Замисли , 9 месеци те тинтраат,ти идат по гз, дали ти се јаде,дали ти се пие ,дали сакаш да спиеш,дали сакаш да шеташ, се тресат над тебе на секоја болка , треба да се молат по доктори да влезат внатре на преглед за да си го видат бебето на ехо ,пази СОПСТВЕНОТО дете, колку само пати не го пуштале внатре на преглед ,душа ми се кинела и на крај уште да му речам ,не може да славиш ке седиш дома. Која себичност Феминизмот ви е квази
Не сум кажала некому дека мора да славе. За разлика од тоа овде мажите се нарекувани пијаници, дека се свињосуват,дека не им е гајле за жената ако частат,дека не им е гајле за бебето, дека ќе собирале пари од касички за кравјо млеко на 2м бебе. Не знам кој навредува во случајот. Ако некој се е навредил од моите ставови нека ме извине,ама никој не навредив, освен што кажав дека е себично ако таткото сака да славе и се веселе, а жената не дозволува
Ама ти така гледаш на ова. Оти ти мислиш дека не се радуваат на дете тие што не слават, дека мажот е 'ускратен' ако не слави. Јас не мислам така. И сеа, треба ли ја да ти кажвам да не славиш и ти, оти јас мислам дека не треба?
Леле овие па со се слави животот и слични патетики, аман заман На темата правете како што ви е договорот, јас и мојот партнер имаме договор дека нема потреба од тони алкохол и скинати маици за прослава на раѓањето на дете. Не зошто јас нема да сум на прославата, ако сум се решила да раѓам ми спотребала прославата, ама он, таков каков што е и каков што го сакам, не би славел на онаков начин како што се слави кај нас дури јас сум во болница. Во суштина секој нека си се договори како сака и никаков проблем не е
Јас кажав кој како сака нека праве, само е гревота да се навредуваат татковците оти во момент на еуфорија и среќа сакаат да се веселат и почастат. Сепак за бебето се веселат.
Е таква сум бе. Себична сум Мој е животот и ќе го живеам јас како шо сакам. Ко ќе живеам за тебе, тогаш ти ќе кажваш каква да бидам. На маж ми му е тамам, битно ли е тебе како ти изгледа? И обратно. Ако меѓу тебе и маж ти е тамам, шо те боли патиката на другите како им изгледа?
Е животот е твој ама спермата не е . Сама дете не можеш да си направиш јбг,не си само ти битна у приказнава
Ама твоја е спермата, или од маж ми? Ај размисли... Со кој треба да се договорам? Со тебе? Со комшиите? Со таткото на детето?
Интересно е како само низ та перспектива гледате. Како вградено да ни е прво маж да усреќиме и ко та среќа да е поважна. Нејсе. Ако само едниот прај како шо сака не е компромис. И славење со сите салтани, ако едниот партнер неќи - не е компромис. Еве мажо неќи да слави, жената со сила го тера. Та сака тој да слави, тој чека од болница да излези и бум, проблем. Не е компромис, пак. Врти ја како сакаш ситуацијата. Партнер не треба да ти забрани. Треба да ти кажи шо му смета и да најдите заедничко решение. И жената да гризни уста и да преќути - не е компромис, исто како шо не е "да му забрани" да слави. Пошто до решение се стига заедно и да се најди средина шо одговара на двата ако се има различен став за ист настан. И ова го мислам за сите аспекти на заеднички живот, не само за ова. Ако ова е неискуство, неќам да знам како е "искуство". Sounds yucky. За "нормално", пак, не коментирам оти не е аргумент и од таму нерелевантно. Кажвам, да не мислиш не прочитав.
57 страни се испишаа и јас сеуште не сфатив ЗАШТО некој не би сакал мажот да прослави за раѓањето на детето !!
Ништо. И сосема ни е во ред тоа. Кога ја земавме од болница беа и неговите и моите присутни. Дома. Немаше свечени ручеци. Ко да се дома се понашаа. И' фрлија пари.. оти така бил адетот.. Мене исто ми се фаќаше. Се' шо сакав е да легнам, да поспијам. Ама од друга страна пак... убаво ми беше кога ги гледав како се топат над нејзе... После на повојница си одеа кај моите/неговите, тие што се подалечни роднини, нивни колеги, пријатели... Кај нас, блиските додјоа. После имаше роденден и крштевка на годината. Сакавме во кафана, без жива музика, за да не вртат ора... ама не ни успеа плано. Си изнавртеа на касетофон Јас бев фатена во кичмата, баш тогаш... Личното славење ни беше кога ја капевме прв пат. Кога прв пат ја легнав гола на неговите голи гради, за да го помириса.. оти на мојот мирис е навикната, на неговиот не. Како некое змивче се виткаше... долго, суво... Тоа ми значи. Малите моменти
Сума сумарум, треба да се земат во обзир и желбите на таткото. Ако тој сака да прослави, дали е океј да му се наметнува желбата на жената дека не треба, и да му се наметнува вина дека не е добар сопруг, татко и општо човек, поради тоа што сака да го прослави раѓањето на вашето дете, на денот на неговото раѓање? Едит: воедно и да го прослави фактот дека жената која ја сака, доживеала нешто посебно како што е пораѓај?
И уште ова: Не значи дека не те почитува ако слави. Не значи дека те почитува ако не слави. Славењето и частењето е најмалку битно,кажав назад. Она што следува после тоа е предизвик и тука мажот треба да се покаже колку ја почитува жената
Не. Како што рече погоре @theowndemon треба да најдат заеднички компромис. Бракот е сплет од милиони и милиони комромиси. Всушност, со кој и да живееш, компромисите се составен дел од секојдневието. 'Непишани договори'... најчесто.
Така е, компромис. Но тешко е да се направи компромис ако жената е цврсто убедена дека не треба никако да слави додека она е во болница, а мажот сепак сака да обележи макар и со некоја пијачка дома.