Тие другари биле во неговиот живот и пред тебе, не знам што среќник би бил тој тебе што ќе ти е маж. За тебе само грасоњера вие двајца и 4 деца за да има близина и контрола врз се. Недај боже маж ти да отиде до другата соба, кој знае што може да направи, на пример да се свињоса, вака една соба најсигурно си е. И никако славење! Родендени? Крштевки? Раѓање? Дома сите седнати ќе си гледате вести потоа Топ Шоп и сите среќни и задоволни. И нуму да си му дозволила да се смее и да се радува ок? Само ти го имаш тоа право, тој како маж нема такво право и привилегија. Само твој роденден и именден ќе славите, пошто ти си жената! И плус мислам дека од грасоњерата треба само ти да имаш клуч, маж ти не, пошо ти кога ќе излегуваш да го заклучуваш за нуму случајно да излезе па случајно по пат да сретне другар пред кафана, па да се спрепне и падне седне на столче во кафана и се свињоса. Не не не што е сигурно, сигурно. Само еден клуч.
Те молам во темана за реакции на феминки мораш да ги опишеш дел од феминкиве.Хит ќе е. Малку само читав ама запрепастена сум од "модерниов феминизам"
Море врзи у подрум и нека пати таму додека сум јас во болница , уште ако може и да го маваат со стапови за да види болка шо е ,јер не може јас само болка да осекам
Си била на роденден кај што го нема славеникот? Или на именден без да го видиш имењакот кој е кај е? Или на свадба кај што не се присутни младенците? Не а? Ни јас не.
Ама пишав претходно. Роденден славиш САМО ТИ ! Именден пак тој што е со името ! Свадбата е на младенците! Таму сите се дојдени да пијат и јадат. Некој подарок и то. Дете кога раѓаш сите имаат повод да слават ! Маж ти= татко Татко ти= дедо Мајка ти= баба Сестра ти= тетка Брат ти=вујко Останати роднини и пријатели исто весели и радосни. Секој си слави за новата улога и титула. Тогаш се во еуфорија голема. Ти не можеш да одиш под седативи си. Кога ќе излезеш од болница сите радосни ќе те пречекаат и опсипаат со внимание, подароци итн. После ти организирај прослава со кого сакаш. Ако не сакаш, немаш со кого или си тмурна не сакаш да се веселиш НЕ МОРАШ. Ама да им ускратам на сите блиски да се радуваат нема поента.
На роденден и именден да, кога братучедите работеле низ странство секогаш сме се збирале кај нив дома и сме им ѕвонеле на камера. Пресреќни биле.
Ама како така они работеле се мачеле вие јадете и пиете ? мислам имајте осет, нивно име вие ќе славите ?
3 пати ти го препрочитав мислењево. Сериозна ли е другарка ти? Сигурно нема деца, затоа вака размислува. Свесна ли е дека првите недели и тоа како ќе и биде потребен човек до неа за буквално се'? Извини однапред, без да се навредите, ова вака ретко кога сум го пишала на форумов ама стварно некогаш не знаете што зборите. Само колку да се пише нешто.
А според тебе кога треба да се прослави? Пошто или се прави додека трае еуфоријата дента, утредента, после 3 дена или ич. Која е логиката после месеци. Бебено проодело, ние мекици ќе му праиме Ако требаше да ме чека мм за прослава за РАЃАЊЕТО на нашиот син, уште немаше да дочека.
Ај не зезај. Добив барем 30 пати у заедничко живеење, за кој таков ми треба? Ако му се искача нека искочи бре. Ако ми треба нешто ќе донесе и тоа е тоа, пример апчиња од аптека. Што и да прави, мене ќе ме боли, нема да умрам од таа болка ниту па нешто ќе ми се случи. Еве кога добиваш, што прави дечко ти?
И слугува, таа му е господорка. Плачи наместо неа, се мршти, пошо тој нема право да биде среќен бидејќи е маж и нема менструација и не раѓа.
Во болница и да сака не може да седи со мајката и бебето. Никаква корист нема од мажот. Славел не славел исто е. Дома и те како ти треба некој, да поспиеш да се избањаш да го нишка итн. Логика нема.