Затоа најнов начин: бебето го чува трет, мајката и таткото одат на славење. Чудете се колку сакате, ама и ваков случај имаше (кој ги познава ќе се сети одма). Е, дотолку е битно пусто славење и кршење наместо здравјето на мајката и бебето.
Не знам зошто одма драма правење ако таткото сака да си прослави со најблиските по повод раѓањето на дете? Мене па би ме чудело доколку таткото не е расположен и весел и не би сакал среќата да ја сподели со најблиските. И не ми е сватливо зошто веднаш кафаните ги поистоветувате со биртии,зарем вакво мислење имате за секоја кафана? Па нека слави,зарем ако јас сум штотуку породена и со болки треба тој да ме држе за рака и да плаче оти мене ме боли???
Ситуацијава ја правите ко веднаш во моментот бебето кога се раѓа, мажот трча во кафана и се опива. Секој паметен човек, нормално, првен ќе биде во болница, да провери дали е се во ред, ако може да ги види мајката и бебето и после тоа дури оди на славење. Славењето го направивте ко најголем грев. Не очекував толку примитивни и негативни сфаќања на оваа тема.
Абе темава е јасна: Си за ова, или не си. И крај на темата. Секој си има свое мислење, нема потреба од карање и навредување. Некој сака кафана, некој сака со најблиските дома, некој сака во приватна болница да лежи до жена му, некој сака после 40ден. прослава,различни луѓе, различни адети, ајде да не се навредуваме и паметуваме. Секој нека си прави како си сакаи колку му може џепот секако.
Среќата е да се сподели, да, но со најблиските и во домашна атмосфера. Тоа е случајот со правење/купување на мекици и останато "мезе" и частење на најблиските во домашна атмосфера, но, ако е се во ред со мајката и бебето. Не прифаќам било какво собирање на луѓе дома па и во кафана, ако мајката и бебето не се во добра здравствена состојба. А за собирање на само мажи во кафана, веднаш по породувањето на жената, јас прв пат слушам за таква полова поделба (само мажи). Сум слушнала за собирање во кафана за частење, но само мажи не-не е ова ергенска вечер Мислам дека денот кога жената ќе се породи е најсреќен ден за поблиското семејство и среќата треба да се сподели прво во тој круг, а не трчање по кафани, еј види ја што сум, сум станал татко и имам пари сега ајде цела кафана што пие, ја частам, види ме кој сум. Ова го набројав, од причина што, славење во кафана ми е со таа цел, да се покаже пред народот. Абе помини си го тој ден со твоите родители и родителите на жената, помогни и на жената, биди со неа, помогни дома ако викнат најблиски роднини на мекици, не се мајмунисувај по кафани, радоста не се споделува само преку алкохол, кафана и музика. На работа однеси мекици, сок, нешто благо, почасти ги, како што прават по фирмите, па ќе ти честитаат, а ти среќен што побргу да отидеш кај жената и бебето. Преку к*р ако ги собереш другарите во кафана да се опиете, на првиот ден по породувањето на жената, тоа не те прави посреќен или подобар татко од оној што ќе си викне најблиски роднини дома и ќе ги почасти во една пријатна и соодветна атмосфера, откако ќе ја посети жената дента и ќе и однесе се што и е потребно и ќе и одговара на секој нејзин телефонски повик. Преголеми трошоци за кафанско славење со роднини не се потребни, освен за оној кој што има вишок пари, бидејќи со доаѓањето на бебето во домот доаѓаат и дополнителни трошоци, кои ќе бидат само за убаво и не треба да се жалат. Па ќе доаѓаат пак роднините да го видат бебето, па нормално дека и тоа се трошоци, не може на празна маса да ги ставиш, пак ќе ги почастиш со нешто.
Муабетот не беше за собирање само мажи во кафана - колку што знам повеќето дискутираа за славење со семејството и најблиските пријатели во кафана.
ТЕМА: Жената штотуку породена, мажот во кафана А кога ќе видиш па, исти пенис. Колку и да се извртуваат работите во полза на еден став, пак за истото се пишува. Јас пишувам повеќе околу темата, а не го изоставив ниту семејството и начинот на славење. Морам да признаам дека машките кои дискутирале на темава, се пореални и поприземјени, посвесни и поемоционални во поглед на прашањево, од дел од жените. Секоја чест.
