Ако кажам дека мм не го пуштив на посета да дојде 3 дена ич,ке ме распнете .Јас во Скопје,он во Гостивар.Ми немаше смисла да го гњавам секој ден да вози 100 км само за да ме види Имав во болницата буквално се.Јадење,пиење,помош,цимерка за муабет,кафиња,тв Немав никаква потреба од него(реална).Го оставив дома да се погрижи за другите две девојчиња.Па ете бе преживеав без него 4 дена вау
Чил чил, разбравме. Тие што не родиле никогаш не може да се среќни и да имаат причина за славење ever
Тоа па друго ако имаш уште едно дете дома. Го даваш на баби и дедовци да му берат гајле, само тебе маж ти да ти е достапен 24/7. После поголемото дете се осеќало отфрлено. Е се осеќа. Леле, шо барам уште тука
Леле пресмешна си веќе хахаххахахах се цепам од смеење ко шлакната дома. Кој ти рече да не славиш друго пред да родиш Еј доста ѝ објаснувате, само во поголеми тунели на глупоста навлегува. Другите членки кажаа дека нејќат, тоа е нивни став кон темава ненасушна и си се повлекоа. Оваа нѐ издрибла со шо све не.
Веројатно не се израдувала ниту на туѓо, па тогаш си викаш, бре, ако за дете на друга жена можам вакви емоции да имам, не само за него, него и за неа, што ли ќе осеќам за свое
Oh Jesus A tek ko kje rodish dete, 700 strani kje ima temava kako ne se raduvale dovolno za tebe, zoshto svinjosaniot ne porachal ognomet od Kale
Па буквално тоа викате. Ее голема работа си дипломирал/си се пензионирал. Роди дете да видиш што е радост.
Од братучеди имам. И да, мило ми беше и се радував. Ама не колку за свои радости. И бтв се радував и без да ме викаат у кафана.
Океј ,девојчево не трола сите . Едвај едвај факултет има завршено ама прва е за теми поврзани со брак и деца. Озбилно? Дај затворете тема..и сериозно гледајте што следно се отвара
Јас разбирам да не се порадуваш за некој си таму, и јас не се потресувам за луѓе што не ми се блиски, ни среќа ни жал нешто посебно осеќам. Ама за свој, сестра, брат, најдобра другарка... не знам како може да се спореди со било што. Баш пишував дека најдобрата ми другарка само што се дочепа до телефонот, видео кол ми се јави. Плаче таа, плачам јас, немаше контрола на тие емоции на среќа. Не знам дали можам тоа да го споредам со било кој друг убав настан, ни од далеку. И да немаш никогаш свое, луѓето околу тебе ќе имаат, па белким за нив ќе се израдуваш.
Онака не знам како не прифаќате дека ако за таа што родила најголема радост е раѓањето, за тој што се вработил или направил кариера најголема радост е тоа и може не сакаат да имаат дете (не зборам за мене пред да се набаците ко хиени) и пак секое достигнување треба да го слават.
Фала, си кажа. Тие што не родиле ништо не направиле во животот, све друго е "голема работа". Јас па се чудам зашто од братучедиве со деца едно честито не добив, се осетив ко најголем морон што им кажав воопшто. Испаѓа овие со деца на туѓи успеси што не се раѓање деца не се радуваат оти све е помало од дете.
Сигурна ли си дека ви е добар бракот?Да не не се израдува дека третото е пак женско?Чим капм приколка не донел пред Систина нешто не штима.