Така кажи бе срц. Тебе не ти е за пораѓањето и за болките, тебе ти е тој да не излегува сам без тебе. Кажи слободно дека си болно љубоморна, нема потреба од 30 страници.
Ти ако не тролаш и уште по некоја членка сте со едно его до планина еден инат ко на бик и една себичност отровна дури. Затоа ви ваквите мислења. Да не јадел да не пиел да не се дружел никако. Споредби грди језиви направивте за да изгледа престојот во болница беден. Нам ни кажуваш шо сме биле веќе таму. Како за скраја да си отидена таму. Па тој да пател ако јас сум во болка. Па ти бре жено ќе се гордееш со себеси што си родила дете, тебе самата сила што ја имаш ќе те воздигнува. Тоа ќе те води, таа мисла ќе ти е примарна. А не да ти цимоли маж ти тука, мори читај се шо пишиш. Пак уште ко ќе крварела да се тресел да не одел нигде. Кај спореди менструација со тоа и една друга рече ај да имал секс со друга леле мајкоо. Да славеле и тие, кај ќе славите кога ќе славите не кажавте. Ам не знајте пошо цврц треба да осетите значи. Љубоморни ако мажов славел со другите, да ја почекал. Ами нека ви позајмат хала во болницата па славите.
Според мене.. во момент кога жената раѓа нов живот, треба таткото да присуствува. Среќата дека сте добиле детенце нема да згасне и сметам дека двајцата родители доколку сакаат, можат да слават од после. А ова - додека она се раѓа он да слави, е нешто најглупаво што сум го чула, искрено. Не би сакала таков маж, сакам некој со кого заедно би ја делеле радоста од раѓањето.
Ај важи. После 5 месеци ке го славиме раѓањето на детето. Луѓе ови ствари се спонтани,така доаѓаат , не се планираат разбирате?
Шо има тој да вели, кој го врти, зар има право на мислење, не ќе раѓа тој Ко ќе си роди нека си слави
Не е дозволено да присуства, ниту да посетува отпосле повеќе од 1-2 час. И сега? Треба дома да седи затворен?
Лолллл а знаете дека славењето е откако ќе дојде живо и здраво бебето на овој свет а не додека мајката е на бокс,бидејќи од ова што читам добивам впечаток како да не ви е јасно.
Никоја шо родила не забранила. Овие шо немаат родено, однапред забранија. Ко хиени некои нас'скани. Пуу стварно жена ако не замрси никој.
Ја цитирав членката која кажа дека може да му забрани. И уште една која цело време врти дека ако прослави ке ја фати вратата од надвор. Следиш ли дискусија?
Дента кога се пораѓав моите и мм пред болница дремеа. Не можеа да влезат ради корона, ама нив им беше битно да се пред болница. Кога излегол докторот да ја соопшти веста дека сум се породила и двајцата сме во одлична состојба, се изнаплакал мм и се смеел во исто време. Е мајка ми, таква ко што ја "створил господ" искоментирала на глас као ете моето дете се мачи внатре, а он се смее. Според неа, требало да легне и он до мене очигледно и да земе да раѓа. Е така звучите и вие со вашето "што има он да слави без мене". На милион полиња треба да се бориме за права на жени и за еднаквост, вие мислите дека со овој квази феминизам ќе направите нешто. На крај краева кој како сака си прави, што пробувате да не убедите не знам, дека мажите што прославиле раѓање на свое дете без жената, помалце ја сакаат, помалце се грижат или се помалце татковци? Секој се радува на свој начин. Едит: мм не сакаше да слави, ама тоа си е негов личен избор. Која сум јас или тој да ги судиме сите што славеле. Прајте си како што сакате и готово.
Да две има. Ете не сакаше да слави маж и додека ги испуштат од болница и беше страв нешто да не тргне ко шо не треба. Кога си дојде дома, маж и славеше. За двете деца така. Дали озбилно нејќеше да слави дека то се роди бебе? Вајлд некогаш стварно мислам дека некои ги измислуваш за намерно да си различна од сите. Пошто ми нема друго логично објаснување да нејќиш да славиш за бебето бе
Мислиш не им е јасно? Јасно им е, ама друго е во прашање или премногу им е досадно, недела попладне или неизивеаност и неискуство си го прави своето. А можеби и како ги нарече горе членка мршталки што мене ми е гајле искрено, може па и партнерот ист им е, намќорест и така си тераат и живеат како во пештера далеку од цивилизација.
Добро, и тоа е валидно. Ама мажот си почекал и после си се развеселил. Другарка ти беше на веселбата?
Не не. Му рече слободно сега прослави си каде што сакаш со кој сакаш. И така и беше. И него му беше ок тоа.
Па тоа. Можеби децата религиозни ќе испаднат. Би сакала да не наметнувам, бидејќи мене ми смета(ло) кога ми наметнуваат.
Не, не си разбрала. Значи на жената и пука водењак, мажот трча и се туширa, жената му пегла кошула и панталони ( или како @Bubce38 ,ќе си испегла со време да не трча после ). И жената после оди се тушира, мажот прави фризура, гелче на коса, парфемче нешто ова - она и она стои на врата и му вика " ајде побрзај", он вика " еве,еве само уште да исчистам кондуриве". И одат , ја остава пред врата на ГАК, он уште седи у кола дека нели брза за кафана, она полека искача ,назад редица од колони од коли. И и вика " леле ај бе побрзо излези, ми свират позади" . И она влегува на ГАК , он продужува у кафана. Она таму нели цтг, па еден буричка со рака , друг, трет доктор. И запиен човекот , му ѕвони телефонот околу 1ч ноќеска и вика "срце се породив". Вика , трајте сите - имам син/ќерка И "музика , туш" И сите среќно си живееја И така мажот си прослави за тукушто ( сеуште ) (не) родениот син/ ќерка. Се шалам, знаеш За смртта се тажи, за нов живот се весели, се радува , се пее....
До скоро беше не славеле само тие со немале друштво, биле интровертни, скарани со фамилија. Сега тие што имаат различно мислење од грото се инаетчики невидени. Ама што знаат пак и тие кога не родиле Guess what, има мн. жени кои размислуваат милјарда пати поразумно во врска со дете и брак а ги немаат сеуште од оние кои ги имаат. И не значи дека под дифолт се се менува освен ако не дај боже има некој проблем со бебе на пр. Сум размислувала пред брак и дете едно и отпосле исто, иако милион пати ми имаат кажано различно е. До детали не можеш да знаеш како е, ама пак можеш да имаш идеја како сакаш да биде и така да тераш. И кога истите тие те видат дека можеш така да функционираш како што си замислувал си измислуваат др. изговори зошто они не можеле така, пр. финасии во случај во кој тие не се ни спорни а ни битни.
И вие ли славите родендени често?И ние.На непознати другарчиња,на слончето,кучето Виктор,на Хаги.Па дуваме свеќи,пуштаме музика.Од рок вртиме на латино па на крај завршуваме со две три орца.