Ама па ти викаш другарите небитни оти ништо не станале. Славиш со луѓе со кои сакаш да ја поделиш радоста, не само со роднини на бебето. Башка некои имаат другари поблиски од брат/сестра.
А ти, во меѓувреме го пушти да прослави човечки и достоинствено, или остана на ставот од моментот кога си ја отворила темата? Стварно ме интересира, се менува ли перцепцијата.
Јас мислам да се однесе родилката со се кревет у кафана,со се бебе и сите болнички салтани и сите среќни и весели.
Не замислив ниедна од вас Спојлер дека умрела или е болна и да им правам сценарија дека умреле и ги закопале
Супер,значи заклучивме и се сложивме дека ништо нема да ја смени физичката состојба во која се наоѓа жената,е сега уште да ми кажеш што менува со колкав број на луѓе ќе се слави и таман сме
Да не испревртуваш малку. Земи барем цитирај ме за ова што го тврдиш. Ама ете и да е така. Каква е твојата релација и фактор во мојот брак?
Имам пишано пост дека се прослави со мекици нормално наредниот ден, со блиските, роднините. Ниту се опи, ниту ништо. Ама, беше малата и на кислород малку, па имаше инфекција, па бевме и двајцата на штрек некако.
Зошто би плачела мајката? Жално е на човек што станал татко да му забраниш да се радува како што сака. Релација никаква, емпатија за маж ти имам во овој случај.
Ме мрзеше да ја читам цела тема. Значи се согласуваме кој е поводот за славење и зошто се слави, за форма и содржина на прослава фала богу дека е индивидуално. Ама ова - каде без мене, па зошто со овој, па зошто бајадера не дорина е некој некст левел. Ок, неки нови клинци, ќе видиме до кај ќе стигнеме.
Ама сите трудници ги замисли во најстрашни маки, стави тука и болести и све испомеша. Ти колку ќе си патела, па он како ќе се радувал, уште што не, не се ни сеќавам веќе. Оттаму и мојов друг екстрем. Гледаш сега ти сама колку далеку отиде со постовите? А за што, што уствари докажуваш? Кога и самата пиша океј ти било прослава скромна со блиски да се направи. Што тогаш спориш, ама стварно не ми е веќе јасно.
Која се породила така набрзинка за минутка и одма после тоа станала со енергија пајдушко да го заигра? Па сами зборите по теми дека пороѓајот не е лесен, дека за едни е страшен, дека многу се плашат, дека не можеле да седат, да јадат сами после тоа. Ако ви рече некој Абе што кукате, лесно е да се породиш, ќе го распнете. Оти не е лесно нели? Зашто сте после пороѓај истоштени, испотени и ви треба одмор? Баш оти е истоштувачки нели?
Кога ќе родам и ако се е во ред ќе се навредам ако маж ми не прослави со никој и дреме дома додека не си дојдам. Во болница секако нема да може да дојде, ама сакам да ја прослави и сподели радоста со фамилија моја и негова, пријатели и другари, кумовите. За убави моменти славиме, за лоши оплакуваме. Раѓањето е болно, но на свет доаѓа нов живот, семејството се зголемува и нема поубав и посреќен момент кој може да се прослави и сподели. А заедно ќе славиме на пример крштевка и родендени, годишнини кога и двајцата ќе се напиеме заедно
Ама овде и докторот нема што да ти прави, а не маж ти. Ти даваат инекции, лекови за болка, за крварење.... Некои трудници се изнаспиваат тие 2 дена во родилиште, некои искачаат со подочњаци. Јас се породив , болеше многу, ме сечеа и шиеја . После 1 час од пораѓај звучев свежо,во моментот не ме болеше екстра многу и се испојавував на сите . Дури еден другар ме праша 3 пати пред колку време сум се породила. Се чудеше дека пред 1 саат било тоа. Свежа бев, зборев се смеев. После 5 саати од пораѓај сама станав, се истуширав, не ми се вртеше толку, јадев , си правев муабет со цимерката. Е да, крварев. И почнаа болки, па ми ставија инекција и спиев додека го донесоа бебето. Не умирав!!! Не знам дали ќе поверуваш, ние со мм се слушаме по 20 пати на ден додека е на работа. Уште толку пати пишуваме. Значи ме сака и сега , после 6 години од првиот пораѓај. Тогаш доаѓаше и по 2 пати на ден да донесе нешто . Значи јас или некои трудници по приватните, вториот ден се супер. И одат и јадат и од болница искачаат со шминка. Значи тие 3 дена таму не било како во кланица . Инаку, некои членки од овде , частењето по повод мекици го замислуваат нешто во стилот - Оди мажот со другари во кафана, седнува на маса, чести што пие цела кафана. Вика келнер, порачува мезе и вика викни ја певаљката. Иде она и става 50евра во деколте и и вика добив син, ќе пееш оваа вечер ја шо сакам. И почнува со " син ми се родил, па после " чаше ломим , руке ми крваве" и на крај "ерген одев , поарно ми беше ". Во меѓувреме му седнува во скут певаљката оти ја реди 100ки и 500ки , кршат чаши, се дерат. Од таму цело друштво оди пред болницата и и пеат под прозор на мајката. И се јавува и вика , покажи го бебето на прозор. Она бушава во 2 по полноќ го покажува бебето и сите викаат " еее куре на тато, јунак на тато , цел е на тебе ". И од болница , одат дома, да допијат шо има , влезени со кондури, се пуши у пие и во 5ч си одат дома, а таткото мртов пијан со извлечена кошула од панталони легнат на гарнитурата и спие... .....
Еве јас , за неполн ден шпартав низ ходници. И да, и оро можев да играм Ама не знам ора Е, Испотена бев Ама ич не ми текна да го викнам мажО да ме забришува и замива под мишки.
Јас се породив за 15 минути,природно,жива среќна,свесна и ненапатена,дај Боже и ти така да бидеш и да ти се смени цела перцепција.