Лелееее... Не бе, немаше да славам. И сурогат мајка да го раѓаше, јас пошто 3 подолу дома ќе покажував емпатија на сурогатот, таткото ќе славеше. Не се работи тука за мажи-жени туку за тоа дека во моментот на најголема радост жената е на болница и баш поради тоа е спречена да слави заедно со другите, не дека некој неа не ја ферма, не е битна или било што.
Како бре небитна, како така гледате Па слави и за тебе што си се излеснила исто колку и за бебето. Баш по небитна треба да се осетиш да не сака да прослави. Како сеедно му е што добил дете. Се читате ли што пишувате воопшто? Ау Господе што нема да прочитам тука. И после за се ги обвинуваме мажите, а замисли реално да живееш со некој поедини тука што нафрлаа која црни сценарија, која и смета што ќе јадел ќебапи мажот, итн... самоубиство у најава.
Каде е либералноста во ова? Не сфаќам. Јас нема да ја крштевам ќерка ми. Јас сум крстена, маж ми не е. И што ако ја сум крстена кога пак сум атеист. Ме однеле ме попрскале со вода на 8 мес лупнале пари кај попот, и што?! Брат ми исто, го крстија на 1 година, ене го астрофизичар е, од религија ни р нејќе да слушне. Малце офф топик ама па прејако ми е кога некој се чуди за туѓо дете, и кој како постапувал со истото. Македонизам на најјако пуштен...
Има разлика помеѓу радување и славење. Можеш да се радуваш без да собереш цела кафана. Вашево е ако не слави, автоматски не му е мило. Ако он станал татко, некоја баба, некој вујко, другарите ништо не станале.
Втор пат ќе те прашам. Добро, ти во кафана/ кафич/ ресторан ...не одиш? Ако си била , Не си видела дека некој знае и човечки да јаде , пие ... Зар само свињи имаш околу тебе ?!
Ао боже. Нека слави со фамилијата ? Ако му се блиски другарите ќе дојдат и ќе се радуваат со него. Ама чек имаме многу дупки, ти којзнае и дали имаш другарки со твоиве екстремни мислења, па од кај ќе знаеш.
Јас ќе се откажам од Танченце. Во сите теми она се издвојува со некој екстремен став и пренаглумена самопочит. На моменти мислам и дека намерно трола.
Ама така ако гледаш другарите и на свадба нема да се канат. Не мора да собереш цела кафана, ги собираш луѓето со кои сакаш да ја поделиш радоста. По мене тоа се и најблиските другари. Никој не кажа мора да се 50 души или 5. Кој колку има и колку сака.
Да се затвори во 4 ѕида и сам да си слави пошто од моментот кога ти се појави во неговиот живот веќе никој друг не му треба.
Ние мрднативе собравме 70 души за првиот роденден од ќерка ми и си поминавме преубаво посреќна во живот не сум била,дури ни на сопствената свадба.
Ти кажа дека ке му кажеш на маж ти како да се радува. Дали смее или не смее да прослави во кафана. Значи не смее да слави затоа што ти сакаш да си присутна? Еуфоријата ке спласне, други работи ке те интересираат, сите што би славеле ке се воздржуваат за да ти се вратиш во нормала и да посакаш да славиш. Колку себично.
Значи скроз океј е да не сакаш да прославиш со 50 луѓе зашто ти се многу..или да сакаш да прославиш со минимум 50 луѓе зашто сакаш сите да ги викнеш...ама онака да тврдиш дека не треба да му е до славење ?? Па стварно не знам до што треба да му биде, до плачење ли? Јасно ми е за темава дека секој си одлучува за себе и нема најправилно, ама кои екстремни работи ги прочитав, Боже сачувај.
На свадба славиш брак меѓу жена и маж додека истите жена и маж се присутни. Ваљда не слават фамилијата додека младенците дремат дома Кога славиш за бебе, мајката на тоа бебе дреме и плаче врзана за кревет зашто газот не може да си го дигне. И во ваква ситуација непристојно е да викаш кој стигнеш наместо да биде поскромно.
Отидовте ептен во екстрем. Јас кога ја отворив темава уште немав дете, а и не беше за прослава со мекици и роднини, туку за збирање на мажот одма вечерта со другарите и пиење до бесвест. Тоа ми е другиот екстрем од тоа апсолутно ништо да нема од прослава и мажот да седи во четири ѕида. @Munchmallow20 дали, недај боже нели, да починеш треба со тебе да го закопаат? Зашто нели, како он да живее после тоа. Да ти доловам само до каков екстрем одиш во мислењата.
А ако не слават дали тоа магично ќе и помогне на мајкава да го дигне газот од креветот? Јас сум прва кога треба да се мисли на осет и емпатија ама овде нема никаква поврзаност,глупо ќе беше да одеа во собава кај мајкава на болница да слават
Онака малце не ти е грдо да пишуваш за умирачки? Оти јас такви грозотии не спомнав, нигде. Друг пример онака ниеден не ти текна? Ни-е-ден? Нека не го закопуваат. Одма од следниот ден нека продолжи со животот како ништо да не било, по жената ли ќе тагува, боже зачувај. @Stressed Out добро ако слават, автоматски женава ќе стане ко балерина и ќе дојде дома освежена, спремна, тип топ.