Океј? Нормално дека целокупно искуство е важно за почит. Ама то не го менва фактот дека ако нешто ти смета - треба да го кажиш за да стигните до заедничко решение. Еве лично, нема да сум среќна ако знам дека јас доминирам партнерот за некоја одлука, ама нема да сум среќна ни ако сака да ме доминира за некоја одлука. Златен компромис. Секој дава делче. Искрено, во то лежи та почит низ цела врска.
И тоа е индивидуално. Мене, би ми изгледало како да не ме почитува. Може сум лигла и себична, ама сакам најблиските да ми се 'при рака'. Исто и обратно, ако близок ми боледува, последно нешто е што ми иди да славам. Знам дека не е болест, ама за мене беше. Оти бев со тешка пост-породилна депресија. Цела бременост ја поминав без терапија и на крај ме удри, ме откорна. Никогаш нема да си простам што првата година не бев способна да си го гледам детето независно од други. Искуствата ни се различни, затоа и гледиштата ни се различни...
И понатаму новороденчиња не умираат од корона, поголеми се шансите сите останати да бидат лошо. И да не е корона, ќе се морбили или нешто трето, мислам освен ако не ви е идејата дека не треба никогаш повеќе да имаме социјален живот, ок, никој не може да ве натера да се движите меѓу народ, избор е. Од друга страна, кога ти имаше бебе, немаше корона, па доаѓаме до тоа дека сепак се многу повеќе причини него страв од зарази. И ок е, ти и маж ти можеби не сте толку социјални битија, ваш е изборот, ваше право е како сте направиле, на крај на краиштата сите имаме различни адети во однос на славење новороденче и сами бираме колку ќе примениме, колку нема. Ако се двајцата ок со договорот, нема фрка. Ама некои изложени ставови, не, не се реални и зборуваат за сериозно токсични односи, посебно кога ќе прочиташ од кого доаѓаат и кои се нивните размислувања генерално - од некој што и онака има 0 почит кон партнерот, не можам да очекувам разумно решавање на било која ситуација. И што е на крајот на краиштата прослава? Никој не рече - да, ок е мажот да се влечка по улици пијан, да заврши на токсикологија па тој пациент да биде. Ама тие екстреми се споменуваат, а не се реални. Со таков мајка бараме деца да раѓаме. Или таков што стварно не му е гајле за жена му, додека таа не знам, на бокс е, а тој у кафана со изгасен телефон. Еве во конкретниот мој пример за ваше поднебје, да, славевме дома, никој не се опијани да се влече по земја, мислам очигледно после до Скопје возев, ни таткото не заврши на токсикологија, кога и да заѕвонеше таа ѝ беше достапен. На кој начин не беше испочитувана, стварно не знам. Пола болница ви ја подмити да ја види.
Ама јас се плашам. Маж ми се плаши. Немавме бебе во пандемијава, ама се тресевме цело време. Пак ќе речам... различни искуства, различни доживувања на иста работа... Субјективна е реалноста.
Неќев. Неќам да му е дојдено до славење, кога јас се борев со емоции, со тоа што ми падна во тежина, со тоа што доев а немав млеко, со тоа што првото асолно јадење и' беше антибиотик... Во мојата глава е: Ние се мачиме со бебево, тој оди да слави со ојле-дојле. И пак ќе повторам, по милионити пат, дека него ни на крај памет не му беше да слави. Размислува како мене.
Како што и се изјаснив на почетокот, прва се пијавувам дека го сакам до себе. Додека сум јас во болница, и тој со мене. Значи од прием до излагање. Не гледам ни причина зошто да не биде. Ама живееме во шит држава кај што таткото не може ни дете да види, жена едвај, а не па да седи со неа 3+ дена за пораѓај.
Ни јас не би сакала ваков сељачизам. Што е различно од веселба, нели. Дефиницијата за сите е различна изгледа, тоа ќе да е проблемот
Во вашиот случај, ти и бебето не сте биле добро. Но што кога и мајката и бебето се одлични? Башка, твојот сопруг исто како тебе не сакал да слави. Значи, исто ви биле желбите. Но што кога сопругот сака да прослави (кога и мајката и бебето се супер) на денот на раѓањето на бебето, но жената не сака тој да прослави затоа што таа не би била присутна или само затоа што таа го родила, а не тој? Зошто такви беа примерите во темава зошто жените не сакале мажите да им го прослават раѓањето на детето на самиот ден.
Страни уназад истото го кажав. Жално е ако имаш таква околина и сѐ шо е убаво да се слави, да го поврзуваш со нешто развратно и дегутантно. Инаку не гледам како може да се направи компромис ако таткото сака да прослави, а мајката не. Нешто као таткото да седи дома сам, да јаде мекица и да се напие чаша пиво уз музиче? Разумен компромис.
Па точно де, и каде е непочит ако јас НЕ се плашам пример? Убаво реков - ваше право. Ама не е универзална вистина дека е непочит, или дека се потчинуваме на маж ако слави.
А што фали на по една пијачка со другарите и фамилијата во кафана, ако се е културно? Битно е да се обележе. Дома или кафана што е битно
И тоа е прослава такоЃе, кај што може да се пие, а дали ќе е скромна или не, зависи од финансии. Што е уствари проблемот? Било какво славење? Број на луѓе? Имање на алкохол општо? Ќебапче или кобасица? Леб или мекици? Кој е уствари проблемот? Ако е пијандура, сам со себе ќе се ошљока, ни кафана, ни друштво му треба. Повеќе ми звучи како тешка несигурност во себе, него како реален проблем, ама ајде.
Мислам ова е тоа. Се живо славам, ништо на соц. мрежи немам. Дур ме имаше можеше и да посведочиш Повеќе на форумов имам слики ставено од мои прослави и настани, него на соц. мрежи. Ама секој со своето.
Некогаш е убо да постираш и на социјални мрежи... Инстант гратификација, не е на одмет. Ама повремено! Посебно ако си склон на зависности... ко мене *Оф-топик... Ама ако.. си простувам, оти досадничко ми беше