А кој вели дека не излегувам и со другарки и дека таткото не ја чува, но доенче што цица на саат не можеш да го оставиш на таткото. Кога беше толку мало идевме заедно на кафе со бебе, не бев во можност да ја оставам ниту па сакав. Идентитетот не го губиш, ама не си веќе истата личност. Споредуваш баба и жаби затоа не гледам поента да се докажува, крштевањето е чин за семејството и можеш да си одбереш кога ќе го направиш и секако дека не би го направила без да сум присутна, мене тој период на бебе ми беше таков што не ни сакав да се одделам од неа.
Pa dobro, i proslavata za ragjanjeto e chin za semejstvoto i ne bi sakala da se slavi bez mene. Mi doagja kako: bitna e dur e trudna, otkako ke se porodi e nebitna, pa da se proslavi bez nea e sosema normalno. Nosenje mekici, da, ama chastenje po kafani dodeka jas sum ushte vo bolnica ne.
Тој ако сака кој стигне нека почасти на начин него што му одговара и го весели. Јас лично и да не сум нај, нај по пораѓај, мислам нај, нај од аспект се да сум во ред, ама ете не се осеќам нешто најдобро не би му кажала одма да не се потресува. Иако во нашиот случај и а да не изустам на видување тој и пред мене се најдобро ќе знае до каде сме со бебуш и каква е реалната ситуација и нашата здравствена состојба. Луѓе остајте народ да се радува на начин на кои нив им одговара и како нив лично им прилега. Да му забранам да прослави додека сум во болница или суптилно да му кажам не сакам јас да се мачам по породувањето а ти да се веселиш ќе се каам додека сум жива за тоа, ако него тоа му ја весели душата.
Ондак врв на сакањето би било да не ти прави бебе. Тогаш ништо не би требало ти да правиш ниту тој мнофу да се потресува. Не е без осет ако излези со Трајче дур те боли стомак затоа што и да не излези нема како да ти помогни. Може да ти купи влошки, да ти подаде апче и шише со топла вода... Точно, привилегирани се ама не се тие криви.
Ако не плаче покрај кревет кога те боли стомак, мислам треба да се разведеш. Тој човек не знае љубов што е. Мислам, јас за себе викам лигла, ама некои мислења... некс левел.
Го ставивте раѓање на нов живот на ниво на болести и умирачки. Како ви текнува не знам. Колку е себично да не дозволеш да се славе нов живот. Немам коментар
Абе што се карате без потреба. Се е ствар на договор. Ретко некој да не почастил мекици дента кога се родило детето,е има исклучоци. Мене не би ми пречело. Напротив убаво би било,и двете опции се убави. И јас да присуствувам и да не присуствувам значи комплетно ствар на договор.
Според традицијата во минатото, мајката не требало да присуствува на крштевката. И така и било, мајката дома седела, кумот и го враќал дома детето и ѝ го кажувал името што му го дал. Не смееле да се бунат, традиција било тоа. И нормално дека боли, затоа и го сменивме тоа, си правиме крштевка сите заедно, и сами си одлучуваме како ќе се вика бебето. Ама ова со мекициве, дека не било во ред мажот да прослави со најблиските после породувањето ако е сѐ во ред со мајката и бебето, мене ми е чудно, исто како што ми е чудно мајката да не присуствува на крштевката и да не знае како ќе биде крстено бебето. Секако мм не можеше да седи до мене цело време, во државниве болници нема услови за тоа. За приватно не можам да зборам. Ама и да беше во болница, да беше постојано со мене и бебето (што јас лично сметам дека е супер и би сакала да можеше мм да седи со мене во болница додека лежев после породувањето и со двајцата), не можеше многу да направи во однос на болките и било што друго. Морална поддршка ок, самото присуство помага, ќе ти помогне да станеш, да подаде бебе, да го земе, да го нишка ако треба, се тоа супер, ама ете, немаше услови. Мене лично ми беше многу тешко во болница, особено со првото, иако со второто ми беше потешко опоравувањето. Многу ќе ми значеше да беше таму, ама ете, не беа дозволени посети за второво, за првото доаѓаше постојано. Ама ако не прослави, ќе мислам дека не му значиме ни јас ни бебето, дека не се радува што станал татко. Ако ме чекаше мене за мекици, ќе се начекаше, никогаш немаше да ги правиме. Поентата на мекици е да се даваат за новороденче, а тоа после месец и пол не е веќе новороденче.
