Абе тоа света пресвета крв е. Не ја давам на друг. Јас си го родив, јас се мачев. Моја е честа да лежам, он нека скока и на сила нека гнете, секако е небитен и под мене.
Ептен блиски славеа дома дента кога се роди внуката,а на трети ден и мекици правеа. Со музика, со караоке, со сѐ. Во странство се роди бебето.
Ова е новото ,,остави ја, има добиено". Друг пат, ако имаш некаков став за нешто по дома, да се извиниш со време, затоа што ти немаш идентитет кога си бремена или имаш добиено. Ти ништо не знаеш, ти појма си немаш, хормоните ти го поматуваат мозокот. Имаш во ракавот уште некој друг стереотип? Нема потреба да ми се правдаш и да ми објаснуваш колку вие сте современа двојка. Кај нас дома, кога мажот ми е на работа, ме врзува, се десило неколку пати да избегам, па мораше построги мерки. Кога ќе дојде дома, ме пушта околу зграда да свртам круг. За излегување подалеку, строго за рака и со него. Бидејќи таа слобода, само ти и твојот маж ја уживате. Блазе си ти. Немаше потреба да споделуваш за тоа колку маж ти е фраер и те пушта да излегуваш, претпоставувам сите сме доволно созреани да сфатиме дека обратниот тип на функционирање е останат во минатото и кај одредени фалинки со балкански мутирани гени. Јас на друго алудирав, но очигледно не си сфатила на што, па мораше да додадеш имагинација и фантазија вон она што го имам напишано, за да се чувствуваш подобро за себе. Што е сосема океј, бидејќи е битно да оддржиш репутација на форум.
ПРЕбуквално сте го сфатиле она со шаторот ама океј Поентава беше дека баш од возбуда не слави додека не ја види жена му и бебето.
@Alexandrite Не го кажав во таа смисла. И јас бев бремена и верувај знам како е. Многу лошо ме сфати. Не сум го кажала во таа смисла ниту го помислив. Туку едноставно малку звучеше грубо према тебе со тоа демек да не ти ставиле забрана. И ете пак се почувствува нападната.
Не реплицирај, ќе почне пак ќе нема да можеме крајот да го најдеме. Се прашувам што следно ќе каже само..
Шојма да прам трошоци јас тука сега за бебето во странство. Инфлација е. Тоа ќе има убав живот таму. И без нашите мекици ќе порасни
Најблиските комшии кај моите фамилијарно се сите отидени во Австрија. Кога се породи снаата, мајка ми правеше мекици и частеше низ маало, од ќеф. Другарите на таткото седнаа во двор и со него на камера цела вечер се свињосуваа а богами и он со нив ко што слушав
Ќути, еве гледам од непочит веќе ни муабет не прават Брат ми е во Германија. Кога ќе ми се роди внуче, јас ќе ги пукам огнометите што беа посакувани за моето бебе Без никаква почит спрема брат ми, идната снаа и идното внуче има да прославам на велико