А си прашала некогаш некој маж како се осеќа кога ќе му се роди бебе? Или мажите не се прашуваат за емоции, само за мезење
Ако се породиш природно и ако си носиш храна со тебе може. Ако си царски 2-3 дена не смееш ништпо. Првиот оброк даваат некоја водичка со вегета, ама викаат супа било.
Цимерката само што ја донесеа од бокс во соба си излапа еден хамбургер. Мене многу ми се јадеше после првиот пораѓај,дека цел ден залче не ставив во устата
Славеше маж ми и двата пати додека бев во болница. и го терав да биде додека бев таму, за после дома да си дојдам на раат. И онака никој не сакав да видам и после двете породувања.... Жената што е исклучена од славењето не е поради ништо друго туку поради зравствени причини - таа е подеднакво, а можеби и повеќе од бебето подложна на вируси бакетрии и инфекции по породување. Треба да се минимизира контакт со надворешен свет барем во првите две недели. Да не ме сфатите погрешно ни јас не седев цели 40 дена дома, но дефинитивно не сакав да шетам по кафани и да се дружам со луѓе....
Ја со царски се дупнав од јадење Актибиа тие 3 дена. Додуша после пораѓај течности само, после носеа болничка храна ама не ја јадев. Затоа ги таманев овошните пудинзи. Е ми се прифаќа мекица што е право ама издржав до дома да дочекам печена кокошка за ручек.
Ништо не даваат мме срц. Умрев за јадење ми се плачеше а морав гладот да го залевам со сок од јаболко
Мене Чка ми донесе бурече, се смилува жената и одма дојде да ми прошверцува. Маж со чорба ме прокара, као тешко ќе ми било на мешето теста да се буам Ама ова утредента. После царски си на интензивна , бар 15ч, е таму освен вода и бистар сок, ништо друго нема Али пола време спиеш , пола честитки примаш. Немаш кога да мислиш на лапачка
Ова е контрадикторно зошто ако таткото оди по кафани он може да донесе нешто дома. Џабе ако јас не контактирам со никој освен со еден, а тој еден со 100. Ама тоа се тие двојни аршини што ги нарекуваат. Која злоба излезе овие денови на виделина на темава
И пред да родам не сум била. Оти не ми е забавно. ... шо знам... *Не памтам во Битола да се прат мекици за бебе. На повојница се оди, отко ќе се роди. Ама то, секој-како ќе се договори, не организирано во група.
Дап. Ни една фамилија, бар во мое опкружување, не дава мекици за бебе. Ми се чини прво за бебе се прај турте за запче. *Заборајв да додам, најчесто баба ги раздава туртињата, по татко, а можи и по мајка. Од куќа в куќа кај блиски роднини и пријатели. Колку деца се родиле околу мене, секогаш најблиски се частеле дома. Ко се роди исто памтам, дома. Ко брат- сестра кои се во градот и толку. И комшиите со кои делевме куќа. По ден два бевме со татко ми кај кумот да потврди име, пошто мојот кум починат, родителот негов не дојде на денот. Ни 10 луѓе немаше. И после повојница после 40тина дена од кога закрепна мајка ми. And that's it. Е са беше гласно тој ден иако не бевме многу луѓе, и ми сметаше, ама то е поќе ради мојата сензитивност на звук. Инаку и чоек да сака да пиши мислење не можи ради иронијата шо ја користите. Али секогаш велам, ко ќе исмеваш некој то збора за тебе не за другот. Така да, have a field day, ladies.
Го носиш 9м, се боцкаш секој месец, уште па тие со клексани шо се боцкаат ауу, го раѓаш со саати, ти стискаат цицки ѕвезди глеаш и он летва у каФана ќе славел. Шо ќе славиш, абе 2 шамара...
Иронијата не е заради различното мислење туку за многуте небулози што се изнапишаа,нелогичности,прво зошто одел в кафана,па проблем бил бројот на луѓе со кои се славело,па зошто да ЈАДЕЛ,па зошто да славел без мајката итн итн. Најлогично и разбирливо е да не сакаш да се опијанчи до бесвест,ама ко шо рековме опијанчет до бесвест не го сакам ни за рандом излегувања и така
Мекиците не се тема. Ни турте ни повојница не знам. Никој не пропиша како треба да изгледа прослава ко ќе се роди бебе. И не верувам да постои цивилизација на земјава кајшто не се прославува. Ама да кажеш не го пуштам мажот да прослави, или шо има да се слави без мене е скроз друга димензија. Али вие си знаете.