Точно. Под предпоставка дека не ти треба (а, ако се пораѓаш државно и да ти треба, јбг, не го пуштаат), сега со коронава ни приватниве не пуштаа, немаш опции просто. Ти требал или не ти требал, не може да биде со тебе. Иначе се согласувам дека се подразбира дека ПРВО е тука за тебе, со бебе и пред бебе и цел живот, независно од околности или традиции
@Srckata28 пак славењето го поврзувате со непочитување и немање поддршка, емоционална и физичка. Моментално во болниците не пуштаат никакви посети. Мажот може да е емоционална поддршка само по телефон, физичка ко ќе се вратат дома. Ако тогаш не е присутен и уште слави по кафани, нормално дека не е во ред. Мојот маж е тука за мене 15 години, во ситуации во кои друг да бил сигурно ќе се откажел. Со години депресии и анксиозности ми лечел, во двете бремености со прст не сум мрднала дома оти така сакал, чувал одмор за да е со мене после пораѓај и после со детето во овие 6 и пол години, поради мојата психичка состојба, бил сегде присутен. Па не е добро ко ќе прочитам такви коментари генерализирани за мажи кои одлучиле среќата за раѓање на и нивно дете да ја прослават на нормален начин. Ако не седел 5 дена пред болница дури сум таму сепак може направил многу повеќе и од тие мажи сами што седеле и не јаделе тој период. Нека прави кој како сака ама нека си кажува за сопствениот маж, не да дава општи заклучоци од сопствени искуства и стравови.
Некои работи упорно се верглаат без врска. Секоја една од нас што е за славење рече дека мажот чекал прво да помине пораѓајот,па чекаш инфо од докторот како поминало се и како се мајката и бебето.Па чекаш да се чуеш со жена ти.На крај чекаш да го видиш бебето.Кога веќе се е добро почнуваш со припреми.Бараш кафана договараш мекици и мени.Па вртиш по гости.За се ова треба барем два дена организација.Мажот е константно на телефон со жена му.Да ви помогне на друг начин неможе.Што е тука спорно?Зошто ако решил да слави мене не ме почитува?Мене само тоа ме интересира.Ниту може бебе да ми подава ниту да ме масира.Освен телефонска утеха друга неможе да ми пружи.
Абе јас разбирам што сакаат да кажат. Покрај толку болки кога ќе го видиш своето, добиваш сила, олеснување, се осеќаш исполнето. Ама ај да не нормализираме една мајка да не може да побара помош, да не се жали за болки или да не смее да се осеќа емотивно или запоставено. Не сте чуле колку мајки се осеќаат виновно што им е тешко да се справат со ваква промена, почнувајќи од самиот почеток? Да не вадам статистики. Па нејќе да цица, па не може да стане после царски, па и недостасува мажот да е со неа итн. И што, недајбоже да не сака мажот и да е во кафана. @kristina.k @CameliaMiller Океј е се што зборите, ве разбрав уште пред 40 страни. Поентата ми е има некои многу безосетни мислења поради кои мораме сега да ги спомнуваме и крајните случаеви и сите тешкотии кои некои овде ги толку лесно отпуштаат. И тоа ми многу боде очи.
Па тоа е Срцка екстремата. Мислам дека повеќето се согласија дека не е ок да се шлае по кафани или каде било, ако и` е потребен. Додека е во болница просто не може ништо да направи. А никој не видов да оправда маж со бебе дома да се ака и скита и да не се замара со жена му, баш никаде тоа не прочитав.
Ама секоја една од нас е свесна дека бременоста носи одредени предизвици.Најлошо е на една породена жена да и се набива на нос зошто неможела да дои,зошто не станала одма како другите или незнам ти што.И на секоја ваква промена мажите биле покрај нас.И дете чувал и ми помагал да се чувствувам подобро.И никогаш не пререче зошто плачам по цел ден.И они се свесни дека ти се случува нешто а за тоа се криви хормоните.И пак не разбирам како ќе ми биде подобро ако не слави.На тој начин ќе ми покажува љубов и почит?Далеку било.
Јас за дипломската планирам да прославам со другарки за некој месец јер моментално не сум при пари. А дипломирав у јуни Татко ми за пензионирањето некого почасти одма ама еве мене и дм после две години скоро оти исто немаше прилика. Иако навидум поминала возбудата рече сум ви ветил, ќе одиме. За роденден исто сум частела и месец дена покасно оти претходно немало прилика од разни причини. И пак сме си поминале супер, не била помала радоста и еуфоријата и како сакаш кажи. Ама за ова моооорало одма.
Апсолутно ништо не може дури е во болница, особено сега со пандемијата. Освен да зборат на телефон со саати, ама и тоа не гледам како е во ред. После пораѓај јас бев насочена само кон децата, и за сите прашања и маки што ги имав, викав персонал да прашам. А имав, исплашена бев, зошто вака, зошто така направиле. Можев 1000 пати да му ѕвонам на маж ми, ама џабе, кога не е доктор, па да ми одговори. Емотивната состојба е многу покршлива баш кога ќе си дојдат дома мајката и бебето, зошто таму нема доктори и сестри, па несигурноста оди пута 1000. Мене доењето ми беше многу потешко дома, оти немаше кој да ги намести. Па плачат од грчеви и едноставно нема персонал да те утеши дека е во ред и нормално тоа. Башка нема кој да ги земе, за јас да одморам. И не е исто дома да го почува таткото, а јас да спијам. Кога плаче бебето, се слуша и ниту се спие, ниту ништо. Стануваш и двајцата седите и паничите. Така да, верувајте, во родилиште е 100 пати полесно отколку дома.
Па радоста за раѓање на дете не се споредува со ништо од ова. Дај девојче ако ти е досадно најди тема која ти е соодветна.Оваа тебе не ти е.
Да, мора ако сакаат одма, ако не сакаат не мора никогаш, и споредуваш неспоредливи работи. Раѓање на дете со ништо од наведеново ниту со нешто друго може и треба да се споредува.
Оо мене дипломската не знаеш колку здравје и нерви ми зема. И да, во моментот ми беше најголема радост тоа, поголема од било која. Испаѓа сега ко да не смееме да ништо да се радуваме освен дете, типично за вас де
Секако дека смееме, и јас родендени славам, поеќе пари на мој роденден трошам него многу луѓе на мекици ете. И? Каква врска има едно со друго?
Пак ќе речат дека сме досадни со муабетот "роди, па ќе видиш". Ама па реално и треба да родиш за да направиш споредба со роденден, дипломска и сл. Ако немаш нешто искусено, не можеш да правиш споредба. Како шо јас не можам да правам споредба со деца и имање куче, пошто никогаш не сум имала куче. Мислам можам да правам, ама секако некој што ги искусил двете, повеќе знае од мене.
Па поентата беше дека не е крај на светот ако прослави покасно, а не одма, за било што, и за дете. Ама уствари у право сте, шоќе славам. Голем кур. Коа ќе родам дете ќе славам, дотогаш немам причина за живеење.
За мое немам поима, знам за внучево дека ми идеше од кожа да излезам од среќа. Не да славев... плачев бре 2 дена од среќа Мајката на тоа бебе е доктор, па не плачев кога стана доктор, некако безосетна ќе да сум
Детето ќе ти земе и џигер и пари и нерви и косата ќе ти обели.Ама за него ќе живееш и ќе го сакаш повеќе од себе.Уствари детето е единственото нешто на светот што ќе го сакаш повеќе од себе.