Нели крштевањето е религиски чин каде детето на еден начин станува „прифатено“ во очите на Господ како свое чедо, свој приврзаник? Барем јас така знам. Може е друго значењето, ама поентата е дека со тоа детето ја „добива“ таа религија во која е крстено. Впрочем, во некои религии оставено е децата подоцна да решат дали ќе ја прифатат религијата на своите родители, семејство итн. Еве кај католиците, крштевањето нели се случува на возраст од 7 години, во т.н. first communion, што како што знам е пандан на нашето крштевање, иако не знам дали детето може да избира или сепак е наметнато од неговите родители. Сакам да кажам: ако религијата и општо верата е интимна за секој човек и секој треба за себе да одлучи во што ќе верува, тогаш нели има повеќе смисла сам да ја избереш религијата кога ќе си доволно зрел да сфатиш што значи да веруваш во некој Бог? Дали тогаш реално е чудно да се скокне крштевање или логичен избор?
Нема кафиќи и ресторани по светот, само на Балкан. Забрането е да викнеш луѓе и да ги почастиш во кафана, уствари кафаните ко музеј им се, одиш внатре, тивок си, не збориш, полека една пијачка пиеш депресивно и си одиш. Се заебавам, со собираат луѓе пред двор, ние излегуваме тројцата дотерани, дамата со шапка на глава, официјално го покажуваме бебето, сите ракоплескаат...и толку.
Ама како се понаша мажот? Каков е мажот? Ќе се влече пијан по улици, на стриптиз ќе оди? Како ја замислувате прославата? За првото беа и моите и неговите родители присутни и браќата, и другарки мои и заедничко друштво, што мислите дека се прави ко ќе се слави раѓање на дете? И мекици во Скопје што гледам има и дечиња присутни, и жени и мажи. И во кафана да оди со другари само пак не знам кај е непочитувањето, негово право е ко родител да се радува. Не знам дали его е во прашање или себичност или во фаза сте кога не смее да се оддели партнерот од вас или да излезе сам пример, не ми е јасно што е страшното во прослава на раѓање на дете. И пак ќе речам од ко ќе си дојдите дома со бебето е најбитно каков е мажот. А тука богами многу мажи не се ко што треба, па славењето е најмал проблем ко ќе се соочат сами со се мајките.
Ај, тешко прашање до сите. Живееме во време на Корона.Короната може секаде да ја има, ама да речеме дека ја има во една конкретна ситуација. Да речеме мажот слави без да ја праша жена му и го закачува вирусов од некој, па по некој ден го пренесува на жена му и бебето.Тој и жена му со лесни симптоми, ама бебето со тешки.Бебето умира. Да славеле 2 недели или месец покасно тоа немало да се случи. Дали жената да продолжи да живее со убијците на нејзиното бебе?
Во врска со темата, не ми пречи славење, и баш ми е криво што мм не направи голема прослава јас кога се породив поради пандемијата. Реално мене би ми било дури и навреда да не сака да слави, јас сум се мачела ем цела бременост, ем на пораѓај да го донесам на свет нашето бебе и да не сака да слави и да ја сподели радоста со најблиските, ко што е битно дете ко дете па ти. А што има лошо во тоа, еве и јас сум со истиот став, не гледам што е чудно или за да се прекрстиш, а не е ни до премногу либералниот. И да, ако одиме по вера баш ова е исправно, ама ние нели одиме по традиција, и еве го резултатот. Не е ни битно не е соодветна темата да разглабаме сега муабет за ова. (Еве и јас да се прекрстам)
Лелееее Оти вакви црни сценарија?! Јас па се сеќирам за мажот кој седи дома ним некој лустер на глава да му падне и да оде јабана. Па така да си замине од овој свет, без да се барем израдува за детето како што му е ќеиф
I rest my case. Едно е да не се согласуваш со некој, ама сепак да имаш контруктивна дискусија. Ама друго е да си губиш време во недела за... ова.
Зошто е тоа дрзок удар? За се во животот е така. Кога нештото ќе го осетиш на своја кожа не е исто како и кога гледаш од страна, можеби тогаш ќе ти се смени перцепцијата за нештата. Не знам зошто само кога се работи за мајчинство се вреѓаат луѓето. Еве и мајка ми цел живот ми велела кога ќе станиш ти мајка па ќе видиш, ај па јас да сум се вреѓала, ти си мајка знаеш, јас не знам. Глуп примр еве јас другарка имав која вешбаше од сабајле пола час, а не работеше, па ме охрабруваше и јас да вежбам во 7ч пред да одам на работа, а не сфаќаше дека сум уморна и немам сила ни време. Не се вреѓаше кога велев кога ќе се вработиш ќе видиш. Се вработи и ми рече сега те сфаќам. Башка овде има мислења како размислува мајката, дека таа е таа што не сака таткото да слави без неа, а истовремено е спречена да биде присутна во моментот кога е најголемата еуфорија и радост. Имам другарка која кога се родила во '80тите години, дедо и од радост дека прва внука го фрлил телевизорот низ прозор (во куќа живееја, во сопствениот двор го фрлил). Тоа е таа еуфорија. Тогаш ти доаѓа да славиш да се радуваш. Тоа што мајката не била таму, не ја менува радоста што најблиските ја чувствуваат во моментот. Тогаш во тие моменти таткото е најсреќен што добил дете и тогаш сака да се весели. Имам другар на кој му се роди дете во 7ми месец и беше во инкубатор. Велеше никако не сум ни да прославам ни да ме славам. Прослави кога детето си дојде дома, мајката пак не присуствуваше. Не сакаше, побитно и беше да се гушка дома со бебето кое го чекаше 2 месеци да излези здраво. Беше на АД, реално можеше да дојди, ама не се почуствува ни изоставена, ни небитна. Ама секој со своето размисливање.
А ако се заразеше мајката одејќи на работа, во болница, или од патронажната сестра ? Кој ќе беше убиецот на бебето ? Не трескај зелени.
Aма ова со славењево има врска со емпатија од сопругот, не дека јас потценувам како жената се осеќа после пороѓај. Да речев Абе лесно е да родиш, многу кукате е тогаш можеше да ми речеш роди па ќе видиш. Значи баш зашто претпоставувам дека пороѓајот не е лесен, ги кажувам ствариве.
Па тоа зборуваме цело време.Емпатија за што? И мајката и таткото добиле бебе! Среќни се ! Роди па ќе видиш колку ќе бидеш среќна тој ден. Тоа ти кажуваат.
Да, тогаш короната магично ќе ја снема. Што ви е со вакви црни сценарија? Јас се заразив со две недели бебе дома кога немавме контакт со никој освен со домашните. Ниту маж ми се заразил на прославата,ниту мене ме заразил тој. Од јатрвата што одеше само на продавница оти и таа беше со мало бебе се заразив. Стварно не вреде со некои деца да се дискутира што славење за родено дете е непочит спрема мајката
Има некои што ги мава анксиозност и депресија и секакви мисли кога ќе родат, дури одбиваат да го земат во раце, да го дојат итн. Значи не оти не го сакаат детето ама оти им е нова ситуација и психички им е шок. И тогаш слави мажот? Значи он пак се радува, све тоа океј. Ама може да ми биде поддршка макар и по телефон, не да оди да гнете ќебапи.
Дали си ти озбилна? Најозбилно те прашувам. Јадењето ли ти е проблем? Ете и на тебе нека ти донесе ќебапи да не се осеќаш исфрлена. Уште што нема да прочитам