Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.376
    Допаѓања:
    31.603
    Пол:
    Женски
    Па и тоа е прослава, не дека нешто фали. Никој не кажал дека славењето треба да е со триста пичке материне во најскапиот ресторан
    Иако за некој тоа е начинот на кој што сака да прослави, и тоа пак е океј
     
    На DarkStormm и forumce им се допаѓа ова.
  2. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Ама зошто славењето го поврзувате со кафана? Кое е тоа правило? Што мора да се наметнува вашето, ако за друг не е правилно и во ред.
    Адетот е да се направат мекици. Ни пијалок, ни ордевер, ни додатоци. Дали дома ќе слави некој со еден двајца, дали во кафана, дали само вечера со најблиските, како тоа ја афектира твојата среќа? Прави си ти како што си замислила, што те погоди на темата некој друг што сака да прави.
    Како ти да не сакаш нешто да направиш, јас да ти речам, -не, мора така, -зошто, -зошто така сите прават.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Па луѓето најчесто не сакаат да прават дома за да не се валка,сепак бебе треба да влезе во таа куќа,а најчесто си ограничен со време,во неизвесност кога ќе излезе мајката.Да не правиме муабет дека таткото сто пати ќе отиде до болница да однесе се што е потребно,значи зафатен е цело време.А не дека прославата дома не чини или е некое понижување.
     
    На mimiiiii, Stressed Out, MissChievous и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    @WildMk еве за да расчистиме оти се' некако осеќам дека не се разбираме на темава, кога ти се породи, значи чинот завршен, воила бебе, честито мајка, ок тебе тешко, мачно, јасно ми е.
    Што правеше маж ти? Оти не верувам дека во соба го пуштиле со тебе 3 дена. Што правеше општо, ако сакаш сподели.

    @Alexandrite тоа е поентата. Прослава е и дома со мекици (или каков и да е адетот, скопски наш се мекиците), а дали со мекиците јастог или сол ќе има, е до секое семејство колку може и колку сака да потроши. Ама и тоа е прослава, макар само со баби и дедовци да е.

    Викам, до дефиницијата е :)
     
    На TheTruth*, fana, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  5. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.077
    Пол:
    Женски
    А зошто треба твоето да се наметнува, а не моето? Нејќам дома оти ќе дојде бебе и нејќам да ми валат дома. После маж ми да чисте ли или да трча по болницата ако нешто ми треба.

    Патем реков не е битно кај е. Не знам зошто не си го цитирала целото мислење
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.625
    Прославување со фамилија кои исто така слават ми е пологично него со другари.

    Туку ме интересира само таткото части у кафана? Дедовците, бабите, тетки, вујковци не?
     
    На cresa-jagoda и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Низ која перспектива гледаме:^) сакаш да кажеш дека поради тоа што мајката го родила треба да е поважна среката на мајката?Среќата на таткото е небитна?
    Нема компромис за силни емоции,радост и славење.
    И не разбра.
    Неискусна си.Не си се соочила со тие силни емоции кои се јавуваат после раѓање.
    Бидејки филозофиите како треба битно и драматично се менуваат после раѓање.
     
    Последна измена: 16 август 2022
    На H.VAGA, TheTruth*, DarkStormm и 2 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    И јас преферирам кафани за секоја прослава оти не сакам дома да ми се собираат луѓе.
    Освен ако е лето, па може во двор, баш убаво местиме за прослави надвор и голем и уреден е дворот.

    Мојата веридба беше во двор до 20тина луѓе, мекиците за бебето во странство со 40тина исто :)
     
    На fana и DarkStormm им се допаѓа ова.
  9. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Не, јас, своето гледиште си го кажав. Не наметнав ништо и на никого. Од друга страна, добив разни осуди како сум бранела на мажот да части, како сум себична и мислам само на себе и ред други небулози.
    И не ти кажав ти да правиш дома прослава, прочитај поубаво, туку освен кафана има и други опции за славење. Која опција ти одговара, таа ќе си ја тераш.
    Но, не значи дека јас морам твојата опција да ја прифатам и обратно.
    Е тука е најголемиот проблем на темата.
    Не се дозволува некој да отскокне од матрицата со свое видување, мора да се почитува мислењето на мнозинството, макар за себе не било правилно.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Зависи до договор тоа.

    Сум била и на заеднички мекици кај што таткото само прави за сите, а и сум била на кај што бабите прават, па на две места се прославува.

    Мекици и на работа редовно за секое новороденче се носи, еве доктор што работам со него баш сега доби бебе, да, донесе мекици, сиренце, мезе за сите :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.077
    Пол:
    Женски
    И за мене е кафана подобро. Вака некој треба да пренесе чинии, да сервира, да мие, да чисте. А тоа е работа.

    Како си сакаш така си прави.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Сум била на прслава во ресторан, ми се роди близок братучед, него и мајката ги немаше. Океј, среќни бевме, весели, ама не ми е то то.

    Да си ги покани другарите без мене да ги почасти, слободно. Фамилијарно сите собрани а мене и детето да не' нема, не. И гледам дека сите шо сме на став не, имаме партнер шо е ист ко нас, и обратно.

