Сопругот мој си остана доследен на зборот и кога ја родив ќерката, три дена не се отрезни. Инаку си ме држеше за раче додека раѓав, си ја пресече папочната врвца, остана за сите испитување кои следуваа за малата и после си отиде во кафаена да си прослави со другарите дека му се родила ќерка. Инаку мислам дека малку се забега од темата се мисли на сопругот во кафеана слави со другари а не за прославата за мекици што е веќе традиционална прослава за новородено бебе, каде се прославува со семејството и пријателите. Тука веќе станува збор за култура на живеење, некои сеуште веруваат дека не е штетно да се пуши во просторија каде престојуваат бебиња,деца таквите вероватно и кога ќе го донесат дома бебето ќе си продолжат да си пушат дома, нема врска тоа со прославата туку со начинот на размислување, себичноста да не се откажеш од своето задоволство за доброто на своето чедо, секакви не има по светот.
откако ке родиш и ги видиш најмилите совршени очинја и болки забораваш и се...еден наплив на адреналин има што да и дозволат и родилката би прославила ...мене барем така ми беше....
Изгледа ќе морам да раскажам за нашава болница за да престанат турските уфилмувања за жалните,јадни сопрузи на сите оние кои не напишале дека одобруваат истиот ден кога жената ќе се породи да се најде одма трк во кафана. До душа нејќам претерувања и наддавања како што обично љубиме да пишуваме за да сме поинтересни за публиката,па ќе пробам со неколку примери. Жена со пред породилни болки ја крева во вис болницата,пациентките со патолошка бременост неможејки да слушаат излегуваат на тераса додека сестрите си кажуваат вицови со докторот,педијатар?Ма каков педијатар,помина ли 15 часот ако сакаш педијатар иако државна болницата таткото да си фати,,врски,,зависи колку по ,,длабоки,,па може и ке дојде. Мажот и да не е покрај неа на викањето по сестрите немајќи кој да одговори мора да оди до сестринската соба за да дојдат.Арно што пошол иначе ќе се породеше во тоалетот. За исклучување на инфузија после порогај? Па ако нема нејкоја пациентка до тебе која може да станува и ќе нема кој да ја исклучи. Поготово ако има две породени,едниот сопруг растрчан низ ходникот,порачува по пицерии и рибни ресторани частовки за доктори,на другиот кој е на работа надвор од градот дур не стигна кутриот женичката не ја ни погледнаа.Затоа пак околу другата цел тим до степен и вицови да и кажуваат. Случај кога се пробува со природен порогај,икс работа се искомплицира па мораше да се носи женичката на царски.Замислете и лиффтот не постои во болницата,салата на долниот кат,нема кој да ја крене жената,сва среќа мажот и тука.Си чека пред врата да заврши царскиот рез за да има кој да му ја носи жената. Признавам,можеби од видени тазе случаеви и моменталната патолошка бременост сум и премногу испаничена,но сепак стојам на истото,да,сакам мажот ми да е до мене,тогаш се чувствувам далеку побезбедно,и за себе и за бебчето кое го чекам.
Јас мислам дека повеќето машки одат во кафана само затоа што функционираме како роботи и според одредени правила. Ако не одиш во кафана тогаш не си дел од “машката култура и традиција“, т.е. таков би бил коментарот на повеќето машки. Зарем не се начука кога ти се роди детето? Познавам многу слични “татковци“ коишто беа дел од такви урнебесни славења, но исто така беа дел од апокалиптични уништувања на животот на своите деца. Не е тука во прашање толку љубовта кон детето колку што е во прашање можноста да се “начука“ и “заебава“ со другарите и бебето е само одличен повод истото да се стори кое инаку тоа одобрување не би го добил од женската половина во нормални услови.
повекето се породивме во државно болници...не во александар палас па добро знаеме како е...не бидете до толку разгалени,ве молам... побитно ми е сопругот да се испука тие 2-3 дена дури има луге околу мене а после кога ке се вретиме со бебето дома да облетува околу нас.... ке се навредам бре ако не излезе да слави...не му рагам дете секој ден ..еднаш на осум годинни и толку од мене
Прличко ти ко да ја претера работата. Не сите мажи се врзани со катанец за жената како раѓањето на чедо би им било единствен повод да отидат во кафана и да се провеселат и поднапијат. Грозна ми е ваквата споредба искрено. Можда има и такви, ама стварно се надевам дека се во занемарлив процент.
Мене оваа некоја нова мода ич не ми се допаѓа. Шо демек таквото ќе му падне ако вечерта си ги пречека гостите дома на мекици? По дома нема пијачка? Или се бара секаков изговор за пијанчење по кафани.
Јас познавам такви машки што цел ден по кафичи и кафани покажуваат слики од својата ќеркичка, се разнежнуваат со своите другари, а неговата мајка цел ден му го чува детето дома. Затоа и кажав дека некои одредени адети допринесуваат за таквото однесување. Ако не го правиш тоа тогаш ти си чудак и не припаѓаш во друштвото на “силни момци“, а пред се во интересните. Зарем не треба другарите ваши да ве претстават како кул и откачен момак пред трет ешалон машки во нивна близина и како тоа “едвај си ја отклучил бравата на автомобилот“? Залудно објаснувам. Вие жените нема никогаш да ги сфатите нашите проблеми за докажување машкост и его.
Ама јас ко мајка на бебе што за 2 дена ќе дојде дома не сакам да ми вика 40+ луѓе и да се валка станот што пред тоа сум го средила за пречек на новиот член во семејството. Така, кафана апсолутно.
