Фане, јас знаеш како славам, што било? Со 10 души. Не сум баш социјално битие, немам голем круг на пријатели, значи фамилијава моја и 2 другарки. Роденден обавезно си славам, со џиџани торти, мезиња, врагови, ама нејќам фешти со народ. Ако сум маж, така и мекици би прошле веројатно.
Само еден ден му е роденден и на него, ало Мислам редно е мекици да почнеме на 7ми јануари да правиме. 6ти бејби шауер. 15ти бабиње. 19ти после крштевката е.
Ти очигледно си со човек чие друштво или навики не ти одговараат. Не сите мажи се свињосуваат. Маж ми славеше, културно, не се свињосуваше* утредента, вечерта ја преседе во болница чекајќи вести за нас. Славењето беше со наши најблиски каде главна тема сме биле ние две госпоѓи. Реши си ги несигурностите
Значи и да е договорен со друштво, или било што друго што не е неопходно, ќе мора да откаже пошто си добила? А да му ставиш еден ланец и на ланец, каде ти таму и он.
А зошто па да не? Со болки и грчеви, ако и е потребен за помош, тогаш зошто не? Што ви е на вас луѓе?
Па ако не да бараме секој месец прв ден од циклус да сме ослободени и од работа, и мажот исто за да ни намести влошка ако затреба..
Влошка не, ама за тампон мислам ќе трча. Освен тоа треба и денот да биде тажен за сите не само за жената.
Еве и мене ме боли секој месец стомак, ама ептен, и тој ден очекувам сите да ме остават на раат а јас само да си лежам...ама не очекувам цело мое семејство да ги откаже своите планови и да се вртка околу мене. Ни па од партнер го очекувам тоа.
Ни мм не е. Ама беше во кафана и прослави, двајца другари, кумот, и мажите на три мои братучетки (неговите братучеди живеат далеку). Ти дома би славела и ок е. Прославата баш и не е битно каде е, туку со кого е нели Е сега баш ама баш никако да не обележиш раѓање на бебе, да си мех ко секој друг ден ... Шо знам
А, на пример ако премногу крвари и има прејаки болки, да не го моли да остане со неа? Може ќе треба на лекар да ја однесе ако нема кој. Некои ради менструацијата идат во болница.
Па сигурна сум дека ако е таква ситуацијата секој месец и имате некои нормални партнери, на повик ќе се вратат дома и ќе ви помогнат. Ама тоа не значи дека партнерот 7-10 дена не треба од дома да излезе за во случај ако стигне до лекар. Или не е така ?
Оф-топик, ама не сфаќам зошто е смешно, во некои земји, како на пример еве во Шпанија веќе се воведуваат 3 дена слободни месечно за жени за менструација...
Темава ја уништивте и утепавте со некомпатибилни споредби и откако видовте уствари дека бесмислени ви беа претпоставките и се останато повеќето се повлекоа, другиве упорно се борат да се докажат. Сега и јас еве се откажувам, кој го интересира нека чита поназад, неамм намера уште да се повторувам. Рече и Вајлд нема поента, различни сме, ама јебига не било само различноста, имаме ликови со премногу имагинација, себичност и потреба за издигнување и издвојување.
Ништо тогаш комшијата ќе ја однесе во болница. Се шалам, нормално дека во исклучителни ситуации правиш отстапка. Исто ко што нема да идеш во кафана доколку дечко ти нагло дигне 40 температура, така ваљда и нормален дечко нема да те остави да искрвариш ако до толку ти е лошо. Ама ова се исклучоци.
Јао ко да не знаете да читате Само ако сум добила не мора да откаже. Ако имам болки, повраќам и не можам да функционирам, да, очекувам да откаже. Ете не е болест ова, менструација и болки и повраќање за мене се нормални работи. Кажав поназад имам понекогаш и болни овулации, знае ногата на страната на јајникот да ми се грчи до степен да не можам да одам. Бтв све ми е океј со тие органи, пред да прашаш евентуално.
Абе на почеток и за глава болење ќе бдеат над вас, а вие ако сте паметни ќе знаете дека не треба да се навикнувате на таков третман пошто ќе заврши Кога тогаш ќе му притреба партнер цврст до него да се ослони во тешки времиња, не лигла што ќе го малтретира да е до неа за болка што може да ја реши со една таблета. Али вие си знаете, да не речете после дека не сте слушнале
А самохраниве мајки еве гледам одма на бившите сопрузи ѕвонат да ги носат до болница или ако нема партнер готово женава пропадна одма да си најде и фати некој да имало кој да ја носи до болница. Еј 21 век жениве толку зависни од мажи како не направивте до степен да не смее тој да прослави самостално радост кај сака и со кого сака. Многу приврзаност и зависност од друга личност независно маж, партнер не знам ти кој таму не е на арно.