Сум мислела на темава и пред тука да прочитам, нека слават нека се радуваат мене само ептен ќе ми е "криво"пошо многу ми се иде по кафани, на музика, ептен сакам луѓе и искачања па едвај ќе чекам да можам во прва прилика и јас да си прославам со мое друштво
Знајш, нема повредени во договор за славење меѓу брачните другари. Така да, да, секој си знај за себе. Сепак немало потреба од припаѓање во несвест дека некој неќи да слави. Who thought. Па не е и е во исто време. Му напнавте на @WildMk зошто не ја викале на славење за бебе и јас кратко опишав тука како личат тие прослави. Ретко се поголеми од то шо опишав. Во мое искуство де. Да, то се случва ко ќе две страни не се спремни за дискусија туку пробват шо поќе во екстрем да одат за да останат на своето. Само продолжете да труете со 30 страни иронија, сигурна сум дека е продуктивно. Еве и јас искористив иронија. За да не сум офтопик.
Точно е ова. Еве поназад имаш црна хроника дека може мажот на прославата да заболе од корона и да му пренесе на бебе и тоа да почине. Поекстрем од ова нема.
Нема дел шо не е реален од ова, за време на пандемија. Мислам можиш да игнорираш ама поќе незаштитени контакти се предуслов да се заразиш. Дури би рекла наивно е колку се зема за црна хроника, а не за реален факт за реална болест шо се пренесва со контакт и то многу лесно. Мислам јас би знаела, ко беше пандемијата немав контакт со поќе од рака луѓе. Ни рака не беа. Еве неодамна трет пат фатив али ок, третиов пат не се пазев толку ама првите два од ведро небо ми се чини беа. Лесно се пренесва. Игнорирање и негирање на ова е наивно. Да, ни болницата не е најбезбедна ама зато има протоколи. То е нешто неизбежно. Ама зошто да зголемиме ризикот? Една знам пиша дека таткото ќе е убиец на свое дете, јас не се согласувам со таквите екстреми ама дека можи од толку контакти да донеси корона пошто било активна пандемија - јбг, реално е. Буквално реално и буквално се случва околу нас.
Јас заболев кога бебето имаше 2 недели, кога седевме дома во најладното и кога имавме контакт само со домашните во куќата. А цела бременост одев на работа,без маска,меѓу луѓе. Короната е тука, да, ама не може ние да се затвореме во 4 ѕида и да немаме контакти со други. Чинам, сега и короната е изговор за некои луѓе со чудни сфаќања. Да не беше она, кој изговор ќе го имаа оти не сакаат мажот да часте за нивното дете
Сигурна сум дека негде претходно и ова го пишав, ама - само оти нешто има голем ризик да се случи, не значи да преќиниме да се пазиме и ризик факторот да го дуплираме. Ама на крај на ден, секој си знај за себе. Моите одлуки само мене можат да ме повредат, исто како шо твоите одлуки само тебе. Јбг.
Не заебавај и ти, пандемијата не е изговор, туку факт. Уште луѓе умираат, кога веќе е 'ослабен' вирусот. Ама па... секој си знај со шо е спремен да живее, со шо не...
Пандемијава две и пол години е изговор за многу други работи не само за ова. Све е до карактер. Јас заболев од дома, не се дружев со луѓе и?
Ама факт се и други болести што ги има,а на кои сме изложени секој ден. Само ова дека е ново и затоа сме окупирани со неа. Мислам, во секоја тема се спомнува короната
6,5 милиони луѓе умреа досега. Не е оти е 'ново', туку оти е висок процентот на смртност, плус - заразно е.
Извинете, славете - ако славите, исти к*рац ми е, се' додека мене некој не ми кажва шо да славам-како да славам, ама овде повлеквам линија: Пандемијата не е изговор
И јас то го реков во првично мислење за првите х2. Заболев од дома. Е толку лесно се шири. Одење контра и мешање со луѓе е зголемвање на веќе постоечкиот ризик фактор. После секое прележвање наново учам да дишам и да се качвам по скали. Не е наивно. Барем во мој случај. Инаку за еден дел неќев да се едитирам оти поминаа 10 минути @forumce па ете сега посекако пишам пак. Сфаќам дека спротивен став прво го доживуваме како чуден, ама е само уште еден став во "базен" од ставови кој е сосем нормален.
Па за мене не е нормален ставот дека маж ми треба да постила шатори пред болница, јер во болница ваљда има доктори што повеќе знаат од него. Не е нормален ставот и дека не треба да јаде додека јас сум таму. Ама, да прекинам, многу сум драматизирала
Не се САМО болести во прашање. По мене тоа славење по кафани е да се покажеме кој колку има. Или ко цимерката што ми рече ќе кажат луѓево не славиме пошо девојче родив. Ти си среќна имаш машко. Нејсе, се слави затоа што жената е небитна. Она родила, ама овој станал ТАТКО еј каква титула и повод да се испијани па 3 дена да ги преспие. Ова уште од времето си останало, тоа е тоа пстријахално воспитање. А вие викајте ги свекрвите и мајките дури сте во болница дома да ви средат, испеглаат, исчистат, измијат цуцли и шишиња, излуфтираат дури се отрезни маЖ, пошо он уште 6 месеци нема во раце да го фати бебето ама битно татко станал во кафана. За земја со леб по цена од 64 денари и плата 18.000 изгледа сме стварно богати да плаќаме мени во ресторан од 10еу за мекици со оро играње и 100 души. И хаљини да шијат бабите. Мое мислење е дека овој трошок треба да се заборави и пренамени за бебе, за после да не собирате денарчиња од каса за млеко пошо што ќе каже народот ако не си даде кафана таткото. Мекици се прават и се раздаваат по луѓе.
Епа ко веќе користиме "нормално", шо имплицира постоење на "ненормално" и во здрава дискусија се избегнува е точна причина зошто темава излезе од колосек. Ко веќе користиме, не ми е нормално и не е нормален ставот да се слави во кафана, ко за свадба, без родилката. Нормално ми е мажот да јади, ама не и да се препива и не ми е нормално некој да не можи да контролира интејк алкохол само оти слави. Исто кафани, ију, зошто постојат? Не звучи убо, хм?
Уште ова и толку Маж ми два пати частеше за децата и ниту еднаш не се опијани да не може да оде и да се влече по тротоари,и да се отрезнува со денови. Ни свекрва ни мајка ми не ми чистиле и средувале дома, туку маж ми. Тој ги и бањаше,држеше, хранеше и се што треба да праве еден татко. Не частеше оти јас сум небитна или оти он станал татко. Частеше за раѓање на наше бебе. Стварно многу драмите. Да му се одмили на човек денот кога се родило дете.