Ај, пак. Мажот во тие денови треба да биде покрај жената. Ако во некоја држава може да присуствува на породувањето, арно. Ако во друга држава не е дозволено, тогаш пак е арно ако е во болницата. За некои жени, доволно е и тоа. Ако нешто тргне наопаку и те како е битно мажот да е во близина. Треба да прочитате нечии тажни случки на интернет, па може ќе ви кликне зошто е пожелно мажот да е во близина. А, дека нема посети мислете си. Кој има врски, се снаоѓа. Исто и за по породувањето. Мажот треба да е покрај жената и новороденчето. Има за трчање, ствари носење. Има нови обврски. Жената лежи, мора тој да носи и да средува. Никој не треба да слави без присуство на жената бидејќи е непочит кон неа. Таа го носела бебето 9 месеци и таа го родила. Мажот како маж и родител е должен да биде покрај нив, а не да дозволува други да му одвлекуваат внимание и да му одземаат време. Може и треба да се прослави подоцно.
Мене сосема ок ми се, ствар на избор е. Па кога рандом знаат да седнат, онака. Зошто па да не кога има и причина за тоа
Да де да, залепен ќе седе мажот до жената. Интересен е ставот кој го имаш, а не си го искусила. Ќе те читам кога ќе бидеш во таква состојба. Мажот ќе тргне за неколку дена на работа, како тогаш ќе биде до жената? Пари кој ќе донеси дома? смешни сте со некои замисли во главата. Еве јас 24ч незнам што би правела со него до нас, не сум болна, родив дете, нормално помош да, треба, но 24ч не ми е потребен никој, посебно пак со хормоните....
Да Имаше еден залепен тука и не можев на рат цицка да истам, го бркаја човекот не бегаше. Друго за прво ќе седи да речиме ама ако е второ или трето ? Што ќе му прајме на децата ? Или и ним у апартман ќе ги држиме залепени ?
Ај, пак. Кога подоцна? Ко ќе го фатат бебе грчеви па ќе вришти пишти и никој нема да е спиен, нема да има желба за живот никој од родителите а не па за славење. Или ко ќе тече млеко од гради, крв од вагина едно 40 дена, хормони онака на најјако пуштени, мирисање ненормално ужасно ( барем јас смрдев од километар ), па тогаш да се прослави раѓањето на бебето? Кога ќе разберете дека таткото го направил детето, човекот има право да прослави јебени 4 саати у кафана/дома/кај и да ќе се договорите за вашето новородено дете? И доста со тоа жената го носела, го раѓала. Таткото го множите со нула, за греота. Тие неколку саати ако имате нормален и одговорен сопруг пак ќе биде достапен. За недај боже случаеви нема него да го чекаат биди сигурна во тоа. Е сега ако се мажите со свињи, ќе се свињосуваат. Јебеш га.
Ова ти е тотално нереално што дури е смешно Ако нешто тргне наопаку таткото не е ни гинеколог, ни анестезиолог, ни па неонатолог да се мотка околу докторите. Во приватна се породив два пати, првиот пат имаше посети и пак беа ограничени на 2-3 саати дневно, нема никој да го остави цел ден да дреми таткото таму, а сега немаше апсолутно никакви посети кај родилките и бебињата. Двата пати прослави со најблиските во ресторан, најнормално ко луѓе и ништо не ми фалеше мене, не ми падна круната
Темава ја памтам од лани летото колкава дискусија се разви, 24/7 беше најактивна. Не ми е јасно зошто толку негативно гледате на се, па дури и на прослава за раѓање на нов живот. Ако е се во ред со мајката и бебето не гледам причина зошто треба сите да се затворени дома како за погреб да се работи. Верувам дека и на жената во тие 4-5 саати славење нема да и треба мажот и неговата помош. Така да намалете негатива и црна хроника, сценаријава што ги пишувате се смешни и нереални.