мене па крајно нелогично и неубаво би ми било доколку мм не прослави кога ќе се породам ќе си мислам дека му е сеедно што му се родил син и што сум му донела на свет живо здраво дете, нов потомок на фамилијата. Тој одамна си напомена ќе си прослави со најблиските на мекици после 1ден откако ќе се породам, прво затоа што сака тој прв ден да го помине со мене и да ми помогне толку колку што ќе биде во можност но и да организира се за мекици бидејќи не е мала работа тоа, второ нема да слави во кафана и да се опива како муле туку ќе прослават дома на спратот на неговите или пак во двор доколку тоа го дозволат временските услови. Не гледам зошто толку голема драма па таткоми рече со господ напред има да слави цел месец со сите што ги познава, поради тоа што после 4женски во фамилијата 2ќерки и 2внуки ќе му се роди првиот внук, тоа е голема гордост е за сите не само за мајката што ќе го роди детето или таткото што го направил туку и за бабите и дедовците и секој си прославува на свој начин но сигурно нема да се прават дрво пијани да неможат потоа ни синот ни внукот да си го видат. Иако морам да признаам пред 2месеца бев на мекици кај едни пријатели и таткото беше кома уште да почнеше да паѓа пред гостите, не беше способен да и се јави на жената да ги каже предлог имињата од кумот а не па недај боже да отиде во болница доколку и притребаше на неа, голем срам за него сите присутни на мекиците го озборуваа дека не личи тоа што го прави а никој не рече алал да му е прав татко е прослави како што треба
Cant agree more on this. Се сложувам комплетно. Всушност, девојка ми ги читаше постовите и за истото се фати, дека не се сложува за тој дел. Јас еднаш и потенцирав дека е момент за среќа и дека таткото апсолутно има причина да биде среќен, но, претпоставувам дека лошо сум ја пренел таа мисла, па се добива впечаток дека таткото е само слуга без емоции. Значи, да повторам уште еднаш, таткото апсолутно има причина да биде среќен. Се обидов да ги одвојам среќата и успехот, зашто не се исто. Знаеш, среќна си кога брат ти ќе победи на натпревар или кога ќе добиеш на наградна игра, но тоа не е личен успех, само си среќна за ситуацијата. Секако, врвот на среќата е кога ќе ти се роди дете, но тоа не е причина за да частиш „што пие кафана, ми се роди син“. Тоа е повод, а повод може да се најде апсолутно во сè. Исто така, она што лично мене ми пречи, ама лично мене, е што е некое правило, како што многу девојки овде напишаа „мене би ми било чудно, па дури и би се налутила маж ми да не прослави во кафана“. Не сакам правила и ставање на емоциите во рамки, особено не оние кои ми делуваат нелогично, како конкретниов пример. Фрлање пари и пијанчење, славење на успехот на жена ми што износила здраво дете 9 месеци и сега лежи во болница. Заедно, ако ни е мерак, да... ама јас сам, додека она лежи у болница, не. Ми нема логика.
Најискрено мене не би ми пречело ,би имала разбирање и би го почитувала личниот избор на сопругот за начинот на кој што сака да го прослави и обележи раѓањето на новиот член во семејството.Ако сака во кафана,бујрум...нит ми пречи ни ништо,ниту ќе го терам да оди со сила,ниту пак ќе го спречувам. Верувам дека овој е еден од најзначајните моменти во животот,полн со емоции и топли чувства,спомени кои долго остануваат во нашата меморија и сосема е човечки и оправдано човек малце да се опушти,развесели па и да претера малце со пиењето.Нека пие ,денот е таков!Не е секој ден Велигден! Секако ова не е индикатор дека понатаму тој би бил несовесен и лош родител, едноставно е човек кој сака само да ја изрази и сподели сопствената радост и среќа со останатите преку добра дружба и музика.Зошто да не, па луѓе сме од крв и месо не мора цел живот да бидеме како подвижни кипови,ладни и резервирани,стерелизирани од секаков вид на емоција и доживување .Некогаш мора да се излезе од шаблонот на секојдневието.Зар не е во тоа убавината и суштината на животот? За некои славењето во кафана можеби е сељачки..ок..кој како милува,за вкусовите не се расправа ама има кафани и кафани. Иако лично не ми се допаѓаат третокласните биртии со певаљки кои повеќе фалшираат одошто пеат но,кој да ги слушне кога пола од присутните се дрво пијани а, останатите се разбираат од музика колку што се разбира магарето.Нема врска ..сето тоа го компензираат пар добри цицки и нозе.Навистина е невкусно да ја дрпаш и зјапаш певаљката додека женати е штотуку породена ,тука нема оправдување.За среќа постојат и некои покултивирани ,попристојни кафани без певаљки.Мене би ме загрижило повеќе сознанието дека таткото на моето дете се пали на некоја друга таму а,јас со неговото потомство лежам во болничката соба. Не гледам ништо лошо во фактот додека јас сум на болница со бебето ,ме боли секое делче од телото,изморена и исцрпена учам нови работи за мајчинството ,се жртвувам и себични се очекувањата на некои светот да престане да се врти околу сонцето и сите да почнат да се вртат околу вас а, најмногу сопругот.Па бидете малце понезависни и снаодливи не сте ни првите ни последните кои родиле,не треба да се претерува и оди до екстреми и ултиматуми.Ако неможам јас нема ни тој!Тој колку и да сака да ми помогне не е во можност за тоа се таму сестрите и докторите,посетите се ограничени само во болничкиот ходник. Многу повеќе би ми значела неговата помош и поддршка кога ќе стигнеме дома.Е тоа е веќе друга приказна...
