50 страни верглавме едно та исто , извртевме 100 круга, дојдовме до ќорсокак. Сега ќе прераскажуваме што се дискутираше од вчера наваму Ако.. Нек се нижат постови Некој пари прави дур јадеме слатки ние тука . Упссс Ќебапи де. Упссс. Не јадеме, свињосуваме се
Ме интересира да чујам мислења од мажи во темава. Ај велев ќе чекам некој маж да се дрзне да пише, ама не пишуваат да не ги распнеме како славеле и зошто. Видов такви постови во почетокот од темата. Доброволци има да ги прашаат мажите нивни и да го кажат одговорот тука ?
@RainBow кога ќе ја види темата што почетно се отворила за славење за рѓањето на детето а отиде во насока: -Само жената има право да се радува за детето. -Мажот е 10% родител жената 90% таа треба да славе. -МЕКИЦИ? зошто мекици? И жената треба таму. -Кога имам менструација тој треба да е овде пошо ме боли. -Слободни денови за менструација во ЕУ. -Свиносување. -Љубоморење ако мажот јаде и пие со другари. -Мажот не смее да излегува сам. -Дали ок родендени и имендени да се слават ако славеникот не е таму?
Само да не ја заклучи. Нека гледа. Нека ни се чуди на паметот на сите. И на овие што тролаа и на нас што неуморно се трудевме да дознаеме како и зошто.
Не те сака и не те почитува. Како има срце да слави а ти жива среќна, одморена, наспана. Мислам. У болница си. По таа логика ние што работиме во болница, дур сме на работа, маживе и семејствата во траор треба да ни' бидат. Оти болница е. Ако не сме болни.
Ги нахранивме троловите, се свињосавме сите и сеа ќе се испратиме на друга тема да си најдеме дебата а ?
Срам ме е да кажам колку ќебапчиња, кубаски и ребренца се изеле на "прославата" на мм коа славел оти "му родив" дете. А тек па колку алкохол се испило. Он сиромао и се стегаше , нели во приправност да биде . Ама јас на камерата го буцкав - ај уше една за мене, ај уше две за син ти напиј се...и така Два дена славеле Е третиот ( НГ дочек беше ) ме "испочитува" и остана дома да одмара оти утредента сабајлето требаше да не земе од родилиштето . Он додуше уште си слави Нема нема ќе се појави некој непочестен па ќе седне да си истера редот
Немаш самопочит ти, немаш ни моќ чим не си му за'ржала да седи мирен и да солидаризира. Па и јадел бе. Ај што пиел па и јадел. Жива срамота.. Ја'зк ... Свињосување на најјако. ц ц ц Јас мислам да се разведеш одма
Страв ми е следниот побетер да не ми се "погоди". Затоа наведнав глава и молчам. Плус па и невработена сум толку години , кај ќе идам со бебево Нека го, нека прае што знае . Кај и да е ќе му падне г'зо и ќе се укотви дома и ќе биде "само мој"
Почни во друга тема муабет и означи ме одма ќе стигнам. Тука се истрошија примери, сарказми и екстреми. Се надевам. Пу јазк.. Ако. Имаш можност да му трубиш додека е жив онака за инат, како славел без тебе и да му набиеш чувство на вина. Сите ќебапи онака лабаво низ нос да му ги извадиш.
А само со ќебапи се слави? Некој ако посте или е веган може со краставици? Пример влегуваш во кафана собрал маж 10 другари слават добил дете краставици и зелка фрчат на сите страни после подобро чаши да крше отколку со семката од авокадо да погоди некој па на итна да завршат Брааат се опивме 3 крастајци и пола зелка изедоф
Сите предизвици се зад вас, си добивте најголема радост! Со најголем повод и причина сте славеле. А бе си славевте за Славен! Да ставиш сликче да го видиме некој ден.
Ковид. Се пазевме цела бременост, уште повеќе откако се роди синко. Јес дека ковид се фаќа и во болница ама зошто да ги зголемуваме шансите. Тоа беше наш заеднички став. И не сметам дека тоа што не прославил сме му помалку битни, напротив. Беше цело време со мене во болница, ги “истрпе” сите болки цел ден, до моментот кога ме однесоа в сала. Кога ме вратија од интензивна дојде пак и седеше со нас до 11-12 вечерта, буквално сестрите го избркаја.
Еве јас прашав, ми објасни на долго и на широко и се покајав што прашав ама ај Првата вечер не сакал да слави додека не го види бебето. ( Ми го донесоа после 18 саати а не ја ни сликаа барем да му ја пратам ). Се туфкал зошто ми го нема бебето. Добро, разбирливо. Наредниот ден бил на кратко до работа, почастил и прославил со по некоја пијачка. И го окупирал Џамбо, па цел ден украсувал. И наредниот ден ме пуштија, јебига. Го прашав зошто не ги собрал другарите или да оди некаде ми кажа дека се плашел од ковид. Прашав и да не беше таква ковидосана ситуацијата како би прославил? Со огномети на Водно со тие што му се од секогаш во животот ( така си имал замислено ) Сега ми е криво што немаше огномети