Што ќе добиев јас ако маж ми не славеше. Веќе разграничивме, исти болки ќе имав, во болница пак сама ќе бев, немаше да ми се ублажи состојбата ама баш никако. Ќе се прашував само што е проблемот? Зошто не слави ? Не се радува? Ќутук ли е некој бе ? Нема со кого да прослави ? За грижа, знаев дека се грижи за мене ми се јавуваше, по доктори ѕвонеше, триста пати ме праша како сакам да се вика детето. Непочит ? Не би рекла. Тоа што се веселел додека сум со болки не ми е непочит. Непочит ќе беше кога бевме дома да излезеше негде да шета јас да се мачам сама со бебе. Кога бев во болница не ми го даваа бебето. А вие што добивате кога не слават вашите сопрузи и другите блиски ? Ви се билда егото само. Очигледно не сакате да се весели некој без вас, не заради тоа што сте во болница со болки и не знам што. Туку зошто без вас, жени мајки кралици. Да и јас се чувствувам како жена мајка кралица, и тоа сме, и баш за тоа треба да прослават со сите нишани. Оти деца штркот не носи, некој се мачел, пример татко ми кога прослави душата ми се стопли, го гледав тоа како позитивна работа. Ако не прославеше ќе се јадев сама себе дали татко ми беше среќен што станал дедо ? Може млад се мисли за внуци ? Татко ми за МЕНЕ славеше за мене и за внукот негов кој уште го немаше видено ! Славеше за неговата нова титула ДЕДО ! Јас го направив дедо, јас родив внук. На сите блиски сакаше да им соопшти и да ги почасти, да сподели радост ! Свекорот и свекрвата пример не прославија, мекици носеле по комшии(оти така е адетот). Знаете зошто? Немале со кого да слават, понижување им било да се јават тие на татко ми и заедно да слават. А не ме сакаат ниту ме почитуваат па тоа што не славеле да го гледам како солидарност или од почит кон мене. Они се радуваа само за внукот и лобираа за име. Јас небитна. Па немаше прослава.Да се породеше ќерката нивна се ќе кренеа во воздух, ама за мене не. Значи пак доаѓаме до моментот не го слават само бебето туку и мајката. Кога маж ми сфати што е уствари царски рез, кога ме виде само на 2 минути во каква состојба сум ми даде цела слобода име да изберам. Откако се породив, дојде неколку пати, се молеше да влезе, ми донесе лекови. Да напоменам, плачев многу и психички паднав, правеше што правеше на третиот ден ме извади од болница за да не се уништам целосно. Кажете друга родилка со царски рез која си отишла од болница за неполни три дена. Ама не он прославил без мене и според вас покажал дека курот го боли за мене. Аха важи. Јас дома способна не бев за ништо, он чистеше, креваше дете, зеде одмор од работа и секоја вечер го успиваше и спиеше со детето а јас одев сама во спална да спијам. Тоа ништо не се важи, прославата ќе му ја спомнувам додека е жив, оти мене егото ми се повредило зошто не сум била таму.
За крштевката или за првиот роденден ќе го прослават заедно и раѓањето? "Рецимо" Само нека спомнат дека и за тоа слават, да се знае. Многу ама многу сте смешни. Сфаќам различни мислења, желби, ама за да се долови поента се замина во крајност со менструација секс со друга, чудно ептен. Ама тоа е во вашата глава. Симболот на прославување два дена по раѓањето е момент за тогаш. Стана бесмислено да докажуваме очигледни нешта. Искористивте збор себичност ако се славело (и тоа е индивидуално како го разбирате славењето), а да се навредите или пак уште поекстремно да забраните да ви почести сопругот, тоа не е себичност? Како ќе им забраните на бабите и дедовците да се соберат за новото внуче? Вие ќе диктирате од болницата? Ќе ги навредите и налутите. А , да, мажот ќе ве почека, тие нека се почестат, па кога ќе излезете со бебето, пак уште еднаш ама сега туто комплето со мажето. Битно тоа не се веселело, битно со мајката се солидализирало и можда има стенкано и тоа кутрото или кутрото ноктите ги изгризало од болка. Патетики кои само женски ум може да ги смисли. Реков нема да велам ама ќе речам: родите па ќе видите. Напразно вака ко воденица џабе е сѐ, се гледа патетичноста и огромно его кај некои жени. Патем, местата кајшто се пораѓаат жените се викаат не болници, ами родилишта. Жената не е болна, скраја, како што опишавте со изрази лежи во кревет во болки офкала, божем ова 15ти век во штала се породила, немаат никакво средство за смирување болки, бебето шансите му се 50 50 пошо среден век. Треба да ги рзграничите нештата, не да ги замрсите ради некои внатрешни чувства што ви се ствараат. Себично е да се забрани во тој момент радоста која најчесто се изразува со честење дали дома дали во ресторан, работа на избор. Ма јас би и огномети да пукаат, за таков настан. Па уште некој кога чека со години, пих, оди забрани му.
