1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жената штотуку породена, мажот во кафана

Дискусија во 'Брак' започната од RainBow, 13 мај 2014.

  1. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Зошто одма таа слика ви оди пред очи? Ако некој рече дека славел, одма под дифлот значи дека се направил дрво и не знаел каде оди?

    Одма муабетот дека некој слуша Стоја, ја порачувал Сине мој :^) , носел розеви кошули кои му биле тесни во стомакот и златни ланци (ова во друг пост го прочитав). Кај сте виделе јас не знам такви. Јас каде што живеам и на местата каде што јас одам, се движам, излегувам, со луѓето со кои јас контактирам, дали колеги, комшии, роднини, дали на дечко ми другари, мои другарки, на моите родители пријатели, колеги итн, нема ама баш ни еден ваков. Никој не слуша Стоја, никој не носи розеви кошули, а златни ланци па ич, нит па некој порачува во кафана Сине мој. Од каде ви е таа претстава дека некој славел ако е машко, а ако е женско не? Кај сте го виделе тоа? Мене искрено ова не ми е јасно, зашто сите на ваков стил на славење помислувате? И во кафаните каде што јас сум била, и кога имало било какво славење секогаш било културно. А не сум одела по којзнае какви елитни кафани или ресторани.

    Има вакви, не дека нема, да, ама се многу помалку од оние кои културно слават. И не дека само кај нас ги има, не знам дали сте имале прилика да видите странците како се пијанчат и глупираат кога се излезени.

    Тој што се пијанчи и без повод и со повод, за мене е пијаница. Ако имате вие такви луѓе околу вас или ако земете таков маж секако дека ќе се направи дрво пијан и нема да знае што всушност слави на денот на раѓањето на неговото дете. Ама дека сите се такви, не се. Треба да си ги знете мажите или дечковците. Здравје понатака, јас знам дека дечко ми (тогаш маж), нема да се одвои од мене додека не слушне дека е се' во ред, сигурно нема да се испијанчи, дали и вооошто би пиел, знам дека ќе ми се јавува на секои 10 минути да ме слушне и секако дека организацијата на прославата ќе биде онака како што ќе се договориме. Нема ама баш ништо да направи без мое знаење. Нит па денар ќе потроши повеќе од тоа што е планирано. Не знам, или околу вас има многу вакви "балканци" или не знам што е работава. Околу мене вакви луѓе нема. И јас прославата општо за било што ја гледам на друг начин.

    Моите родители најмали се земале и јас сум прво дете воопшто, од сите нивни роднини и сите нивни пријатели. Така што, сум присуствувала на многу прослави за новороденче. Никој не се направил дрво пијан, сите си ја знаеле границата, никој не се влечел по улици, никој не не' замарал со Сине мој, кај сите што сме биле, фино културно сме седеле, сме јаделе, сме пиеле, насмеани сите, и толку. Некој славел во кафана, некој дома, зависно од нивните финансии. Иако не знам зошто одма помислувате дека ако некој слави во кафана троши многу пари, кафаната знае да биде некогаш поефтина отколку славењето дома.

    Некој може си има финансии за поголема прослава, што вас па тоа ве погодува и одма правите пресметки колку пари се пелените, колку млекото и дека парите ќе им требале после. Може си имаат пари и за тоа. Кој колку пари си мисли, толку нека си троши. Тоа што би бил мој придонес како гостин е тоа што сигурно нема да нарачам виски.

    И, сигурно тоа си е договор и со мајката, верувам дека таткото нема да ги однесе родниниве на прослава во Александар палас.

