А тогаш мајката присутна е или не мора оти и тогаш на бебето му се слави роденден, не на неа.., шојма мајката да слави?
Како бе појма немат како е мајката. Во кој свет живееш. Прво се осигурат дека е добро се па се веселат. Уствари што објаснувам на некоја што кур ја боле за дечкото и мисле сите се такви Ако веселењето значи непочит, нека ти биде така
А кај ти одма на оро,прво говор да се исчита во чест на мајка кралица,со снимки,докази,се..Не за џабе се раѓало Од вчера сум на два памета,дали овој мојов ме почитува или не.За првото прослави во кафана,за второто се договоривме не ама блиските го наговориле да прави.Значи он мене не ме почитува под присила.
А шо бара жена на ергенска ? Или маж на моминска ? Исто и ова де. Они слават први, после никој не ѝ брани на мајката да собере другарки и да прослави како сака, каде сака.
Мојов кога имаше здравствен проблем (не е битно каков и дали лежел) одбив да излегувам со другарки тој период пошто стварно неќев да изгледам скисната пред нив оти со сила да се смешкам не можам. И језда моето неизлгување не му помогна ништо ама замисли он се мачи дома со болки, ја си се журкам негде. Не беше опасно ништо, ама ете беше тешко за него. Истото од него го очекувам, за било каква работа каде јас не можам на нозе да стојам, сеедно пороѓај или друго.
Ја му дадов 100 е и го пуштив само да прослави со другарите. Дај бе жени недела лабаво,испијте кафенце и уживајте
Ама види. Не е исто. Кога ќе се породиш ќе сфатиш дека најсреќен ден ти е тој. Спречена си да славиш, ама се усреќуваат и други. Зошто и нив да ги спречиш? Имаш ли слушнато мајка да вели денот кога се породив ми беше несреќен ? Ќе видиш, не е само болки, крв и маки.
Камен во бубрег? Боли ко пораѓај, дури го вадиш исто ко да си родил, ама пак не е бебе. Значи ако не родил, скроз друга ситуација.
Присутна е оти е роденден, поминала цела година од пород. Кога се слават мекици не може да е присутна по законот на физиката нели јер е во родилиште. А мекици се прават за новороденче. Различна прослава е не може заедно да се слави.
Мене па чудно би ми било да ни го родам детето, а он да не сака да прослави. Као, кур да го боли што дете ни се родило. Да не сака да го прослави тоа на денот на неговото раѓање.
Не е битно, не сакам да изнесувам инфо. Поентата е моето неизлегување не му помогна. Ама јас не бев во стање да се смеам.
Па не е смешно да е човек болен и да се опоравува. Ама жена да роди е голема работа. Иако скоро сите раѓаат, секое бебе на секоја фамилија носи радост ! И радоста треба да се прослави.
Знам, те сфатив. Ама јас ти кажувам дека и јас да се виткам дома од болки, он нема да слави, ни дома, ни во кафана, а притоа сум болна. И башка, што нема повод за славење кога е некој болен. Правиме муабет за нов живот, здрави, прави мајка и бебе.
Ќе се смее, ама да мисли на јадење нема. Бебето од небо не паднало, јас сум го родила. И без мене нека слави и после тоа, све што сака
@Munchmallow20 а ако прослави и почасти најблиски што му се родило дете, значи дека к го боли за тебе? Зошто бе вака размислувате и си го комплицирате животот. Толку млади, а огорчени на се. После мажите не чинеле.