Ии како ти текна со огнометиве. За мене немаше огномети Жалосно е стварно, его е во прашање и ништо друго. Себичност е и да чмае мажот дома, а да сака да слави. Ама кој го ебе, он само го правел детето нека чмае и нокти нека гризе, јас круна да нарачам како на Хурем Султан и да седам во болница пак со сите болки и трауми, ама битно никој не смее да слави, тој што слави ќе биде себичен. На татко ми близок пријател една година потоа стана дедо. Ни прослава ни ништо. Го прашале зошто? На сите викал абе корона е, се плашиме, ама на татко ми му кажал, што ќе славам, син ми жена нашол ороспија, ни ја донесе бремена. После имаше други што не славеа за ќерка, не било за славење, среќни биле за внуче, ама ќерка им многу млада и рано се омажила. Па од тука заклучете кој не слави, тој што нема со кого и тој што би се радувал повеќе да биле други услови. Не сакам да спомнам случај во една фамилија познаници, ама ајде ќе спомнам, им честитам внука, прашувам каква е атмосферата, викат нема атмосфера, сакавме машко внуче, тогаш и со пиштоли ќе пукавме, сеа доста е со една пијачка дома.
Во други теми баш ви е гајле за дечкото, а овде он не треба ни да јаде и живее кога ќе родите. Мислам, се познава себичноста од месечина
Најблиска фамилија да си се соберат по дома е едно. Јадење и пиење ко свињи во кафана е друго. Првото ми е океј, второто не. И инаку за поназад што ме праша некој споредив со менструација оти и тоа не е болест и е нормална работа ама крајно безобразно е да те остави да се виткаш во болки оти нема како да ги помогне. Епа ја не знам и блиски коа не се арни зашо ги посетуваме или ги прашуваме како си, нема побрзо да оздрават ако ги видиме или прашаме.
Не сум прочитала каква била традицијата за крштевка, ама добро е човек да научи, во минатото како се одвивале адетите. Бидејќи никој не се најде доблесен да пишува за тоа како настанала традицијата со мекици, еве јас ќе споделам. https://gotvi.mk/2016/08/02/zosto-se-pravat-mekici-i-zosto-majkite-ne-se-prisutni/ И ние со текот на времето сме ја модернизирале со кафани и ресторани, но и само мажот да биде присутен. Кога веќе ни вие, ниту пак јас, се водиме по вистинската традиција, зошто па моето да е погрешно, а вашето најточно? И двете се погрешни. И да се направат мекици по еден месец, ако никој не сака да дојде и да се радува, налет такви роднини и пријатели. Да додадам, славењето, не е само за бебето. Јас каде што имам присуствувано, напишав и претходно, кај најблиските си седев дома со мајката. Се радував за бебето, но се радував и за мајката. Не ми вредеше да одам во кафана, си седев со неа и си правевме наша мини забава во домашни услови. Дали си поминав убаво, поубаво него да отидев во кафаната. Не е степен на радост славење во кафана, на тоа алудирам. Да речеме, оние што немаат доволно финансии, зарем ќе имаат да плаќаат за во кафана? Дали и тие не се радуваат. Битно е да се одбележи, да се направат мекици, може и домашни, да се подели на роднини. За време на пандемијата, со коли разнесуваа. Не се радуваа? Сакам да кажам, секој на свој начин се радува. Секоја фамилија за себе и своите размислувања. Не е во ред да се наметнува нешто како фиксно правило, а во суштина правилото одамна и не се почитува од никого.
Океј, ама овде не збориме дека сте нежни што ве боли после, дека пороѓајот е лесен итн, туку баш напротив. Баш дека е тежок чин ги мислам тие работи. И да родам утре и да дознаам дека к го болело како јас се осеќам.... Може истовремено да се радува за бебето и припотресува за мене. И ако мааалце му е гајле, нема да викне кој стигне. Внук кога ми се роди од братучед, истата вечер се викнаа гости во домот, бев и јас присутна. Па мезење, па пиење па некои адети таму карактеристични за тој крај. Тогаш дете бев и не гледав ништо погрешно, баш интересно ми беше мене и на другите таму. Ама сега да бидне пак нема да ми е сеедно да отидам и да ги гледам како се журкаат дур појма немаат мајката како е.
Овие бебе од месец дена планираат во кафана да го однесат со 60 души со музика со сФе. Новороденче. Во кафана. Куку нонен.
Не новороенче, лол, не знам кој спомна така. Бебе од неколку месеци, макар и година. И не знам кој мрднат собира 60 души за било каков повод освен свадба. 10тина најблиски