    Не мора крајности, никоја не го врзала во подрум, ниту му рекла 'седи пред болница гол и бос, дури те тепат со 5 стапа за да видиш како е'. Различни мислења шо сосема се нормални и кој како сака нека си прај.

    Шо значи давање мекици? Мислам каков е адетот без сарказми прашвам? Треба дома луѓе, кафана, да им однесиш?
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, Lady D ❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.625
    Леле аман мекици па мекици.
    Мекици да однесеш на работа ми е океј и да поделиш на колеги. Насловот е мажот у кафана, не мажот носи мекици на колеги. Ама кој јаде само мекици во кафана?
    Тоа што мене не ми се свиѓа е пиење и јадење во кафана со другари на куп со музика и муабети до касно. Оти јас у кафана правам вака ама секако у соодветни прилики, у секакви услови фала богу не. И да имам причина за славење ако во моментот некој не е со мене, ќе одложан. Чекај, зборевте како без партнер не идете на свадба ама тука он сам ќе слави оти морало баш тогаш. Туѓа свадба не можеш да ја презакажеш ама своја прослава можеш.
     
    На cresa-jagoda и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  14. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.077
    Пол:
    Женски
    Во некои краеви се даваат мекици, дали дома се собират најблиските, дали во кафана небитно. Маж ми носеше спакувани мекици со сирење и благо, на најблиските ги разнесуваше. Не ги собираа луѓето дома или во кафана. Адет е на трети ден да се прават
     
    На cresa-jagoda, WildMk и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    @Munchmallow20 еве ти го воведниот пост, сите се согласија дека не е ок да се пијанчи, а дали е во кафана, дома, пред болница во шатор или во друга земја, е апсолутно нерелевантно за муабетот.

    И да, на пример, таткото на бившиот воопшто во земјава не бил кога тој се родил, па јас поасален татко ретко да познавам, во која мера се има грижено за двете деца, посебно што мајка им била доста болна и долго бил родител малтене единствен. Па таму кај што бил, со луѓето со кој што бил, замисли, прославил.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Мислењево. :puke:
     
    На cresa-jagoda, Lady D ❤️, unearthlysarah и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.625
    И без пијанчење може да изгледа сељо ради самите услови.
    Туку чисто сумњам дека кога слават проверуваат телефон на секои 5 минути случајно да не се јавила жената оти кај смее, собрал другари, мора со нив да муабети.
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.077
    Пол:
    Женски
    Ти девојче поработи на самодовербата и не знам што тражеш со таков дечко каков што имаш. Очигледно е дека имаш проблем со некој што не те почитува,се гледа и дека има голема љубомора.
     
    На fana, DarkStormm и Stressed Out им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Мекиците традиционално ги прават бабите, потоа се викаат дома луѓе, постојат два начина на сервирање - со сирење или со шеќер/мармалад.
    Мене мекица секогаш ме асоцира на славење новороденче, макар ги јадеме нели, и онака :)

    Денес повеќето прават мекици во кафана и можеш да си нарачаш мекици, не да ги правиш, оти е многу попрактично, не треба ни бабиве да месат, ни дома ќе ти дојде народ па нели, бебево таму треба да го однесеш после.

    Како и да е, некои до ден денес дома си прават мекици оти така им налагаат финансии или ете едноставно во духот на традиција сакаат дома сепак да биде прославата.

    Нормално дека не може цел колектив да не собере некој, многу сме, и за дома и за кафана, затоа на работа се дешава тоа носење и давање мекици :)
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, DarkStormm и 3 други им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @simona_baby нема мекици во Битола ама јас сите што ги познавам славеле за раѓање на бебе. Или дома или во ресторан друштво.
    Сум била на многу прослави за другарки, за жени на другари на мм, за блиски, бил и маж ми сам ко славеле само мажи. Не се вратил да не знае да оди, ниту на некоја од жените сметало што сме се собрале да прославиме.
    За првото цело време ми се јавуваше на камера, се слушнав и видов со сите најблиски, фамилијарно беше славењето.

    Ни на крај памет не сум помислила дека на некоја ќе и смета да прослават најблиските за раѓање на бебе.

    И да, имаше многу навреди и за жените што трпеле мажот да слави и за мажите што се свињосуваат. Јас не мислам дека мажот не ме почитува ако прослави, баш напротив, ама такво мислење се наметна дека сме кутри жени за во кујна што служат и дека мажите ни се бесчувствителни говеда што не оставаат на бокс и си прават ќеф во кафана.
    Ама веројатно со такви мажи имале контакт, па сите мислат дека се такви.

    @Munchmallow20 некој подлабок проблем со мажите лежи кај тебе, мој совет да го решиш дури не си во брак зошто многу разочарување ќе ти донесе во животот. И иако не ти одговара на егото, прославата не е за тебе, за раѓањето на бебето е, а и таткото е исто родител колку и мајката.
     
    На TheTruth*, fana, Kitten и 5 други им се допаѓа ова.