Реков јас за роденден. Ајде да се почестиме со мекици дека пред година дена нѝ се роди внучето и после ќе дуваме свеќички. Шодае
А слушај, мене на кислород ме ставија кога се пораѓав. Ти кажувам унапред. И он да се спреми кажи му не смее да диши, или дома спреми една боца кислород за него да дише и он така да не испадне он слободно дише, а ти се мачиш на кислород во болница.
Ако му се слави, нека слави, мене најважно ќе ми е само се' да е во ред, и со мене и со малото (и нему исто, се разбира). Знаејќи каков тип е, не би рекла дека ќе оди да части по кафани после пораѓајот, би почастил само на обично излегување во кафич со по некој пријател, било кој ден после тоа, но и ако се случи ете да реши да ги собере сите и да прослави во кафана, не би ми пречело мене.
Ама и дома може да има јака веселба. Пази шо ќе нарачаш. Со музики со пиење ехеее до сабајле. После на отчет кој колку се веселеше дури јас си го местев бебето на дојка. Цццц требаше таткото да ми го намести бебето, а не сестрата. Во кафана ако сакаат гозби пфф нивно право, нивна радост. Нема да ми пречи.
Душо, лекција број 1. Кога некој е болен е тага, кога некој ќе се роди е најголема радост, за сите на кои тоа новороденче нешто им значи. Е сега новороденчето нема појма, мислам да го почекаме до 18 да каже дали смееме или не смееме да го прославиме неговото раѓање, м? Оно не било ни прашано дали сака да се роди, кое ниво на безосетност е тоа
Eве внуков кога се роди што кажав поназад, прославата беше дома кај нив. Со музики со куп јадења, уште истата вечер. И имаше едно 20 гости можда. И тогаш ми беше интересно оти ова одамна беше. Сега ќе ми е ептен кичерај.
На темава уште еднаш: таков е менталитетот и тие што мислат различно се интроверти, не се радуваат на ништо, немаат појма од живот итн. Уствари ете не им прија тој менталитет можда и не се пронаоѓаат во опа/иха (не мора да е буквално) во се. Во таква мала држава/средина тој што се разликува од толпата е фрик и не е со сите и нема право мислењето да го каже гласно, зошто следуваат после кратко време ниски удари. И ако не се соберат ху луѓе кога се роди дете не значи дека некој помалку се радува од тој што ќе собере 100 души и ќе се јаде и пие три дена, ни пак дека е интроверт и нема друштво, испоскаран е со роднини итн., туку има едноставно др. приоритети и радоста ја искажува на др. начин. Инаку овие што не живеат на балкан и не прославуваат како таму се интроверти, немаат фамилија, друштво сите комплет! А замисли притоа живеат во држави каде се сметаат за среќни, а не каде владее колективна депресија.
Ние сме од Охрид,јас се породив во Битола,во тие 4 дена мм ни во Битола не дојде,ме остави првиот ден чао пријатно и дојде кога излегувавме од болница,Корона време забранети беа посети. Јас се изнаодморив,тие скромно дома прославија,а мене ми беше криво што не направи поголема забава,како може да ми смета славење за раѓање на нашето бебе,пресреќна би била. Невкусно е да слават дома и да си дојдам во хаос или во кафана како што е темава таму мортус пијан да се влечка,зошто и такви работи има,сум видела.
Па секој си бира како ќе си прослави.Наш комшија си собра огромно друштво каде што ечеше техно музика со диџеи со огномет.
Која од нас што имаме родено кажавме дека е непочит што мажот славел кога сме родиле? Никоја. Тоа само тие што не родиле го кажуват. И да некои работи се кажуваат кога ќе се искусат. Факт е тоа
Во ред. Кој сака да прослави, кој не сака не мора. Ама проблемот е што жени забрануваат на мажи и блиски славење за убав повод. Некои не забрануваат ама им набиваат чувство на вина со тие изјави. Не е мој проблем, не ми забранија мене. Ама причината е банална, егото да не им се повреди.
Како вие македонците прославувате во неБалкан земја? Фамилиите ви се далеку, мекици не верувам да прават во ресторани. Како вие од неБалкан земја се радувате на доаѓањето на бебето? Навистина ме интересира.
Многу либералност не е на добро. Ко јатрва моја, не ѝ било битно да се крштева бебето, да го почекала да порасне самиот да каже дали сака да биде крстен. (Да се крсти човек )
Има македонски ресторани по светот, најблиските пријатели,колегите од работа можат да се соберат. Семејството ако не може да дојде,наредна прилика. За се има решение.
Другарка моја на 16 ја крстија. Еве ништо не и фали. Јас сум ко бебе крстена ама ништо не ми значи во животот, џабе се потрошиле само тогаш
И ова ли сега ли ви пречи? Зарем некој треба на вас да дава отчет што да прави со сопственото дете. Еве и јас се крстам.
Сега го прочитав воведот на темава. Мислам дека треба да се посочи дека не сите слават во кафана, не сите се пијанчат и не знаат кај тераат. Мекици со најблиските, културно славење, без екстреми.
Може некој стварно го гледа тоа како непочитување, не сме сите исти. Сигурно за се што зборуваме, не зборуваме од искуство. Сепак е низок удар. Може некој не сака да има маж што ќе се понаша така и ај затоа нема право на мислење додека не роди, оти пак повеќето имаат мажи кои се радуваат/ле на балкански начин.