и да со дете дома влеговме во вртлог кој не не пушти да здивнеме неколку години. Е ај сега ако не да прославиме, и така ни е пропуштено и сите сме спремни
Јас уште не знам кај ми е главата, а големи се Сега да можам, ќе родам уште едно да одморам малку во болница
Леле баш во болница кога се пораѓав најмногу одморив овие 5 години. Други се грижат за бебето, го пресоблекуваат,бањаат,му даваат дохрана. Ти си спиеш,мака немаш
Леле луѓе не разбирам стварно...дури сум во болница да не славел. Па ако сум во болница не сум на клање ,раѓам дете...нека слави и нека прославува човекот....апсолутно не значи дека не ми дава поддршка. Напротив...
Бидејќи немаше опција маж ми да е со мене на пораѓај и со нас после пораѓај, сеедно ми беше дали ќе слави или не, буквално ништо не ми мењаше на мене што он прави, ионака никако не можеше да ми помогне. Се слушавме 24/7 во денот, постојано знаеше како сме. Од мене имаше зелено светло за прослава, си викнал 30ина најблиски дома на мекици. Мене лично не ми се допаѓаат огромнине собиранки по кафани, зошто за мене пораѓајот е премногу интимен настан, не гледам разумна причина да ги викаш сите можни колеги и комшии и познаници у кафана на частење.
И после ќе ни викаат шо е тешко раѓање, топ ви било. Значи сам себе утепал Нема врска ова шо пишуваме, тешко е на пораѓај, болки, сечење, лепење, монтирање. Ние сме сепак жени мајки кралици. И ве молам кога ќе се жалиме дека не е лесно да раѓаш, да не ни ги вадите мислењава од нафталин, поточно од темава Маж ми да ме прочита тука, веќе не ми важи она: јас ги раѓав, а ти шо праеше?
Мене во болница сите од прославата да ми дојдеа, 80 се собраа плус минус, ништо немаше да ми смени. Синко цица и спие, јас спијам. Најнапорно ми беше да се пресоблекувам, млеко течеше, по 3-4 пати менував спаваќи.
А каква разлика ако прослави со сите рецимо по неколку месеци? И мајката со него Сериозно прашувам. Ко боже сачувај, морало да се прослави одма чим ѝ се отвори дундата или стомакот на жената. Мене да ми рече еј славевме, а јас уште името не си го памтам, е вратата од онаа страна ќе ја затвори. Ваљда пошто очекувам ако ме сака да грицка нокти и да се поти од стрес за мене, да не може да јаде на раат дур сум таму, не да оди да јаде и пие со другари.
Нека пати ѓубрето Сѐ дури не слави со ставање илјадарки во танги на стриптизерки, мислам дека е ок една пијачка да испие.
Не знам бе, јас ко ќе положев испит, вечерта славев не по 2 недели Шо знам од кај иде потребата да прославиш нешто, да ја мултиплицираш или споделиш радоста...