Доволно е,повеќето од членките не се мајки,кога ќе дојде моментот можеби ќе ги обземат поинакви чувства и ќе сфатат тогаш,затоа милион мал пати сум рекла на форумов,теорија и на своја кожа не е исто. Не е во ред таткото да се влечка мортус пијан по кафани,најверојатно така си го замислуваат славењето па затоа се против,за такво свињосување и мене не би ми било сеедно и тоа не само за мекици туку општо.
Абе некој ако си има тенденција да се влечка мортус пијан по кафани, нема да чека дете да му се роди.. ќе си се свињосува без повод. *Свињосува ми стана омилен збор од вчера
Одличен момент да отворат очи со кого се и со кој ќе се мажат. Ако сега се пијанчи, не, нема да се просветли во матично и да престане
Ако партнерот не ми покажал цела бременост внимание и грижа, баш ако не се напие за рожбата ќе покаже колку ме цени. Јас се напив на добивањето прв внук, прво бебе во фамилијата не па маж ми утре на наше дете, само да е живо и здраво. Има цел живот да ми надокнадува внимание и да си го чува детето.
Бар едно смајли шо се кези да ставеше. Инаку како шо имаш пишано, се разбира дека "превише очекувања имаш од партнер" П.с по можност и да не свршува
Мене ќебапчиња. Кај ги спомнавте, во нив умот ми остана. Чекам да подзалади да си купам, ќе се ќебапчосам ќе се свињосам
Ааа не така Почекај некоја од труднички да се олесни, со повод треба да биде свињосувањето. Вака нема да ти лизга
Да да, ќе почекам, таман ќе имаме есенски мамички. Ќе јадам ќебапи, да си кажам однпред, да не испаднам неемпатична.
Абе кафани има, друштво немаа. Нема разбирачка со вас, не реков дека за дете у странство не може да се слави, и те како наздравував - ви кажав дека сеа дозволено е на сите на слават што се мене тиче. А инаку знам дека без моја дозвола никој немаше да слави.
Како некои замислуваат славење новороденче : Troši dane na piće i kafane Po tri dana ne može da stane A on ludi se kada sunce svane Oko njega male, đilkoši, budale А уствариии...
А шо има лошо и да се испијани? Дете му се родило бар има причина. Кога може да се испијаниш на ергенска оти да не кога ќе ти се роди бебе. Е сега да стигне до инфузии да повраќа и слично не доликува на возрасен маж без разлика која е причината за пијанството.
Абе немојте кебапи кој знае што има во нив, ние раѓаме, мажите нека јадат тоа нека се отрујат чим сакаат да се свињосуваат
Па нема ништо лошо. Сите сме биле некогаш и земја и брука. Ама сеа пази ако е пијан како ќе се понашал, па како ќе одел да ги земе од болница или да однесе нешто. Таму се врти муабетот пак, он не смее бе, кратко јасно.
Да се напиеш и да се опијаниш ми се две различни работи. Сум пиела алкохол милион пати, и ме фаќало исклучиво до степен да имам маала вртоглавица ама пак нормално зборувам и одам и гледам. Значи ич да не ме познаеш дека сум се напила. Повеќе од тоа никогаш си немам дозволено. Едноставно кога ќе осетам ефектот дека почнува, тука прекинувам. Башка и никогаш не пијам ако притоа не јадам. Пијанчење кај возрасни луѓе ми е само сељачизам.
Неколку работи, всушност: - Најбитно, практично ќе е недостапен за жена му, ако се случи нешто или ако и затреба. - Зависно од каков пијаница ќе е, може да е опасен за околината или за себе. Не сите се однесуваат исто кога се пијани. - Ќе биде мамурен и наредниот ден, практично пак недостапен за жената и бебето, ако за нешто притреба. - Едноставно е патетично возрасен човек да изгуби толку контрола врз себе и да не може да се исконтролира. - Зголемено времетраење во кое ќе го хорда времето во WC за да го исфрли алкохолот од еден излез или од друг. Мојот став на темава е секој да прави како што сака. Ако двајцата се согласни да слават, нека слават. Ако едниот не сака да слави, не треба да слават. Или може да направат некој компромис за помала собиранка. Ако е дозволена посета за таткото, лично не ми е разбирливо како не би сакал да поминува време за да се поврзе со бебето. Прославата може да ја организираат и други лица како баби и дедовци. Ако не е дозволена посета, како сега ради коронава, тогаш не гледам проблем ако слави. Всушност има и со тоа проблем. Има причина заради која посета не е дозволена (пандемија), ама добро, во Македонија го игнорираме тоа дека постои. Најбитно за мене би било, што и да прави да е достапен за мајката и за бебето, ако им затреба за нешто. Така да пијанчење и те како се коси со ова.
Ајде и до пијанење стигнавте ко по 17 години да ви се мажите, па да ги контролирате. Па дури дека хитно ќе затребал па нема да биди достапен на толку пиење. Да му се одслави на човек. Триста процедури. Јас мојот не знам ни што пиел, ни колку пиел, ни што јадел.