Ако ја користиме твојава логика, исто ќе ти биде жал и страв ако паднеш испит и родител ти е сериозно болен на операција?
Не, боже сачувај. Ама еве ти кажувам ако некој на мој успех не се радува, и јас на неговиот ќе одмавнам глава, сеедно што е.
Епа така е и исто, не може да се радуваш еднакво на диплома и раѓање дете на близок човек. Затоа пример со факултет не ти чини. Не е исто, не може да биде исто.
Смееш, пошо ја не пијам. Само со трубачи во болница да ме ми идеш И згрижи си ги твоите некаде прво, да не те гледаат летвосана
Затоа радувајте се и славете си ги сите ваши позитивни радосни моменти, успеси, подеми и новости кои ви причинуваат среќа во животот!
Па ти кажав која е најголема радост која човек може да ја доживее,ти кога ке родиш дојди тука и демантирај ме. Може ?
Никој не покажува ама ајде. Сосема разумно е да кажат од нивна перспектива како родители дека поголема радост им било раѓањето на детето отколку дипломската. Не знам зошто тоа тебе те навредува. Никој не ти го минимализира успехот. Секако дека е нормално во различни фази од животот различни работи да се најголемо достигнување, на пример ако за дете од седум год најголема среќа е некоја игра, за тинејџер да искуси прва љубов, за тебе дипломирање, за тој што станал родител е детето. И објективно кога се гледа да, не може да се спореди среќа за положен испит со среќа за добивање нов живот. Секако дека е успех, и еден положен испит е успех, не па сите да ги завршиш, ама дека може да се стават на исто рамниште тие емоции со емоциите кога се добива бебе, не знам баш. И стварно би било загрижувачко некој родител да рече, абе да бев среќен кога ми се роди синот, ама посреќен бев кога ја одбранив докторската дисертација.
Абе радоста не мора да ја преточам во песна и гозба * Првото блиско бебе кога го видов... од прва братучетка... се расплакав. Липав ко кишна година. Какви емоции ме обзедоа Иначе, по природа не сум некој дечар. Сакам деца, ама кип дем ауеј фром ми Моето само мом да го трпам.
Каме све тоа океј. Ама ако тој близок човек не се радува на мој мал успех НИ МАЛКУ, како јас да се понашам најнормално и да му честитам за детето? Значи знам, знам дека не се споредува, нема потреба 50 пати да го повториш истото. Ама ако една рака не ми подаде за честито, едноставно ќе имам одбивност према таа личност и нема со сила да можам да се радувам него/неа. Замисли ми рече Што ма ако си дипломирала? Ее голема работа, само се прчиш. Ама утре јас со осмех од 6 до 6 да МОРАМ да бидам љубезна и да честитам само зашто детето е поголема радост. Мање битно што она ме одјебала претходно ко партал за прашина.
Чоек скроз друга тема е. Ти реков дека се сељаци, и без деца сељаци биле. Збориме за прослава на луѓе кои ге сакаат, кои се среќни за тебе, кои на ТЕБЕ ти се радуваат побогу. Дали дома со две пива или не знам како, произволно. Не збориме за луѓе на кои не им е гајле за тебе. Па ни на прослава за дипломска нема такви да викнеш.
Леле жено нема да веруваш што најдов овој малку задремал оваа коа му се пуштила "Нели рековме нема спиење? А? Нели рековме додека не одбранам око да не си склопил? Сакаш сега една воспитна?"