Чудна работа како се менуваат гледиштата во животот, како мала и јас го сметав ова за неправда, зашто жената изнемоштена во болница, а мажот да слави. Но тоа едноставно така мора да биде, од природата е дадено така. Нормално дека мажот треба да слави дека му се родило дете, тоа е најголема и единствена среќа во животот, што не се мери со ниедна друга. Сите треба да слават, не само таткото. И ние жените би славеле да не сме во болница штотуку породени, но мажите ли ни се криви што така „одлучила“ природата? Славење, мекици со најблиските и споделување на среќата е нешто најнормално. Искрено не би ни сакала маж ми да дреме во болница (дури и да може) цели два дена со мене додека сум таму место да се весели, што ќе не може кога ќе дојде бебето дома. Таа среќа треба да се прослави, кога не можам јас треба тој. Нормално дека прво ќе биде со мене и ќе ме посети и ќе се израдуваме и двајцата, ќе се увери дека се е во ред и ќе го види бебчето па ќе оди да слави со блиските. Не го гледам славењето како нешто лошо бидејќи си го знам партнерот и знам на кој начин би прославил. Оној што во славењето наоѓа причина за да „откачи“ таков ќе биде секогаш и без ваква причина за славење. Така да, не ја барајте вината во славењето за доаѓање на нов член во семејството.
Посебно болдираново ми падна во очи, зошто таткото да не може да се весели кога ќе дојде бебето дома? Па има ли поголема радост и среќа да си со своето дете под еден кров. Самата помисла, самата насмевка на твоето бебе, треба да ти биде повод за славење и среќа. * Само што тукa станува збор за тоа кој како си ја сфаќа среќата и на кој начин ја изразува. Најправилниот начин, според мене, е оној со кој среќата ја носиш во себе, ја чувствуваш, ја споделуваш со саканите. Не е правилен начин на изразување на среќа-чекај до кога да дојде бебето дома, да се провеселиме, да се опиеме, џумбуш да правиме, без разлика дали таткото ќе се валка по земја во алкохолизирана состојба или има "добро пијанство". Доволна е насмевка за да таткото ја изрази својата среќа. Доволно е едно скромно (во границите на семејниот буџет) фамилијарно собирање и прослава, бидејќи истите луѓе ќе треба да ги пречекуваш и во наредните месец-два на повојница. Се согласуваме дека не се согласуваме во начинот на изразување на среќата Славењето не е лошо во никој случај, изгледа во темава има разијдување само во поглед - на кој начин да се слави. Расфрлањето по кафани за мене е многу хедонистички.
Ама па музика и гужва од луѓе кај дете старо неколку дена - и тоа не иде. Нели и постојат некои верувања дека до 40 дена, не се оди во посета на новороденче. Затоа мекици и такви прослави се прават додека жената уште е во болница (барем во случаите каде јас сум била). Денес ја прашувам мајка ми за ситуацијава, нејзино видување и ми вика: Абе факт е дека мажот не може ништо да помогне додека жената е во болница. Дете се родило, треба да прослави со најблиските. Не ќе седи сам дома. Сестра ми од таму се јавува: Па може со тебе да седи и за рака да те држи. Мајка ми: Да бе, ќе ме држи за рака! Јас ако сум во болки, колку сака нека ме држи. До душа, јас лесен пораѓај имав со двете, болки немав.