    Ги направивте татковциве најголеми сељаци, пијаници, неодговорни, расипокуќници, се расфрлале со пари, не мислеле на детето и мајката, се влечеле по улици... :tmi:
     
    На senjorita-v, tinkerbelll, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.203
    Пол:
    Женски
    Мене па ми се чудни двојниве аршини кои ги имате. На многумина од вас на кои ви е чудно и грдо таткото да си го прослави раѓањето на своето чедо (на каков и да е начин :!: ), сигурна сум дека ви се сосема нормални девојачките и ергенските вечери на пример и ред други "прослави" кои според мене се прават ради чалам, мода и сл. ама ете вие ги оправдувате |(
    Просто се фрапирав кога некои од вас изјавија дека раѓањето на дете не преставува некој посебен успех или пак не е не знам каква причина за среќа |( Сериозни ли сте? Што знам, секој со својот памет, нели, ама мене ниту еден успех што до сега сум го имала нема да ми го надмине успехот кога, здравје боже, ќе си го родам здраво и право сопственото чедо, така што...

    Ах да... заборавив да надополнам. Многу сакаме да брцкаме во туѓите џебови значи. :envy: Абре што ви е гајле на вас кој колку ќе потроши на прославата. Негова работа.
     
    На Moonglow, butterfly.mk, Juicy и 9 други им се допаѓа ова.
  3. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    Има и те како повод за славење. И тоа не е само кај нас на Балканот. Живеам во Австралија а мм е од Нов Зеланд. И ден денсес му е криво зашто не отиде во паб да ги почасти другарите кога се роди ќерката. Но кај нас таква беше ситуацијата заминавме за на болница на полноќ, синот го оставивме кај пријатели зашто немаме баби и дедовци тука а наредната вечер мораше да седи дома со синот. Ќерката остана на болница две недели зашто беше 6 недели порано родена ( изначека треваше бабите да се тука кога ке се породам ама неа и се брзаше) и ние нош стоп на смени бевме еден на болница со ќерката а еден дома со синот. А дека секаде се слави кога ќе се роди бебе се слави и се пие.
    http://www.urbandictionary.com/define.p ... y's%20head
    Еве еден линк :D
     
    На awl и duffi им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Дека има повод за славење и тоа голем повод и среќен,тие што имат бебе знат дека поубаво од тоа во животот нема(барем кај нас)
    И ние славивме,мм наредниод ден ги почести сите другари и колеги кои беа во близина а роднините сите ги чекавме дома и ги почестивме :!: денот кога се породив не ме остави сама и цело време беше до мене :)
    Нормално тој ден би сакала да е со мене,сепак најпрвин треба ние да си прославиме за тоа прекрасно бебе што е плод на нашата љубов.
    Сепак прив јас и тој а потоа и околу,да се слави.
    Би ми било неубаво доколку би била сама јас а тој да пиие и незнам што веднаш по порудувањето,тој момент треба да е со своето семејство а потоа славење со другите :)
     
    На awl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora2014

    Theodora2014 Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    23
    Значи вака... Типот е професор на факултет. Во тоа време кога жена му беше пред породување , јас и тој требаше да соработуваме за нешто, не е битно. Иначе не сум му студентка, скраја да е.
    Ми прати порака ноќта откако завршило славењето и ми вика нема ли да ми се јавиш да ми честиташ? Ајде му свртев телефон, му честитам како што е редот, немаше смисла кога веќе ми кажа дека ќерка му се родила... и ми вика, па ајде дојди сега кај мене дома, сам сум... !!!! Дојди па дојди, ми диктира адреса....А саатот беше 1 после полноќ :tmi:
    По муабетот не беше пијан, ама пак го прашав колку испил. Само едно пиво, ми рече. Ајде те чекам, доаѓај.... :x :x :x
    Не отидов, а потоа разбрав жена му имала компликации ден после пороѓај, сепса и што не, одвај жива останала.
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.486
    Пол:
    Женски
    Од краевите од кои потекнувам јас се прават мекици. Во кумановскиот дел се собираат еден ден кај свекрвата, еден ден кај мајката на родилката, значи бабите прават мекици. Се канат сите блиски, музика и пиење до сабајле, а првата мекица се носи на родилката.
    Во кавадарчекиот крај, барем оној каде што сум имала прилика да видам, се прават мекици и се дели низ цело село, а дома се собираат семејствата.

