1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Captain-Omni кажа се' што не треба, само тоа што треба не кажа. :D Темата е друга, а не анализирање на мажите во Македонија. Не сите слушаат Стоја, и не сите носат кошули. Еве дечко ми во живот нема облечено кошула, и сега, него во кои ќе го ставиш? Не припаѓа во ни една од твоиве групи.

    Генерализации на кило. Само некако си ги помешал работите, моминска вечер и свадба е клише и имаме многу шаблонски насмевки, сакале да признаеме или не, ама раѓање на дете не е воопшто клише работа, тука си утнал нешто. Раѓањето на детето е вистинска радост од срце и тоа не можеш ни најмалку да го споредиш со тортата к*р на моминска вечер. А за тоа дека сите мажи носат розеви кошули, слушале Стоја, искрено воопшто не сакам ни да коментирам зашто ми е многу ниско ваквото генерализирање и воопшто не е соодветно тоа да се даде како аргумент на една ваква дискусија која е од сосема друг карактер и се гледа од сосема друг аспект, а најмалку од аспект на мода и вкус за музика. Тука се збори за радоста, се збори за среќата во моментот, а не во која кафана ќе прославел таткото и каква боја гаќи носи. Мислам, муабетиве ти немаат врска со темава. Твојов пост може само во категорија пародија да се вброи.

    А зошто слави мажот? Па не знам, најверојатно зашто станал татко. Друго мене лично не ми текнува, а и доволно е за славење.

    Туку не ти го сфаќам муабетот за тоа дека тој само свршил во неа и тоа не е ништо. Епа добро де, утре ти немаш потреба да се мачиш, најди некој друг нека сврши во жена ти, ништо не е тоа, што има врска. Туу едно свршување па и ти. Голема работа. Ништо. Дали ти или некој друг ќе сврши не е битно. Битно жена ти да си роди дете. Зашто нели, жената е таа која ја има главната улога кај детето, мажот е небитен.

    Ама најмногу од цел пост ме насмеа за тоа дека мажот требало да отспие. :D За што да отспие, од што да се одмори па тој, тој да не раѓал случајно? Жената раѓала, таа е таа што треба да се одмори и наспие, а не мажот. Негово е да даде одговор на сите роднини и пријатели кои секако се интересираат за бебето и мајката, да однесе во болница се' што е потребно, да се изгушка со жена му, да си се исплачат од радости и да прослави како што му сака душата со сите мили и драги луѓе. Тој да отспивал, ту, ту, многу изморен, божем тој имал болки 24 часа па тој да се одморел. :D
    Баш напротив, ако маж ми утре после раѓањето на нашето дете ми рече дека е изморен и треба да се наспие, подобро нека не ме чека да се вратам дома. Јас да трпам болки, да го носам тоа дете 9 месеци, да не можам како човек да се наспијам, да го раѓам 5 саати и на крај господинот да каже дека тој е уморен и треба да се наспие има да биде туча. Најсериозно не му зборам.
     
    На senjorita-v и Bridget им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Captain
    Од премногу желба да станете европејци, ќе изгубите многу добри карактеристики што ги има еден балканец, настрана лошите. Јас сакам да гледам енергија, емоции и страст во човекот што го сакам, кон мене и кон работи битни за мене, за нас.
    Сељачко однесување сите препознаваме, и на улица, и во кафана, и во елитен ресторан, и во црква. Но почнаа сите некако за секоја ситница да се фаќаат мислејќи дека така покултурни стануваат, па се пробува да се угуши секој обичај, адет кој со веселба се прави, не ради реда. Ако на таткото му е измачување да слави таа ноќ сигурно нема некој со сила да го натера. Порив е, кој го почитувам.
    Кој како сака крај краева.

    Вистина си убеден дека сите Стоја слушаат? Смени друштво или таргет група за споредување.
     
    На senjorita-v и duffi им се допаѓа ова.
  3. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    137.171
    Пол:
    Женски
    не ги разбирам некои од мисленјата ама веројатно пишувал некој што не станал родител.најубавото нешто што се доживува и срцето ти пее од радост,цел свет ти иде да го известиш небаре само ти го можеш тоа :D дури не прочитав овде ни на крај памет не ми дошло на мм да му го загрозам правото да си го прослави тој момент-единствен во животот.
    .и не разбирам зошто да не се прослави доаганјето на нов живот .ако може да се слави завршуванје на средно школо-читај обично описменуванје-со музики и помпи многу поголеми од потребното-ова е итекако побитен повод за славенје.
    некои нешта од срце доагаат колку и да сакаш не може да ги скротиш.
     
