Секако. Ние сме опседнати со родендени. Секој ден славиме. Денеска го прославивме и нејзиниот некој ден унапред. Утре пак, во вторник валда ќе завршиме оти немам више пари за подароци. @DarkStormm Ааааа не. Исто е. Можда не е физички присутно, ама и бебето е во нашите мисли и срца за време на славењето. Иначе да. Се слави раѓање. По таа логика, и според вера сите слават раѓање на бебе сем славеникот и мајка му. Проблемот овде им е во очекувањата. Ако тие не спијат оти него глава го боли очекуваат и тој да не спие нив кога глава ги боли. Ако нив ги боли треба и него иначе маф е работата. Како во друга тема што се пиша пред некое време, ако мене не ми текнува на јадење дур ми се болни децата не треба ни нему. Едноставно не можам да очекувам тој да прави работи само затоа што и јас ги правам. Тој сеуште може на милион начини да ми докажува секојдневно колку му значам и истовремено да прослави раѓање на сопствено дете и тоа е во ред. Едното не го исклучува другото. Видете, да си сам е најтешко. Оти и за лошо и за добро требаат луѓе. Дај боже да се слави повеќе. Многу цепидлачите ја да ви кажам. Кога камчето во бубрег ќе има срцева акција и место во бубрег ќе расте во матка и и ќе излезе низ кхм.. патка, тогаш ќе може да се спореди. До тогаш, секоја компарација на две различни ситуации е само компарација на две различни ситуации. Толку. Месец ипол по пород уште сум во огромни болки, и мислам на трето, оној со камче у бубреже никогаш нема да посака пак камче у бубреже. Низ едните болки носиш живот за цел живот славење, низ другите.. ох уел.. па камче.
Да разговараш со маж ти на одредена тема, значи нешто му браниш? Вие си правите муабет по дома воопшто? Комуницирате? И пак ќе те прашам, каде прочита дека му забранувам? Што е целта на испревртувањето на туѓото мислење? Сакаш лајкче? Цитирај ме пак за нешто што немам напишано, ќе ти ставам едно, да те порадувам.
Не гледам воопшто никаков проблем, да не сум во болки и јас би отишла во кафана да славам. Тие што се против или се премногу љубоморни што не дозволуваат мажот ни да излезе од соба без нив или гледаат на било каков начин да му ја скратат среќата само затоа што тие самите не се среќни
На секоја една од 45те страни ќе го најдеш одговорот - радоста и среќата се и твои. Ќе те почека да закрепнеш и топтан заедно ќе си прославите. Како и што доликува. Не е само он родител , и ти си. Треба и ти да славиш. Плус па Ти се мачеше ! И тоа е горе долу објаснувањето. Ааааа И нема потреба да се ака по кафани , да се јаде ко свињи со секакви ми ти пријатели и другари
Е сеа си го бараше. Ќе те нападнат до вечер. Па кога ќе ти наредат црни сценарија, што ако ова, што ако она. Па ќе ти споредуваат со менструации, овулации, сцени од хорор филмови. а да и ова. како заборавив на свињосувањето да да. И тоа божем најбитно. Па емпатија мешање, грижа, почит, се ќе видиш сега само нека се запали некоја
Секој си има свое размислување. Да, среќата ке биде и моја ама во тој момент јас не можам затоа може тој. Никаде не спомнав дека кога ке можам не би прославиле пак заедно Аа иначе за другите што коментирате пијаници, другари какви имале и слично: Зошто имате дете со некој пијаница? Другарите тој не ги направил пијаници, сите се возрасни и би знаеле каде им се границите освен ако не ги преминале самите. Јас би родила дете само на некој свесен за себе, сепак вие самите можете да го изберете таткото на вашето дете или се плашите од вашиот избор?
И не дај боже дома да му дојдат другарите што ништо не му се во животот. ( Пред да се испотепа некоја, така си имате пишано во претходните мислења на темава која избега бааги од контрола )
Мене победа во сите мислења ми е "ќе ми гнете ќебапи таму тој" Не пиењето,јадењето било проблем,ЈАДЕЊЕТО...
Се согласувам комплет. И јас и едно 80% од жените тука. И во претходните мислења пишав да можев и јас ќе се испијанчев. А замисли, па ни болки немав. Родив на заебанција. Болките ми почнаа дома ко дојдов од што не можев на газ да си седнам, ко раштрафена седев, ама според законите на некои членки јас тогаш требаше да славам.. Секако се вртат у круг сите мислења. Да се најде некој да ја избрише темава може најарно ќе биде според мене
Грешка ме сфати И јас поддржувам славење и мојот славеше, туку ти пишав да знаеш што да очекуваш бидејќи во таа насока отиде темата од екстремните размислувања на некои членки. А се согласувам со тебе. Само да се има повод за славење.
даа знам и не беше за тебе напишано но ете те цитирав за да се надополнам на другите што ке почнат со напаѓање со такви коментари
Не знам дали читаше цело време што споредби се направија. И какво црно сценаријо имаше, демек таткото ако славел и закачел корона, ќе ги заразел мајката и бебето, па ако бебето умрело ќе бил убиец он на своето дете, па дали таа мајка да живеела со убијците. За мене тоа е екстремно и претерано. Не дека не е можно, ама ако мајката се зарази во болница или од патронажна сестра, па му пренесе на бебето убиец ли е ? Споредуваа болести, овулации, менструации со породување и славење.
Па можно е да го зарази де. И има право секој, да си одлучи дали сака да слави, кога и како. Проблем е кога ќе се обидувате да ги убедите дека вашето е исправно. За ова конкретно, треба ич да не не' интересира како правеле другите.
Абе таман работа да не обележиш никако. Само што некои подразбираат фешти, јас ич не сакам тоа. Ама тоа е до вкус на прослави.