    Јас искрено би се налутила ако воопшто не прослави. Само јас сум да се избегне правење на мекици од страна на бабите, туку тој да ги однесе сите блиски на вечера некаде, со музика, па може и да се начукаат де :wasntme:
    Трошокот денес и дома кога се спремаат мекици не е баш мал, не се тоа само мекици и сирење или нешто слатко, туку се спрема се и сешто. А и зошто да им се отвара работа на старите кога може да се прослави на друг начин.

    Сум за прослава, но во граници на нормалата и можностите кои би ги имале во моментот.
     
    На senjorita-v, Juicy и Skyfall им се допаѓа ова.
  7. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    60.976
    Жената штотуку породена, мажот во кафана!!! Така и треба!!!
    Убавата новост треба да се прослави со најблиските - роднините, другарите, пријателите!!! На тоа прославување не се само блиските на мажот - туку и блиските на жената!!! Зошто жената која штотуку се породила да се лути што сите кои што ја сакаат и почитуваат го слават доаѓањето на свет на нејзиното бебе!!! Самата прослава е убав и традиционален Македонски начин да се дочека новороденчето. :clap: А, ако мажот или некој друг ќе се поднапие - ништо страшно, тоа може да се случи на било која друга прослава - роденден, свадба, слава...
    Кога јас ги донесов на свет моите синови - во 1989г и во 1997г, мојот сопруг славеше со сите наши блиски пријатели и роднини, а мене воопшто не ми беше криво што не бев на забавата. Мојата забава беше послатка од секоја друга - во прегратките си ги држев моите синчиња и бев пресреќна!!!
     
    На artemidis му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babylove90

    babylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    ауууууу да има dislike милион би турила за темава! ептен ме дрмна темава (може и заради хормоните бидејќи сум пред пораѓај) и морам да кажам...па на што личи мажот да не прослави у кафана?или било каде не е битно...маж ми ако не биде ѓон кога ќе се породам ќе си мислам дека не се радува...мене ми е нормална појава да се начука мажот(таткото) на таков ден а ненормална појава ми е ако е трезен и ладнокрвен(имавме таков случај у фамилија и ден денес го оговараме) па тој слави што добил дете,слави што цел живот за тоа дете ќе живее,па има ли поголем успех во животот од тоа?негде прочитав демек ко кој знае што да постигнал?па го постигнал својот максимум,постигнал дете да има,дете да види,има ли нешто повредно од тоа?Боже мили се чудам како некој може да не го одобрува тоа....и јас сум против секојдневни пијанчења и шетања по кафани ама за ваков повод ако сака и цела недела пијан нека биде...ај ставете се у ваква ситуација,на пример-идете и се пораѓате и за 5 мин. ништо не ви е,ве пуштаат од болница и смеете да пиете и вие нема да пиете?ќе си седите така дома како да е тоа обичен ден и ќе се напиете 2 чашки пиво со роднините или ќе испиете 2 гајби пиво и ќе кршите се што ќе видите? Богами јас би пиела додека не завршам на Токсикологија...не знам,несфатливо ми е како може некој да не го одобрува славењето на мажот ко божем он секој ден ќе биде пијан и секој ден ќе фрла пари у кафана...а и на крај краева па не сте врзани со папочна врвца за мажите,ваљда смеат една ноќ да прослават па со вас у болница пак можат после да седат,неколку саати у кафана ништо не се(ова се однесува на тие што ќе си имаат апартман или што ќе се породат во приватна болница кај што може мажот со нив да седи)
     
    На K.Karanfillova и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    што све човек нема да прочита :?: ..најголем доказ за искрена радост за раѓањето на сопственото дете е кога ќе им дадат на вашите мажи отпусна листа од токсикологија :rock: :rock: :rock:
     
    На Jordanovska-K, Hipster, galapce и 3 други им се допаѓа ова.
  10. babylove90

    babylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2014
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    и јас така викам-ШТО СЕ НЕМА ЧОВЕК ДА ПРОЧИТА! да му се брани на мажот да пие на денот кога детето му се родило...Бог да ги чува маживе од секакви жени...
     