    На senjorita-v и duffi им се допаѓа ова.
  4. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Некој ме нападна дека генерализирам. :) Па нормално дека генерализирам, нема на сите врските, браковите и мажите да ви ги анализирам. Вие сте целина со едно мислење на темава, нормално дека пишувам ГЕНЕРАЛНО против мислењето на сите вие кои имате спротивно мислење. Форум е, не ви доаѓам дома да ви попувам. :rock:

    Имам и дете и жена. Две деца имам. И немам деца истовремено. Шродингер дете имам. :)

    Каква врска има мојата лична состојба со ставот кој го презентирам? Ставот, сепак, вели дека мажот не може да се кити со перја како што тоа ние Балканците го правиме. Тоа ние го правиме, зашто во сè бараме повод за пиење и веселба. Радоста е едно, се радуваш и на виножито, ама не можеш да кажеш дека имаш некој придонес за дождот и сонцето на планетата. Успехот е друго.

    Епа сите мои теории ги објасни бе злато со твојот сопруг Италијанец. Македонски... Балкански е мажот да се осеќа горд на секоја глупост. “Жено, гледај сеа како прдам, најбоље прдам у цело маало. Најсин сум родил, женооо.“ Не си го родил ти идиоте.

    Странците ги гледаат работите со разум, Балканците во сè гледаат повод, за пиење. А странците не се толку умешни у пиење секој ден. Па и ми странци имамо душу. :P

    Оф сонце напатено, мое сочувство за маж ти, ланците и розевите кошули. :( Секој со својата судбина и тежина во животот.

    1. Успех е да изораш цела нива, да роди нивата и да си го прехраниш семејството. Успех е да решиш дека ќе слабееш и да имаш волја и истрајност и да ослабиш. Успех е да зададеш цел и со напорна работа да стигнеш до таа цел. Не ме чуди што не го знаеш ова.
    2. Вистинските мажи, се грижат за своите жени, не пијат по кафани. ;)
    3. Обичаи се прекрасна работа. Исто така, со многу од нив не се сложувам и сметам дека се непотребни. Исто така, обичаи се менуваат, се прифаќаат, се отфрлаат со време, ама тоа не е нешто кое ти би го знаела, нели? За тебе е важно како ќе ти каже мама и баба. Ако, ако...

    Фала Богу дека кој како сака. Само, не разбирам зошто 90% од членките кои ми реплицираат и ќе ми реплицираат мислат дека нив ги фаќам за шија. Ако се препознавате во Стоја, ланците и сељачизмот, не можеме мене да ме посочите како натрапник.

    Ти си ми иначе најјака феминка, пишуваш супер, по муабетот се гледа дека не си од „планина симната“, а ставовите ти се крајно конзервативни и пробувам да те разберам, али ќе им треба изгледа време. But I will crack you!!! :D

    И... Daydream, ако не можеш да ме сфатиш како што напиша, не пишувај толкави постови, се учи со читање и гледање другите што пишуваат.

    И последен пат, не им се потчинувајте на традициите по секоја цена и не им се потчинувајте на балканските сфаќања дека мажот е за во кафана, а жената за деца да чува. Ако веќе мислите дека е тоа во ред, тогаш алал да ви е, Клара Цеткин се превртува во гроб.
     
    На Jordanovska-K и Glasna им се допаѓа ова.
  5. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.627
    Пол:
    Женски
    За сите што викате дека таткото нема за што да се радува и дека мајката е таа што ја врши цела работа ,или не знаете дете како се прави или ви одговара контра да мавате и при здрав памет будала да се правите. Тоа што мажот не го носи 9 месеци и не се чепи на клиника додека се порага не го прави помалку родител од мајката ,пошто нели за да се стори бебе потребни се ДВАЈЦА. Тоа што природата обрвските поинаку ги поделила бунете се кај нејзе зошто така напраила ,жената да рага а мажот од страна да посматра и да сочуствува со нејзе.

