Тебе вака ти изгледа. Има уште една страна. Цитирај ја и 'опозицијата' и ќе видиш дека сето е јадење трици. Само се плеткаме во работи кои лично, никако не не' засегаат. Досада убивање... ништо друго *Миле ми текна! Кхм... “Ко теткине на чешма“
Чекајте да го напраам. 4 теми ќе отворам да се советуваме. Да не некаде сум неиспочитувана, а не знам.
Само чекам да дојде ден и да ги родам близнаците, нема шанса да се делам од нив посебно кога ќе бидат толку мали и ќе и требам само јас и никој друг. Ризична бременост, маж се утепа сирот од трчање да ми погоди, се е на негов грб. Со душа го чекаме денот и уште сега си замислувам колку сите ќе бидеме среќни и исполенети, тоа е најважното нешто што го чекаме со години. Само да не зафркне короната со бројки и маж и сите други ќе слават на големо, на начин кој сами ќе си го изберат. Во целата дискусија ми е најсмешно жената се мачела, душички сами сте си бирале да раѓате, благословено треба да се чувствувате, Бог не создал и ни дал можност да се остварите како мајки, наместо љубоморни на тоа што таткото ќе слави, бидете благодарни....
Шознам, ја мислев маживе од возбуда шатор поставуваат пред болницата и чекаат дур не излезе мајкава оти дома с'клет ги фаќа. Они тоталка си го терале животот тие неколку дена нај(не)нормално Превише очекувања имам од партнер нешо. Можда и кога ќе се породам треба сама да си отидам дома, не дека сум болна или нешто нели, само породена, шојма да ме зема.
Пак ќе троламе ? Шатор ? Оти не камп приколка ? а да бе, да не случајно е поудобна од болничката соба.
Ја се породив во еккот на колоната па немавме можност да славиме. Ради реда да не е сам дошле дома мајка му сестра му и 1-2 другари. Па мајку му дете му се родило, сигурно нема Нетфликс да гледа ко ништо да не било. Да беа нормални услови сигурно ќе се славеше, ако треба и 10 пати и сам и со мене. Повеќе ќе се загрижев ако нејќе да слави. Ја лично се изнаспав тие 3 дена во болница, се изнагледав тв така да нема за шо да му љубоморам. Нека ждере кебапи и нека се праи свиња, ма ако сака и во кал нека се ваља. Да ми дадеа џин у болница поише од него ќе испиев. Ама тоа дека сме си се нашле и двајцата пијаници што сакат да јадат скара па не си замеруваме.
Не не Таман ти се очекувањата Не дека повеќето од нас Не сонуваат за сопруг на даљинско ама ете , немаат сите к'смет. Ти да си тераш како си си наумила и ич да не ти чуе.
Разбравме, мажот никако не смее нормално да живее тие дена. Строго сам, затворен дома, ќебапи ни под разно, има да гладува дури не си дојде жената. И послабо дишење. Контакт со никој, оти не се битни другите, кралицата што се породи е најбитна и центар на светот. Требаше да го натерам мм вака ама да не научи какви оброци во болницата даваа и како се свињосав јас вториот ден по царски.
Лесно ви е на вас што се свињосавте,а ние од Чаир што да кажеме?! Доручек јајце варено и кашкавал,ручек грав.Ако ти заебе гравот столица уште пет дена ќе седиш во болница.Мм за јадење ќе умреше,тек тогаш.