^ Затоа се викаат мекици, тоа е стара македонска традиција која си влече корен. Некои го прават дома, некои во кафана. Лично мене не ми смета, убаво чувство е во граници на нормалата, да не се пијанчат и кршат. Нема потреба до толку. Додуша отсекогаш сум ја сакала оваа традиција сите собрани на куп, се радуваат на новиот живот донесен на земјата. Не знам зошто толку трагично го сфаќате, во болница не може да ви свети ко сијалица цела ноќ си има ограничени саати за посета. Плус не дозволуваат галама да се прави, па не сте сами сигурно има и други родилки.
Мене би ми било глупаво да нема прослава за раѓањето на бебето. Ако вашите мажи се свињосуваат и тераат надвор од границите на нормалноста, до некаде и ваша е вината што со таков човек сте направиле бебе, sorry not sorry. Немате право да му забраните на мажот да направи пристојна и културна прослава со најблиските. Колку што е бебето ваше, толку е и негово. Ако не па специјално во болница нека му дадат и еден кревет да легне до вас.
Мислам дека муабетот на темава е Шо ако секој ден се влече по кафани, не се прибира итн Не за дента кога се частат мекици. Него деновите од коа ке спласне еуфоријата
А што ќе ви смени ако мажот прослави со блиски да се почасти, сегде каде што сум била си било нормално весело со најблиските никој не се тетеравел и свињосувал. Ако си е таков мажот да не знае за доста кога пие не му треба посебна причина. Нормално мажот е среќен и сака да прослави, ако седи дома што ќе смени еве не знам.
Тој шо не знае шо му е доста јадење и пиење, не треба да му се роди дете за да ждери ко да нема видено. Аха
Вау, одма таткото ко нула сме го множеле од коа не можел 15 минути после пород да се начука ко стока? Еве две солзи ми капнаа... Мене не ми смета, убаво, али со усул, со роднини и пријатели, да се почастите и напиете, ако се е у ред со жената и детето. А не по кафани со да не кажам до какви жени таму, па дупе праење, и спиење у кафаната оти на другар ти е, а жена ти едвај не искрваре до смрт пред два саати,ко шо еден дотичен Хрват напраи пред две недели. Вие тука на форумов све совршени мужи имате, не пијат, не гледаат по жени, пе прдат, не смрдат, абе смешки. Дај кажете и ние кај да најдеме такви мужи, имајте душа. Се кладам скоро пола од вас сами или па знаете други жени каков свињарник ја нашле куќата коа дошле дома после пород, па и од тие прослави, и уште не знаат глаата гзот кај им се, треба у свињарник да носат бебе дома, па и да чистат после мужот им радосниот. Али ок, забораив кај пишувам, извињење.
Таткото со нула е помножен у муабетот "јас го носев бебето, јас го раѓав, и тој нема што да слави без мене" Не испревртувај за џабе или барем читај по ред. Никој не кажа тоа дека треба да се деси 15 минути по пород. Ако имало нешто такво, еве се извинувам. Немам прочитано. Сите збориме за нормално славење, со усул, ако се е поминато како што треба на породувањето. Пак, ако читаш со разбирање. Само што проблемот е било какво славење, треба таткото да се залепи за родилката и да не мрда. Според некои членки, да се славело заедно подоцна. Јас лично не познавам ниедна жена што чистела свињарник после славење за новороденче. Еве ако знаеш, кажи и дека не се омажила со правилниот човек. Станот си го најдов со балони, се беше измиено и исчистено, и ме чекаше огромно турско кафе А за тие по кафаните што се прават мулиња биди искрена, мислиш дека им треба повод?
Ниту една жена не познавам таква. Јас па не знам кај наоѓате такви мажи што одат по жени ко ќе му се роди дете.
Роднини ми се луѓево, мажов сум го сметала за примерен до денес. Ама ете од радост му биднало де. Имало оправдание. Битно ете, асален татичко е сега.
Ма јас да се вратам назад би му рекла слободно да слави. И да искрши некоја чаша за мене. Нека се издува оти потоа ќе робува. Славеше он во двор со другарите, ама кутрите гладни останаа. Свекрва спремила куп јадења, ама од еуфорија маж ми заборавил да извади на маса. Ништо од свињосувањето. Само пиеле и така нешто грицкале..