    Секој има различен принцип на славење.Може некој сака у кафана да се начука,некој дома ,некој во пицерија... Кои сме ние да го мериме степенот на сељачизам во прославата на нешто такво.Еј бебе се родило ,најголемата среќа што можат двајца заљубени да ја осетат .Што треба да прави човекот,да седне дома пред телевизор со пивото во рака да пушти Лига на шампиони и да се понаша ко ништо да не се десило ?!? Искрено така да изреагира сериозно би се вознемирила од неговата реакција да не случајно не му е кејф што станал татко или му е сасвим сеедно што створил нов живот. Мада па некој и со пиво во рака да слави пред телевизор не е за потценување бидејки секој си има свој начин на веселење. Ако некој ровари кога ке излезе тоа ке го прави и на таа вечер,најверојатно го правел и предходно а за воља на вистината ке го прави и после тоа .

    Срам да ви е на сите што велите дека таткото нема за што да слави,или тоа е само потаен себичизам во вас бидејки вие ке лежите во кревет па мора и он како вас во агонија и болка да биде за да сфати како ви е. Ако,нека се кичми у ходник на клиника(пошто секако нема да биде со мајката во соба повеке од саат време) ама да слави НЕ МОЖЕ.Не заслужил он нешто такво.

    И за крај или јас одамна немам отидено во некоја биртија за да видам сељаци со златни ланци и розеви кошули кои се палат на третокласни певаљки и им лепат 100 на голите запотени цицки ,или па вие премногу време поминувате во такви локали па ред е да го смените местото за забава за да сфатите дека не се сите сељачишта како што милувате да ги нарекувате кои едвај чекаат од одма да излезат за да се начукаат и да тријат нос мегу балоните на певаљките.
     
    На Skyfall, darcy, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    137.171
    Пол:
    Женски
    што е за тебе причина за славенје и радост ,ај те молам објасни?
    и немој да ми кажеш дека не прослави некаде кога ти се роди дете!
    тешко на тој што не знае да се радува на ситните нешта во животот.а за битните да не зборувам.
     
  7. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Луѓе сите различно се смееме,различни работи не одмараат,различно тагуваме и очигледно различно прославуваме среќни моменти. За некој среќата значи прослава во кафана,за некој не. Не станува збор да не се сподели среќата. Туку станува збор за различен начин на прославување на истата.

    Некои луѓе тоа го прават гласно и помпезно ,било дали станува збор за свадба,моминска вечер или раѓање на дете,други тоа го прават тивко и мирно. И во ваква ситуација нема правилен начин за истото прославување.

    Само она што не чини е претерувањето. Претерување во пиењето,во трошоците,во лумпувањето.Мој став е дека раѓањето е интимен чин и дека треба да се остави простор за адаптација на новото мало семејство. Во кое спаѓа и таткото. Ако жената раѓа 10 саати ,а мажот лумпува во кафана 10 саати,што мислите после 2 дена кога ќе дојде мајката со бебето дома,колку тој татко ќе биде продуктивен во завршување на обврските? Тоа е нова ситуација за двајцата,без разлика дали е прво или петто дете,треба време ,требаат нерви и треба да си одморен за да се справиш со се` смирено и свесно.
    Пример човек да отиде и да лумпува во кафана цела вечер,другиот ден не може да се носи сам со себе,функционира просечно или под просечно,лежи и се тегави по цел ден,а во овој случај таткото има важна улога кај што треба да се грижи за двајца што се кревки и ранливи. Од тој аспект сметам дека треба да е максимално одморен,наспан и на штрек. Мене тоа би ми било доказ колку е одговорен како родител. На секоја родилка и треба помош и внимание.
    Во спротивно би имало ситуација во која родилката е папсана,татково не може да се освести,му се спие му се плаче,а имаш новороденче дома на кое само мајката и таткото му се извор на задоволување на основните потреби.

    Така што мислам дека уште со зачнувањето на бебето,треба да се стават неговите потреби на прво место. А,се останато да се прилагодува според тоа.
     