    На K.Karanfillova и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Aбе ке си слави човек , син / ќерка му се родило кеф му е и ке си слави...
    Секако во болница не го пуштаат со жената да седи , ај ке отиде дома ке се затвори и ке спие :fubar:
    Па како прво и прво 100 други луѓе ке му се јават да го викнат да излезе да прослават и што као демек треба да одбие нели ? Глупости се за мене тоа да не си прослави....
    кој ти знае за колку деца на ( роднини , пријатели , другари ) се опил од кеф па за негово дете да не прослави...
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    По мене е нормално да слави. Па дете му се родило, со пријатели и роднини треба да се слави. Јас искрено повеќе би била навредена да не се направи ништо, никаква дешаванка. Мислам не е мала работа раѓањето за здраво дете. А подобро во кафана да ги помине сите редови него дома да прават лом, па ко ќе си дојдеш од болница да биде ко торнадо да поминало, или па да фатат баби и тетки да ти ја средуваат куќата и тоа не го сакам. Е сега се разбира ова славјево да не премине во некој екстремизам :lol: знам имаше случај кога сељакот ја истроши целата заштеда од дома, со години збирана, во име на сега син имам. Тоа не чини.
     
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека ако некој е растурикуќа, таков е и без повод. Тој што е таков и без повод оди во кафана со другари и се опијанува и глупира, па и не мора да е во кафана дури. Тој што си е домаќин, верувам и мекиците ќе си ги организира и прослави домаќински, иако и да испие некоја чашка повеќе не е за лутење. Секако нормалниот нема да си дозволи да се глупира и да пивне повеќе од што може да поднесе на нозе. :D Она што мене ме нервира е пиењето со намера да се опиеш. Ако случајно претераш некогаш е друго, ама возрасен човек да пие намерно ко стока со цел да се испијанчи зашто нели син добил.... :tmi: Тоа пиење со намера да се начукаш ми е повеќе карактеристика за тинејџерите. Еве конкретно на дечко ми да се опијани онака до повраќање му се случило 2-3 пати во тинејџерските години, но не се глупирал и не било намерно зашто вика дека никогаш не пиел со таа намера. Верувам дека нема ни кога ќе добие дете, ама ќе повторам, и да претера од среќа знам дека нема да прави глупости туку само ќе биде насмеан и после ќе клапне (премногу алкохол го клапнува, го прави потиштен и му се приспива :D ). Во секој случај не би му префрлила и нема зашто во тој случај. Луѓе пивнуваат и без конкретна причина кога им се сака, како што кажа Нана. Светнување и начукување до бесвест се два различни поима, знаете. :D Признавам дека сепак не би сакала маж ми кој штотуку станал татко да се онесвестува некаде и да повраќа како неизживеан тинејџер. Мислам дека тоа не е начин да се прослави нешто туку да се уништи и да не се помни, така викам и за славење нова година, роденден, матура, за се го држам овој став. :) Да испие многу од што му било ќеиф ќе му кажам ако, ама да ми каже дека намерно пиел без да му се пие зашто така бил редот, тоа нема да ми се допадне. :D Не сакам форсирања и наметнување на непишани правила.

    Секако тоа е неизмерен момент на среќа и не би му рекла *срце не пиј многу* таман работа, ама си го познавам до толку дека паметот би му бил цело време кај нас, а и да слави и да пивне нема да прави нешто што не доликува на возрасен маж, новопечен татко. Така да, од партнерот зависи, не од поводот за славење.

    Секако и да пивне повеќе од среќа, ќе бидам многу среќна за тоа што сум му ја пружила таа неспоредлива среќа во животот, ќе се радувам заедно со него иако нема да бидам до него. Е не, ќе ме посети и ќе легне дома да спие ко ништо да не се случило (ова од близок пример го споредувам).

