А ти велиш оти таткото дете напрајл поважна е неговата среќа? По твоја логика прашањево де. Јас не би го поставила. Пошто јас не кажав чија е поважна. Реков двете се. ТИ кажваш која е поважна, која е помалку важна.
Сакам и поголемки. Сакам да ги поиграм, да им попрам муабет и ко ќе ми се здосади, да ги предадам свечено на надлежните. Она да 'паѓам во несвест' на сите бебиња, не. Радоста ми е правопрополционално поврзана со блискоста која ја имам со нивните родители.
Миле, како заборајв! Тодлери ми се најомилени бе. Ко ќе не зборат правилно, не разбираат доволно, а се екстремно љубопитни
Не, не мораш да бидеш љубезна. И не знам како дојдовме до тоа да збориме за твоите роднини. Темава хаос.
ти збореше за усреќување. и ко таа среќа е поважна. Не "усреќуваме" ниту неговата среќа е поважна ако го пуштиме мажот да прослави кога се радува.
@Munchmallow20 тоа е до луѓето околу тебе. Ако имаат таков став кон тебе и не те почитуваат, нормално е да се осеќаш така. Никој не вели дека не треба другите достигнувања во животот да се прослават и дека не важат. Ама едно со друго нема споредба. Ние сме славеле се, матури се славеле по 2-3 дена , дипломски, родендени, слави, имендени. Ко бранев дипломска дури ми беше срам колку луѓе имаа дојдено, а чичко ми во последни редови плаче ко дете мало родендени славиме од најмал до најголем, бабата на мм е 85 години па секоја година со торти, со поклони, со балони се слави. Дури и на мачето роденденот го прославуваме. И сега на се ова да не се слави нешто најбитно во тој момент, раѓање на дете?
Истото се деси и во другата тема со партнерот на свадба. Пак беше за роднините и зошто не сака да оди кај нив на свадба. Всушност, не се проблем поводите за славење, туку луѓето.
Ама јас никаде не кажав ич да не славиш за дете. Ама да биде све тоа пристојно и во соодветно време, место и услови. И да не се понаша таткото ко мајката да е небитна. А голем дел кога слават се понашаат, макар биле и најдобрите сопрузи и татковци.
А не ти текнува дека, то шо е за тебе 'пристојно', за некој е 'непристојно' и обратно? Шо ти е гајле бе другите како слават? Глеј си за тебе.
Исти сме. Нема нешто што не славиме, родендени, имендени, празници, кучето кога го земав пред 13 години мајка ми мекици сплеска за приновата дома бре А не па за човечко дете
Исто и во мојата фамилија. На дипломска цела рода беше, 70 луѓе. Баба ми и чичко ми гушнати плачат мислиш 12 месеци војска ќе одам. Дедо ми микрофон и пее а успат и "ајде ајде следно свадба" пред некој ден на мајка ми именден, пак 50 гости пак пеење играње. Дедо ми и братучед ми и кучето на ист ден роденден, прослава до сабајле понекогаш си велам од страна некој да не гледа ќе се крсти И сега кога ќе родам сите да останат дома и да гледаат Турски серии или Топ Шоп? Епа не може бе.
Па тоа е, кога славиш се славиш,ние родендени и на кучињата славиме. Почнувам да мислам дека и славењето се учи " дома ". Јас пораснав во таква фамилија и нормално ми е се да славам,ама некој што не е ,му делува збунувачки кога треба да слави,и нема да слави утре,пак во нас родителите е вината.
И јас сакам да славам. Ама стварно ретко околу мене име луѓе над 30 што го немаат она типично размислување дека ништо не е важно додека не се омажиш и родиш, дека само мрднати чуваат кучиња и мачки и слични муабети. Па било каква мала среќа ти ја носат у пичку матер. Додуша и врснички имам со слични ставови. Еве јас ли сум баксуз или превише се замарам. Ама од мене е очекувано да морам да се радувам на нивен брак и дете, иначе се понашам детски и безобразно. Ќе им честитам за дете на тие што мене ми се радувале за јебен положен испит, што ги болело ако нокт ми се скрши. Оти такви луѓе ценам и заслужуваат моја среќа, а не тие што само на "големи" работи биле присутни. Да, знам дека не се споредува аген. Ама вакви ситници ми кажуваат доволно за човек колку ме цени. Оти што знам, ако некој ти е мил, на сѐ негово ќе се радуваш, макар и да успеал за првпат некое јадење да направи. И затоа и за други работи не сум сакала да се фалам по луѓе оти однапред можам да им ја замислам фацата. И со тек на време славењата и фалењата сум ги оставила за група од 4-5 души. Камо да беа повеќе. И да се дополнам - ако утре некој ми се радува за дете, а до вчера сум се прчела беспотребно за други работи, нека ми се гони, слободно. Оти поголемо лицемерие од тоа нема. И ај доста беше.
Aj neka se smeni vremevo.....mazhite da ragjaat ,a zhenite vo kafana....taka poedinci od forumov bi bile najzadovolni.
Мхм, од кога ти кажав дека е важно двата да се среќни и ти нагласи мажо да бил. Контекст менва. контекст