    На Hipster и Glasna им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Морам само мало појаснување да ти дадам за овој дел на постот, не за друго туку утре ако му се случи на идниот ти сопруг да каже дека е изморен да не настанува туча, да не биде сиротиот жртва на домашно насилство. :lol:
    Мажите кои присуствуваат на породување се изморуваат, можеби не физички ама дефинитивно психички, емотивно се исцрпуваат, мојот сопруг откако го родив помалиот син кој тежеше 4.6 кила изгледаше како он да родил 9 кила бебе. :D
    И тие што не се во можност, нема услови, не е дозволено итн со самото тоа што не знаат што се случува, не се во тек, не знаат дали ќе биде се во ред итн цело време се во грч, психички се измачуваат, така да кога ќе им кажат дека се е во ред со мајката и бебето од што биле во грч цело време може да се чувствуваат исцрпено.

    Мене како македонка родена и растена во странство ми се допаѓаат голем дел од нашите традиции, не ми пречи тоа што ќе се испијани сопругот вечерта од кога ни се родило бебето, тоа ни е дел од традицијата и него го заразивме со прославување со пиење место делење на пури. :rofl:

    Инаку стварно каква врска има пак делењето на пури кога ќе ти се роди бебе, што симболика има во пушењето на пура?? :?:
     
    На senjorita-v и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мм славеше 5 дена зошто му се роди ќерка, а чекавме син, за на 6-от ден да не' земе од болница и со денови да ја бања и средува ќерка ни зошто јас не можев од царскиот. Сељак, требаше да не може од кревет да стани од пијанчењето!

    Добро, нели ви се смачи од вадење хипотетични филозофии на форумов? Ги прочитавте мислењата на сите породени мајки, од прва рака, и сите се поклопуваат. Што уште не е јасно?
    Зошто вие, или било кој друг, би му воделе сметка на таткото дали има или не пари за веселба? И што има врска на која музика пие? Може треба да мисли на вас душегрижниците што ќе го оговарате од страна, дали ви изгледа доволно културно славењето на раѓањето на неговото дете....ах смешки :D

    Проблемот на Балканов не е во неговата музика, обичаи или кафани. Проблемот е што комшивката пре ќе ги анализира и решава проблемите во куќата до неа, отколку да си го живее животот кај себе дома.
     
    На senjorita-v, imelda, artemidis и 11 други им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.788
    Допаѓања:
    65.497
    Пол:
    Женски
    :rofl: Смешно ми падна читајќи го Капетанот како се контра со речиси сите тука. Еден маж се контра со жени зошто мажот не треба да ја помине вечерта пијан, а жените се на страна на мажите да прават што сакаат и да пијат колку им сака душата.
    Се согласувам Капетане за многу работи, освен за тоа дека таткото нема причина да е среќен. Мислам океј, не се раѓа детето секој ден. Не секој ден доаѓа на свет нешто што ти си го создал. Па макар и само што тоа си го направил со едно шприцање, пак, дел од тебе е.
    Двете страни некако во крајност отидоа. Еднава страна вика таткото не направил ништо и нема причина да се радува, другава нека прави што сака, нека пие колку сака и нека оди каде сака.
    Мене ми е во ред дома да се соберат моите, неговите, најблиските и да прослават до умерени граници. И толку. Не ми е во ред, како што веќе кажав, да оди цела ноќ да пие негде. И глупаво ми е да гледам маж со штотуку породената жена да не знае името да си го каже. И тоа е тоа. Ете, секој различно си прави како што му е убаво. Ако на вас ви е убаво мажите да си слават како што сакаат, ваше си е. Многу битно што рекол Петко, Станко.
     
    На senjorita-v, Captain-Omni, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Нормално е да се радуваат сите на новороденче.Но сепак,треба и да се има граници.
    Жената е штотуку поредена, бебето се навикнува во нова биолошка средина.Не се за џабе во болница ако не е ризично да се дома.
    Треба да се мисли на нивното здравје пред се.Што ако настанат комликации :?: ....не негирајте дека нема,зошто не знаеме што ни носи животот. а таткото и сопруг ако треба да донесе некоја важна одлука од која би зависел животот на мајката или бебето, и не е способен да се грижи за самиот себе.
    Што тогаш?
    Кој треба да сноси одговорност во таква ситуација?
    Ќе се земам себе за пример.Имав многу висока температура, ми беа потребни под хитно лекови инфузии,пумпичка за градите, Сето тоа требаше да се набави од главниот град, зошто по болниците владееше оскудност од многу потребни работи за родилки и бебиња, и истите се набавуваа со врски или исклучиво во Скопје од аптека на приватно, по високи цени оти беше распад на бивша Југославија.
    Свекрва ми, и моите родители не беа во можност постојано да се со мене.Одговорноста беше негова.За тој период имам само пофални зборови.Но кога си дојдовме дома, едвај беше нашол кола да не донесе дома оти таков снег отогаш нема паднато ,прослави на свој начин :D

