Потсетете ме кога ќе се породам да прашам на форумов дали ми е правилно славењето, некои овде се експерти за правилно славење На озбилна страна, Боже Господе што не прочитав, вика па тоа не е славење
Се породив во пикот на короната 2020, свекорот беше позитивен, а другите сите многу се пазевме. Немаше никаква прослава, само вечерта кога се породив мм ги собрал другарите во маало на отворено и ги почастил пијачка.Не можеше да биде со мене на болница заради ковид, а и знаејќи каков паничар е и јас не би сакала да е таму со мене. Кога ми се јави веднаш после пораѓајот на камера јас посреќен во живот не сум го видела. Прв пат го видов да плаче од среќа. После 2-3 дена им однесе мекици на најблиските по дома. И да не беше короната немаше да слави во кафана, туку ќе ги собереше дома другарите. Не за друго, туку имавме други трошоци и навистина ќе ни беше премногу финансиски ако славеа во кафана. По мене славењето во кафана е свадба без невеста. Кој како си сака и може, убаво е, радост е, секако дека ќе се прослави на некој начин.
Скоро година дена никој ништо не пишал. Славеле ли некои нови татковци? Баш ме занима дали има промени или уште се свињосуваат.
Во април бев на мекици во кафана, втори ден откако се породи мајката, таа сè уште беше во болница. Не видов свињосување, се честиташе, се мезеше, се пиеше, се играше оро. Баш океј беше, лабаво.
Какви се овие woke левичарски ставови за славење? Искрено ако пораѓајот поминал во ред и жената и детето се во добра здравствена состојба, стварно не гледам проблем ако фамилијата одлучи да прослави. И секој си слави онака како што мисли и има можност, дали со најблиските, дали кафана, дали хотел. Мене па ваквите "помали" прослави, ко мекици, веридба, крштевка, ми се од оние пореални и подраги веселби, затоа што свадбите ептен се искомерцијализирани и at the end of the day, повеќе напор, него слава испаѓа.
Во блиско опкружување, типот заврши на ургентен после прослава. Желудник нешто мислам му празнеа. Битно ради желудникот беше, од јадење и пиење. Сериозна сум, пред неколку месеци ова. Битно бебе сега гледа
Какво свињосување, знам маж ми бил кај другари кога добивале деца. Седат, јадат, пијат, неколку часа и си дошол. И слики нормални, без пејачки, без качувања на маси и такви циркузи. Еве пред пораѓај сум. Немаме замислено фешти, но тие другари со кои е близок сигурно ќе ги почасти во кафана. Мерак му е, не верувам да се "пеплосаат", не се ни таков карактер, но немам против да го прослави тој среќен момент, со блиски негови. Освен маж ми, дома и моите и неговите родители знаат да викнат свои блиски, да ги почастат. Културни се, не ми изгледа ни тоа лошо. Се што е во граница на нормала, зошто да не
Не Кај такви не би ни отишла. Возрасен човек пијан да треба да го м'кнеш оти не знае за доста, ко некој тинејџер. И не само за раѓање дете Човек што од пиење и јадење ќе заврши во болница (а нема други болести) е незрел, крај.
Ова не можам да го разберам. Сопругот треба да биде покрај породената жена. За прослави, може и подоцна.
Каде покрај жената? Таа е во болница, тие 2-5 дена. Тој е дома. Кога би требало да прослави? Се слави ден два после пораѓај, ретко слават после 1 месец.
Во странство се печали, не се троши за частење. Притоа кој ќе частиш? Ретко некој близок да има од нашите иселеници.