Не сме живееле заедно ама кога бевме отидени на одмор и ме болеше јајник ради овулација (а имам тешки и болни овулации, еднаш се спремав да одам на дежурен јер мислев слепо црево ми е), беше до мене цело време и не излезе нигде додека не се осигура дека сум океј. Друго е да мора на работа. Ама за работи кои може да ги откаже и одложи...
За оние што не родиле,да ви кажам само,првите два три дена е еуфорија,а после доаѓа среќата и обврските.Верувам повеќето ќе се сложат.И да имаш најмирно бебе пак пробуваш да се справиш со се што доаѓа во пакет со тоа бебе.Млеко тече,ти крвариш,бебе треба да избањаш,па имаш од оние бебиња што ни секунда не сакаат да лежат сакаат само близина на мама тато,или на града постојано.Телото полека ти се враќа во нормала,пробуваш да се навикнеш на новиот член.Уморен си утепан,ама од поново си се родил,чувствуваш таква неопислива среќа,ти доаѓа да викаш и плачеш.Го гледаш цела вечер,како убаво спие,и проверуваш дали диши.Во моментот ништо друго не ти е побитно од тоа мало створење.И само си викаш дали е возможно такво совршенство да излегло од тебе. Затоа најдобронамерен совет,остајте ги татковците да се израдуваат да си прослават тие неколку дена.После станувате себични и сакате тие моменти да ги споделувате само вие во најтесното семејство.
За првата јок,ми беше страв да не ми го украдат а за втората со песната Иди,широко ти поље од мене да ја порача. Од другарка разбрав пред која кафана му е сабајле оставена колата...
Ни ја не би крштевала, бидејќи не сум религиозна. Тоа е веќе лично убедување. Бившиот мој на 30 уште не е крстен. Јас сум, па што дека.
Како за информација, комшијата неодамна почина, брат му частеше пиво затоа што ги наследи парите и имотот. Ние тука се напнавме за славење новороденче и радости. Кој ќе бил присутен и кога треба формалности еден куп .. Па види споредби со слепи црева, болки во јајници, умирачки, црни сценарија и тристапичкематерине.
Јас смислив една опција. Се раѓа бебето, таткото нели ќе собере 100 души за во кафа да се свињосуваат со јадење и пиење и да кршат чаши со музика, мајкава да кидне на два три часа од болница. Таман бебето ќе ѝ го почуваат сестрите најадено стокмено и после оваа ќе се врати да долежи. Мислам дека на овој инат способни се и тоа да го направат. Ем и таа ќе си поскока таму и мажето ќе го исконтролира шо прави, ем и таа емпатична ќе биде па и бебето среќно кога ќе ги гледа сликите после.
Што е следно ? И на ергенска да одиме со нив ? Ако го поканат на роденден машко друшвтво да не го пуштаме сам ? Ако ме боли глава наместо кафетин да пијам него душата да му ја испијам ?
Друг ѝ беше контекстот нејзе тогаш кажан ама нема поента да пишувам. Се сложувам, ако човек е атеист или на таков став, терај така, не потпаѓај под влијание.
За колку небитни работи се прегледвате... Ако за ова не можиме да прифатиме дека сме различни, како ќе се договориме за нешто битно? ...шо Македонија?
У кафана со мезе, со ракија со сВе? Не ваљда. И мажот нека слави со неа секој ден, не е зорт првиот ден да збира све живо и диво. За тие работи што можеме да сме еднакви, сакам да сме еднакви. Барем јас
Збориме за жени кои бранат мажите да слават што добиле дете како што сакаат. Не се дискутира каква прослава колкава, жената родила и мажот не смее да слави затоа што пораѓајот боли. Емптичен е ако седи дома и се радува во себе.
Со се што сакам.Во ништо ме нема спречено бебето.И во кафана одам кога сакам,и на кафе седнуваме,и во ресторант,и патувам и се правам.Ракија не пијам.Не ми е по вкус.Слави и мм секој ден со мене.Славиме радост,славиме љубов,славиме што сме родители на три прекрасни ќерки.Не сме себични еден спрема друг,ни накурчени.Ни со заостанити мислења како некои овде.
Значи може кога ќе излезеш ти од болница и ќе си поарна, двајцата да прославите надвор наместо тој сам од првиот ден, така?
Ама не сте и прифати го тоа. Ти си жена . Ти ке раѓаш. Нему му се може и ке иде у кафана и ке слави. Ако ти е криво што маж ти слави за раѓањето на сопственото дете тогаш чудна си стварно. А и незнам дали имаш деца или чекаш на пат ,ако ни едни ни друго ,незнам колку си компетентна да се расправаш со сите
Ама зошто да не збира,стварно не разбирам не е мајката болна,живи здрави се со бебето,само што се во болница,споредбите што ги правиш за болести стварно не се на место,туку дечко ти знае за твоите ставови околу ова,што вели?
јас арна си бев уште во болница.Мене ми е криво што мм не славеше.Негов избор беше.Не се мешав.Ама ќе ми беше пре кејф да искочеше и се веселеше поради бебчето.
Уште вртите бош муабети на темава? Како не разбирате се е одлука од лична перспектива на родителите? Радост и начин на кој се изразува и прославува е индивидуална работа, некој ќе слави во кафана, друг дома може ќе викне неколкумина блиски, трет на некој свој начин ќе почасти и прослави. И радоста дали ќе се споделува и слави додека жената закрепнува по породувањето со бебето и се во одлична состојба или ќе слави пак и таа потоа или пак заедно или ништо нема да слават ни тој, ни таа е лична одлука. Нема ништо себично во прослава на радоста од чинот на доаѓање на свет на нов живот.