    Најдобро би било да прослави со разум.Ако веќе се зарекол дека ќе се испијани до бесвест ако му се роди син или ќерка, има безброј прилики за тоа.Како денот кога ке си дојдат дома или пак крштевка, роденден.
     
    На Waka-waka, babyblond, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    упорно читам дека мажот слави неразумно опиен и дека оди да слави уште без да ги види мајката и бебето. Е реално, кој маж би го направил тоа? Ајде да речеме дека има таков..па него не му треба прилика за славење, ќе си биде кафански човек од старт и мајката ќе го знае тоа. Не може после пу пу не важи да прави и да испадне дека тој се посељачил на моментот на породување. Значи нормален татко не трча веднаш во кафана. Секако дека таткото ќе сака да се радува добар дел од денот или неколку сати барем гледај си го малецкото преку прозор или гушкај си ја жена си. Па после кога они ќе одмараат, ќе си прослави човекот со фамилијата/пријателите. Јас испит ќе положам сакам да излезам да се почастам една пијачка, не па дете да ми се роди.
    И викате дека ако не дај боже има некаков проблем мажот на славење ќе мисли. Абе ајде. Татковциве ги направивте Баба Роги, жими се. Не верувам дека има таков човек што би славел и покрај тоа што нешто непожелно се случува со неговите сакани. Значи тоа не држи вода ама ич, џабе пишувате долгометражни редови.
    И разберете дека не смее човекот да виси во соба кај мајката и не може во ходник да цупка постојано чекајќи аларм. Еве нема да е во кафана, дома ќе е, па ако треба нешто (пак ќе речам не дај боже) ќе го викнат од дома. Епа исто е драги дами дали ќе дојде таткото од дома или од кафана, секако не е на лице место, А не е пошто не може да биде таму постојано, па таман работа ако сите татковци дремат по 3-дена во болниците, па тоа ќе личи на конзерва, не на болница.
    И што? Ако е тој во кафана и слави, ако му се јави жената дека нешто и треба, тој ќе и рече:„А женче не можам сега пијам, да ја довршам чашава ќе ти се јавам.“ или: „Не те слушам жено, утре ќе те барам.“ ?! Мислам дека некои не сфаќаат или контраат намерно па се прават дека не сфаќаат дека пред се таткото ќе излезе од гужвата да се разбере со жена му и ако и треба нешто неа силно сум убедена дека ќе оди да и однесе. Тоа е и нивна среќа. Како може да мислите дека нема да сакаат да се грижат за негата и потребите на жената и детето?
     
  13. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Ако си видела пијан човек, кој не е способен да стои на нозе, не па да збори на телефон, ќе разбереш што сакам да кажам.Поднапиен и пијан не е исто.Пијан не може да се грижи за себе не па за други.Не рековме дека не сака , туку не е во состојба тоа се два различни поими.
    А исто е дали ќе го викнат од кафеана или дома само во случај ако е трезен.
    Се подразбира дека не може да биде по цел ден во болницата, но зошто тоа да биде кафана?
    Мислам во ред е да слави, но да почека , некој ден.
    Бебе се чека подолго време,што се уште неколку дена, во споредба со изминатите?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Искрено, два моменти се битни тука:
    1. Славењето од срце не се одложува - после можеш да почестиш, како што и прават кога ќе однесат мекици на работа и сл, ама секако радоста и возбудата се најголеми дента, и зошто да не се поделат со најблиските? Плус, прославуваат и бабите и дедовците, тетките и вујковците, и зар сите тие треба дома да седат и да гледаат турски серии или крими филмови како ништо да не било?
    2. После некој ден мајката и бебето се дома, и многу помалку би ми било драго тогаш тој да оди да слави и да ме остави сама, отколку кога сум уште во болница згрижена и има цел персонал околу мене.
    На крај, ако додека е мајката во болница и било каква не дај Боже компликација се случи, нема секако да чекаат таткото или некој од надвор да помага, без оглед на тоа дали е трезен или не.
     
