Ne e za jadenjeto. Tuku za celata euforija i proslava bez mene. Kako da sum bitna dur sum trudna i dur ne rodam, a posle toa nebitna.
За јадењето е,како не е. Сто пати од преска спомна дека не требал да мисле на јадење дур она е во болница.
Мене ме мавна и депресија и анксиозност од условите во болница. Никој со мене не се понашаше човечки. Ама маж ми ме поддржа морално, и за два дена дојде и пред време ме прибра од болница. Требаше 5 дена да седам, јас за неполни 3 си отидов. И како ти замислуваш да се прослави кога ? Депресијата може да трае 2 недели, неколку месеци, година, две. Која е поентата на славење потоа ? Ради реда собиранка, еве имаме бебе кое веќе е дете пораснато па решивме дури сега да ве почастиме ? Еуфоријата и радоста се најголеми откако ќе се роди детето и тогаш сите се понесени од тоа и сакаат да прослават со блиските, да се радуваат на новиот член. Не е исто како роденден да славиш, матурска итн. Кога славиш роденден ТИ полниш Х години, кога славиш матурска ти си матуранката. А кога раѓаш дете сите твои блиски имаат повод. Мажот е татко, мајка ти е баба, татко ти е дедо, брат ти е вујко, сестра ти е тетка. И што ти вреди ако покажат "емпатија" и не прослават ? Подобро ќе се чувствуваш ? Не нема, пак ќе си закована за тој кревет, пак ќе крвариш, ама ќе си на крајот од денот среќна што ја истера бременоста до крај, си роди живо и здраво бебенце.
Најарно и него нека го акне анкс и депресија па нека си се гушкаат двајцата ноќе дење . Не можам да поверувам што све не прочитав
Убаво размислува. Јас крстена на неколку месеци ама кога пораднав одлучив дека сум атеист. Џабе крштевањето.
Е баш ради тоа се прославува дури си уште во родилиште, оти ко ќе излезеш може да не ти се прославува баш ништо со месеци, ако не и години. И така весело, дури ти спиеш под седативи по пораѓање, он оди и се начукува, за и него да го боли глава утре, да види како боли ко ќе добиеш дете. Одам сега со @NarCis@ да јадеме бурек, може и за ќебапчиња ќе се договориме
Јадете бурек и ќебапи само јако. Ама прашајте мажите ваши случајно да не се нервозни и гладни. Немој да јадете вие а они гладни да седат. Непочит е тоа. Кај и да сте тргнати мажите под рака со вас.
Вака ако размислуваме дека ако покажеш емпатија нема ништо да смениш...не треба за ништо да сме емпатични во животот. Што ќе смени поддршка, што ќе смени разговор? Најубаво секој сам да си ги тера проблемите, нема да му смени нечија поддршка.
Емпатија покажувам ако некој минува низ тежок период, болест, траума. За породување покажувам емпатија кон жените кои се мачеле, ама не ми е јасно каква врска има прославата со емпатија ? Среќа преголема за сите. И за мајката. Се слави што сѐ се завршило успешно, нели тоа е најважно, живи и здрави сите. Не слави никој затоа што сум се расцепила или од кеиф оти сум шиена. Маж ми баш ова го рече, среќа што немаше компликации и се е во најдобар ред.
Не, туку ти кажуваш друго. Ако не славиме веднаш по пораѓањето во кафана, ние не сме радосни за нашето бебе. Кој тоа мене ќе ми каже, среќата како да ја искажувам, ти? Која си ти? Или било кој. Ете си се породила, маж ти славел, што мораш да проповедаш за другите што да прават. Па уште потсмевање, хахха, види колку сте глупи, не сакате во кафана мажите да ви слават. Хуморот еднаков на АД Бутел.
Сто страни во круг се вртеме. Ете нашите мажи не се емпатични оти частеле за бебето, нејзиниот што нема да слави ќе е емпатичен ептен. Крај на приказната.
Може и сам да се радува. Зашто другарите да му се побитни од мене? Фамилијарно дома скромна прослава ми е океј. Свињосување со другарите што не му се ништо во животот во кафана не ми е.
A mazhite ako ragjaat namesto zhenite, vie nemashe shansi da slavite vo kafana pred toj da izleze od bolnica jer zhena 3 podolu od mazhot. A sosem normalno e zhena da ne prisustvuva na proslavata za ragjanje na sopstvenoto dete.
Па и вие кажавте дека нашите мажи не не почитуваат затоа што славеле.Тука една дискусија не поминала без навреди.Јас само едно не сфатив,ти не сакаш прослава,или маж ти не сака прослава?И дали ако он реши да прослави ќе бидеш убедена дека не те сака и почитува?
Не. Не реков дека не се радуваш ако не славиш одма. Реков дека нема поента после подолго време затоа што не е иста еуфоријата. Никаде не употребив збор глупи. Ни еднаш не реков како ТИ треба да искажуваш среќа или другите. Реков според мене прослава е океј. Наведов примери за некои кои не прославиле и реков што мислам за тоа. Веќе кажав за другарката која не дозволи ни прослава ни честитки на социјални мрежи. За да сите видат колку ја почитува мажот, еве не беше со неа во болница, ама дома чмаеше оти она така сакаше. И после на секоја караница он вака и велел: "Најмирно ми беше додека беше во болница на породување, се одморив, сеа секој ден нешто ми проповедаш и се расправаш". Ете колку ја испочитувал. И ред други што не славеле или славеле почит на друг начин се покажува. Емпатија е да се грижи за тебе и да те поддржи кога ќе биде во можност за истото.
Па роди па ќе видиш во смисла можеби, значи можеби нема вака да размислуваш и можеби ќе ти биде премило што негови и твои блиски слават за новиот член на фамилијата. А можеби и пак исто ќе размислуваш, не знаеме, па затоа. Мене пример солзи на очите ми идеа од среќа кога гледав слики и видеа што ми ги праќаше, сите среќни, весели. Не верувам дека ќе беа такви еден месец подоцна. Еве двете мои ќерки се родени наутро. Мм уште не однесена во соба отиде да слави. Здрави прави мајка бебе зошто не би славел. И двата пати го ослободија од работа кога разбраа. Сигурно не го ослободија за да гледа тв дома сам и да грицка нокти безпотребно кога се е ок. Со такви емоции и возбуда човек не би можел да работи ниту пак треба да се затвори дома и да ме жали. Нема за што. Мене не ми е потребна таква емпатија. Емпатија ми е потребна кога ќе дојдам дома, да ми направи ручек, да исчисти, да го држи бебето додека плачи со грчеви за јас да одморам...
Членката прашуваше глупости, затоа и не сакам да и одговорам. Јас не сакам да слави сам. Маж ми ако сака, нема да го спречам. Никаде не напишав дека се работи за непочит. Туку и мене ми е бебе, и мене ми е дете и јас имам повод за славење. Сакам и јас да бидам присутна. Не е затоа што сакам за инстаграм да се сликам, бидејќи немам, не е затоа што некое его негувам. Сакам и јас да си прославам. Тоа што на друг не му пречи, немам ништо против. Толку е едноставно.