    П.С. Татко му ми има кажано дека два пати во еден ден бил пијан кога се родил дечко ми. :lol: Сосема нормално, тој и така си е мераклија, а не па да не пивне за ваков повод. Но домаќин човек е, тој не пие по кафани туку дома на ручек, вечера. Си пивнува чашка-две, не се опијанува да не се разбереме погрешно. :lol: Дури и јас сум мерак до толку. :wasntme:
     
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Треба да се прослави, секако. Маж ми откако се породив, кога се осигура 100% дека си ја доби татината ќерка, славеше право да ви кажам додека не излеговме од болница... :rofl: Алкохол не пие, ама едно 1000000 мекици разнесе каде не, и правеа мекици поседно моите посебно неговите (проблеми во комуникација за друга тема), и не гледам јас лично ништо лошо тука. Станал татко, му се родила ќерка/син што и да е, нека слави! Мене ми е преубаво тоа, секогаш кога сме повикани на мекици одиме, славиме, се веселиме 100%. Дете се родило, поубаво од тоа има ли?! :inlove:
     
    На do-re-mi, Lovely93 и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  15. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    882
    Ја би се налутила мм да не слави таков момент :lol: Нормално ми е да е срекан , и на сите да им се јави, и сите да ги почести :clap:
    (ние уште не сме ни почнале да работиме на случајот бебе, ова е коментар - што би било кога би било :lol: )
     
  16. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Со дечко ми бидејќи сме во сериозна врска понекогаш се случува да збориме за нашата иднина.
    Он ми има кажано дека кога ќе имаме детенце ќе има славење и тоа големо,сите ќе ги части познавајќи го :D
    Мене ова ми е сосем нормално,најважното нешто се случило во твојот живот,си се остварил како родител, нема поголема среќа од тоа..зошто да не се прослави.Тоа дека е трошок глупо е и да го коментирам.Нема ништо поскапо од еден детски живот.А да и тоа дека на мајката е целата заслуга го раѓа а после додека мажот слави она е во болница.На вистинската мајка тоа нема да и пречи,напротив ќе и биде драго.Мажот на тој начин искажува колку е среќен без разлика дали детето е машко или женско.Па и нека се испијанчи ако сака,незначи ако се испијанчил по дифолт е негрижлив татко. А за тоа дека треба да биде до жената да и помага секако.Но тој ден нека ја изрази својата среќа онака како што сака :)
     
  17. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Пред една година еден од моите најблиски другари доби керкичка. Сакаше да славиме сите во кафана но го одбивме ние и му олекна, седнавме кај него дома се напивме малку и после го тешевме, го фати депресија човекот што ке правел како ке се снајде :lol:

    Според мене е примитивно, јас да сум истепана од болки во болница, а тој да се пијанчи во кафана, нема шанси. Ке славиме кога и јас ке сум тука, сепак и мое дете е и јас сум на крајот по заслужна...
     
  18. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    Како бе истепана од болка, кога ќе си имаш до тебе бебенце и ќе бидат тоа најубавите денови во животот? И како ќе славите дома после заедно кога нема да можеш да се одвоиш од бебето ни 1 час зошто ќе биде зависно од тебе за цицање и гушкање, или па уште гости дома да чекаш со мало бебе????
    Мене ми е сосема нормално сопругот да си прослави со најблиските, а и моите дома да прослават додека сум во болница, а кога ќе си дојдам дома сите да ми бидат тука за ако ми треба помош и да почнеме да се прилагодуваме на најважниот член во семејството :)
     
    На WORRIED.BT и darcy им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    И јас сум за тоа мажот да си прослави и ако сака испијанчи додека жената е во болница. Но после тоа да биде од помош голема. Жената цел живот ке си слави; родендени, запчиња, школо, петки, упис на фаџ, дипломирања итн. И така таа во тој период нема да биде во состојба за славење, а мажот што би правел во тоа време дома? Сигурно нема да седи затворен и да гледа фудбал.
     
  20. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Секој со свое мислење :)

    Но искрено, ако мојот иден маж, во моментот кога станува татко уште му е кеиф да се пијанчи ко 20 годишник, ке сфатам дека сум го утнала изборот за сопруг..

    Кога сестра ми се породи, после 3 недели јас отидов кај неа на гости (таа е во Италија, јас во Англија) и јас и го чував детето додека таа и маж и со пријателите отидоа на вечера да си прослават, додека таа беше во болница мажот и седеше дома и одеше на работа, ништо чудно тука за 35 годишен маж..