    На JuLleE, Moira, Madam-A и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Јас тазе породена, целата во болки, бебето плаче, а тој пари по кафани ќе ми троши ? Ма јок. :devil:

    Отакако ќе заврши се со мене и откако ќе му речат од болница, се е во ред, не грижи се, секако дека ќе си оди дома, да се одмори, искапи како човек, да се руча и сл.
    И после нека си ги викне најблиските пријатели дома на мезе, и задолжително да им рече да ги собујат обувките и да не кршат, зошто тешко него ќе биде !
    Па, откако ќе си заминат вечерта или следниот ден нека позачисти малку, зошто јас моето бебе сакам да си го донесам во исчистено и изветреано (какво што сум оставила претходно). :lol:

    А, ако е некој пијандура, зелен, или неранимајко какви што ги сакате, не ми ни треба.

    **

    Ако се работи за второ, трето дете е посложено зошто таткото мора и него да го чува.
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^А да му одбереш и кои песни може да ги слуша, на која бројка волуме да стави, колку гласно може да се смее и колку милилитри точно е дозволено да испијат? Ако го сметам за мало дете и немам доверба во него, може. Во спротивно нема да се грижам воопшто каде и како прославува.
     
    На senjorita-v, Lacrimosa, LaDyDoLl и 13 други им се допаѓа ова.
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    137.171
    Пол:
    Женски
    RAZUMEM DRUжE KAPETANE !!!!треба да ти отпоздрави.

    се ми боде очи ама посебно делот- моето дете.срцка ако не знаеш во бракот нема или не би требало да има мое твое ни за материјални нешта а не па кога станува збор за деца.се е заедничко а посебно тие.
    многу сакам да го запознаам твојот тип на маж ,пошто ние повекето овде изгледа сме мажени за пропалици и недомакини.
     
    На senjorita-v, poenta, ph.orhideja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Замислете ситуација , тој прославува, напиен до бесвест.Вие во болница со бебето.
    Добри сте , живи , здрави,но се појавува епидемија на жолтица и под хитно морате дома.
    Слична ситуација имав, на второто породување.
    Наредниот ден лекарите ми предложија дека подобро би било да си заминам порано дома, за да не го изложиме бебето на ризик да добие жолтица.
    Затоа од искуство ви кажувам дека подобро да се прослави во рамки на разумноста.
    Алкохолот, посебно испиените милилитри не се мерка за радоста.
    Верувам дека радоста е голема,најголема во животот, но исто и одговорноста.
     
    На Jordanovska-K и Abeja им се допаѓа ова.
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.771
    Пол:
    Женски
    Па затоа и постојат кафани,дома да не валка.А со мезето не ли иде ракија?
    Што се не прочитав.Јас сум горда на мојот пијандура,зелен и неранимајко маж (татко) кој го прославил раѓањето на моите две деца. :rofl:
     
    На Skyfall и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  20. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Не сум го доживеал сеуште чувството на родител но сигурен сум дека раѓањето на детето е наубавото чувсто за секој човек .Тоа се моменти на радост ,исполнетост ,гордост .....
    Прославувањето на мажот го оправдувам кога е во склоп со фамилиите ,се ствара уште поголема блискост и искреност,а лицемерието тој ден се заборава .
    Алкохолот е составен дел на секоја прослава и нема компромис дали ке го има ( и во која количина).Ова го велам бидејќи секој е свесен колку треба да конзумира за да остане со трезвени сфаќања .
    Дефинитивно сум против претерување ,славење (само-отпосле) со другарите и пијанчење до тој степен каде човек би се срамел што правел и каде-со кој бил .Прослави од овој тип не би требало да се оджуваат дома ,треба да се задржи хигената,мирот и хармонијата во домот .Околу финансиите без скромност би кажал дека секое машко треба да е свесно дека доаѓањето на свет на дете сноси ГОЛЕМИ трошоци уште на самиот почеток, со прославата :) .
     
    На marama, Marossa, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.