Не си ме сфатила што сакав да кажам. И јас сум за мекици и најблиско семејство, без многу хедонистичко расфрлање и докажување по кафани. А за среќата и веселењето дома кога ќе дојде бебето, тоа го реков дека се внатрешни емоции кои се најсилни кога и бебето е дома и неговото присуство треба да биде причина родителите да бидат среќни и весели, а не дека треба пред него да слават. За славењето си кажав, скромно (секој според свој буџет) и во кругот на семејството. До 40 дена "по правило" не одат на повојница, но поблиските одат. Јас сум одела кај братучедите и пред 40 дена, бевме многу блиски и не можев да дочекам да не ги видам внуците и внуката Ама и пред 40 дена и после, пак се тоа трошоци, кои пак ќе повторам, се за убаво, ама сепак се трошоци.
^ Мене тоа ми е чудно - зошто се фаќате за локацијата како услов за пристојна веселба. Прослава во кафана/ресторан (што и да е) е полесно за организирање, нема неред за чистење таман пред да дојде бебето дома, а може да биде и поефтина варијанта. А ако некој сака да се „свињосува“ (како што некои пишаа овде), тоа може да го прави и дома. Само затоа што прославата е во домашна атмосфера, не значи дека ќе биде скромна. И обратно.
Мислам дека се тоа две различни работи. Радоста за бебчето секогаш постои и се искажува уште кога ќе дознаат родителите за бременоста и нормално се искажува цел живот покажувајќи ја љубовта кон детето. Ама славењето како поим славење е друга работа, а тоа е обичај и нормално да се направи пред да дојде бебчето дома. Веселбата секогаш може да е пристојна или непристојна, каде и да се одвива, како што кажа и AnaKarenina. Тој може да е начука и дома, може да се начука и во кафана. Се зависи од човекот.
Не постои правилен и погрешен начин, освен ако не се оди во екстреми, туку просто различни луѓе, различни карактери. Некој и кога го доживува најголемиот оргазам во својот живот глас нема да му слушнеш оти ќе се стега и ќе си држи во себе Друг ќе пушти глас колку што ќе му дојде во моментот. Едни кога се среќни се смејат гласно, живи се, гушкаат, бакнуваат, други пуштаат солзи, трети не менуваат израз но во себе бура им се случува. Има многу што можеби би сакале да ги викнат сите што му значат и да ги почастат оти станале татковци и да славаат цела ноќ, ама финансиите не дозволуваат па затоа се одлучуваат за скромна прослава. И тоа е тоа. Не постои еден правилен начин, затоа што не сме сите исти и добро е што е така.
Па што ако отишол во кафеана мажот,па што ако се радува за своето штотуку родено бебче? Секако дека ќе слави,ќе се испијанчи,но секако до одредени граници. Па што има лошо во тоа?Лошо ли е да се радува?Секој ден деца не ни се раѓаат. Не е важно колку деца имате,мажот на секое ќе се радува,како што се радувал и за првото детенце. Друга тема е тоа тој да оди по кафеани,а вие дома со децата.Јас одењето по кафеани сам не го оправдувам и со и без деца.Едноставно не е во ред секој сам да излегува од дома,па поготово во брак. Инаку за ова славењето за своето дете си го искажав моето мислење и немам апсолутно никаква замерка за тоа,ниту пак осудувам некого.Да и јас најискрено ќе се радувам кога ќе слушнам,здравје Боже,дека мојот маж ќе се радува на нашето штотуку родено дете.Па што има врска ако вие сте во болница,и вака и така не можете да дојдете или да правите било што,а зошто па тој да не си прослави?
Јас не можам да ги сфатам тие кои се против славењето на татковците. Абе луѓе матури, дипломски славите ( се надевам повеќето), а раѓање на бебе, најголемата радост не сакате да се прослави? Патем во мојот град на крофни се викаат најблиските. Така слават татковците. Се што е за арно, за убаво не ми смета.
Мене ми е грдо која некој тазе татко се испијанил, се направил дрво, не знае по пат да оди, па на крај заборава и што слави. И затоа еден татко во кафана ја нарачал песната Сине мој. (потсете се на на Уутјуб.) А, кај нас на Балканците не им ни треба повод за пиење. Се имало, се намало, повод, пари, време, абе ќе се пијаниш до даска, чарши ќе кршиш. Ако е машко детето, обавезно и жива музика ќе викниш. Ако е женско, у, пу пу, не смее музика во живо. ** Спојлер По поразвиени земји, роднините ни кажуваат дека ќе се развеселат дома, онака скромно со мезе и право в кревет, на работа си другиот ден. Нема ко кај нај.