Јас не би препуштила мое дете на некој што од прејадување и препивање завршува во болница. Абе брак неќам со него, остај другото. Поим за незрелост ми е. Замисли со бебето си седиш на гинекологија, разбираш дека тој кутриот полошо му е од тебе. Малку ти е твоето ајде и за него стресови упм.
Како да не слави мажот без жената не разбирам? Ако појди в кафана со другатите ќе појди и жената? Демек сте оделе само со пријатели од сопруг по кафани претходно
Реактивација Уште мислам дека таткото треба да биде во болница не толку ради мајката, колку ради детето, да се развие таа врска "кожа на кожа" и со него од самото раѓање. Уште мислам дека треба да имаат поделено отсуство со жената. Уште мислам дека сме 3 века поназад од цел развиен свет што се однесува до раѓање деца. И уште мислам дека нема ништо погрешно во прослава, посебно што секако мажите не ги пуштаат со сопствените бебиња да бидат.
Каде бе Каме? Во некој паралелен универзум, во Македонија не. Кај нас посети не дозволуваат, а не пак да влези во сала и да развива врска 'кожа на кожа'. У ствари над 90% од случаите шо сум читала (има во породилни приказни), ни на мајката не ѝ даваат бебе за контакт кожа на кожа.
Де прочитајте ми ги мислењата од лани, не морам истото да го пишувам. Темава ми стигнаа известувања дека е активирана, си искоментирав дека ми е истото мислење. Кој го интересира, си стојат
Извинете што се мешам, ама ај пак Во државниве не пуштаат посети внатре , а камоли да седи до тебе на пораѓај! Немаат сите врски да најдат за д аги пуштат татковците внатре. Мекици обично татковците прават кога жената уште е во болница , а не сама дома со детето. Во кафана прават баш заради тоа да не се врати мајката до бебето во " свињарник" после прослава И да, ако е некој пијаница и идиот ,ќе си дојде дома жената и овој после еден месец ќе гледа фудбал дома , ќе биде до жената нели, и пак може да се опие ко " свиња" , а уште полошо да биде во присуство на бебето. За син ми , бев во болница кога правеа мекици. Вечерта , иако до тогаш се беше добро, на неколку часа пред пуштање ,ми кажаа информации дека син ми има проблем. Му се јавив веднаш на маж ми кој беше во кафана и луѓето само што почнаа да доаѓаат и првото нешто што го рече е ќе им кажам на сите да си одат и одма ќе дојдам. Му реков не, затоа што немаше што да направи лично тој. Јас бев таму па пак јас како мајка не можев ништо да направам. Вечерта после прославата , дојде и ме виде мене на 5 мин надвор бидејќи толку можеше. Пак ме гушкаше ,пак ми даваше поддршка. И кога лежев на Клиника доаѓаше на 10мин ( толку му дозволуваа ) и си одеше. Во 24 часа секогаш ми беше и уште ми е поддршка. И таму доаѓаше во било кое време да ми носи се што ми е потребно , по телефон се слушавме цело време. Тие 3 саати на мекиците не ми сменија ништо посебно мене. Ниту пак му помогнаа на бебето, бидејќи си имаше кој да помогне. И таму никој не се опи ниту се направи " свиња", ни од домашните ни од гостите... Не правете драми од ништо Тој што е " стока" ќе најде начин и да се опие и да ја извреѓа жената и дома да седи до неа...
Дали славење или почастување да го наречам не знам. После недела или неколку дена не знам како беше маж ми во кафана ги почасти другарите, тие беа викнале и жива музика. Никој не се беше напил, си седеа нормално, мезеле, пиеле и тоа се во граници на нормалата.
Не се сите 3 века назад, не е фер генерализација. Има многу татковци во земјава кои се посветени на детето, дури и повеќе од мајките. Прослава во кафана за раѓање дете (мекици) дур сум во болница ми е сосема ок.
Треба да ми ги прочиташ и другите мислења, пошто и мене ми е ок, а 3те века се однесуваат на болниците и третманот на родилките, а не односот на татковците со бебињата.
си пишав ја битно мислење, од назад читано. Во Систина пуштаат мажи на природен пораѓај. Мене не ми паѓа на памет да влезе. Ќе треба него да го освестуваат место мене да ме пораѓаат.
Тогаш не си сфатила што кажувам. Систина е приватно здравство. Државно здравство е 3 века позади останат свет за родилки. И твојот личен пример е твој личен пример. Избор шознам. Јас утре државно да раѓам, немам избор. А нема да има ни таткото на детето.
Жената породена, мажот, цела фамилија и блиски пријатели во кафана. Скроз ок, дури и мило ми беше, ми праќаа видеа, дома си отваравме поклони, дошле луѓето прославиле. Уште 10 да родам пак ќе сакам да сум сама, да се одморам и онака на секое влагаат во соба, боцкаат, прегледуваат итн, маж ми мислам ќе ме нервираше само како што е миле паника. Дома кога дојдов чисто, пречисто, украсено и не се одвоивме првите денови.
Ех за второ како се намачувам, не цела кафана, и цел град нека повика од мерак. Јас ќе им ја викнам музиката ако нема да бидам со нив