Маж што се прави маж пред трет ешалон мажи е мало ку*е. Не е потребно кафана, еве булевари со такви мажи на мотор со еден тркало за да им се наполнат тестистите со сперма. Ако девојка не направила проценка дека мажот и ќе прави будала од себе тогаш е дискутабилно да се дебатира на оваа тема. Сите се слагаме дека постојат исклучоци меѓутоа тие мажи не станале сељаци во моментот на славење за дете, туку биле и претходно. Темата е наменета за нормален, заљубен пар што слави принова во семејствотво.
Јас мислам дека ниту еден нормален маж нема да му е дојдено до славење ако недај боже при порагајот имало некои компликации и не се знае дали ке биде се во ред ниту со женичката ниту со бебето. Срце нема да му даде он во кафана со ракијата во рака да се весели а во болнички кревет да не се знае дали сопругата ке извлече жива глава. За таква ситуација се слагам дека е сосема неумесно да се остави се на стенд бај и да се слави,мада како што кажав секој со малце совест во себе срце нема да му даде да го стори тоа ,пошто ако не за друго паметот цело време ке му биде таму и налет такво "веселење". Ама на некој да му преречам зашто ја се чепатам и ме боли а него не е стварно себично и смешно. Мајка природа така не создала нејзе треба да и се љутиме а не на мажите што нивниот репродуктивен систем е поинаков од нашиот па не се подложни на болки и чепатење. Чак боље тие фестивали да се истераат додека не сум дома ем да не се замарам со гости и народ ем да не се замарам со спремање и чистење и коа ке се вратам дома да ми е се средено тој да може да ми се посвети целосно на мене и на бебето,отколку тогаш кога ке ми бидат сите најпотребни они да трчаат по ресторани и фешти да прават. Дома како што кажаа повеќето со мало бебе не доаѓа во обзир да собирам народ. За еден роденден или дипломска сите праиме фешта ко у најмања рука лекот за рак да го имаме измислено и кој знае каков успех да имаме доживеано,па за дете на овој свет донесено сигурно нема да остаиме да помине само со едно ракување и честито.
Не верувам дека постои татко кој раѓањето на детето не го обележил на овој или на оној начин. Поубава и повесела причина за прослава од раѓање на дете не постои и сосема ми е нормално новопечениот татко да слави со пријателите и семејството, се разбира додека се внимава на количеството на испиен алкохол и лимитот на домашниот буџет. Несватливо ми е кога таткото зема едвај 10.000 денари плата, сопругата не работи а даваат над 500 евра во кафана. Штом едвај сврзуваш месец со месец и со мака си успеал да ги заштедиш тие пари (или си ги позајмил), чувај ги за бебето, и тоа како ќе ви бидат потребни за во иднина! Исто така, љубовта кон бебето не е правопропорционална со испиениот алкохол и многу ми е без врска кога ќе видам `тазе` татко како не може да стои на нозе и прави глупости-да, нормално дека ќе пивне малку повеќе од вообичаено ама па да се направи стока нема оправдување! Тој човек сепак има жена во болница и треба да и е достапен а не веќе во 11 навечер да биде онесвестен од алкохол. Остатите гости нека паѓаат на земја од пиење, од таткото очекувам повеќе. Што се однесува лично до мене, би била изненадена (многу непријатно и тоа) ако мојата љубов не го прослави раѓањето на нашето дете. Исто така, би инсистирала веселбата да биде некаде надвор од дома- сакам со бебушот да си дојдам на чисто и проветрено, куќата да си биде таква каква што сум ја оставила пред да заминам за болница.
па нормално дека ќе имате болки после раѓање...вие си мислите така е тоа,ќе родите дете и наредниот ден ко ништо да не било. е сега нормално,има мн тешки случаеви и тогаш се сложувам да нема пијанчење ама во нормални околности епа извинете ама вие од себичност не сакате мажите да не пијат...или вие сакате вашите мажи да немаат никаков живот додека вие не се опоравите..?па еве јас лично се опоравував 2-3 недели и што требаше маж ми да прави?ајде ваше мислење да чујам! требаше да седи дома и да гледа тв ко ништо да не било?него дете не му се родило,што има да слави и да пие????? вашево мислење така испаѓа! убаво реков-ЉУБОМОРНИ НА СОПСТВЕНИТЕ МАЖИ!
Лично немам против да се прослави и почасти,имам против да не се излегува од кафана.Да се губи од алкохол.Тоа според мене е непочитување на жената.Без разлика што не е цело време со неа,треба да биде покрај неа да и пружи помош,подршка да спреми по дома за доаѓање на бебето. А тоа за трошење на поголема сума на пари познато ми ,зашто народот кај нас си има изрека за убаво нека е.
Спојлер У реду е, али пак не сфаќам кога се пречекуваат гостите со мекиците? У кафана ги части мажот? Малку не ми е логично. И ако ги части мекици у кафана (а која кафана држи мекици се запрашувам), сигурно не вика и тетки и братучеди у кафаната туку иде со другари. Малку ми е нејасно. Тој е со другарите по кафани, а дома (бабите и дедовците) ги пречекуваат останатите роднини и пријатели со мекици. Оти се знае кај нас каква е традицијата за раѓање на бебе. Се надевам дека чистењето на станот не е причина за да не се прослави раѓањето на бебето со блиските дома. Шо знам, у денешно време кога за 1,000 денари чистачка чисти стан од 100 квадрати цакум пакум, малку ми е глупо ова да е причината. Не ми пречи ако излезе да прослави со другарите. ама сепак според мене најубаво е прво да ги пречека сите оние кои ќе дојдат да честитаат за раѓањето на бебето со мекици, па после нека договори некој следен ден (колку што знам родилките по 3 дена седат во болница, така да има вечери за договарање) со најблиските другари. Правец кафана од болница ми е дегутантно. Нека не се навредува некој, само си кажувам мое мислење. И не, нема врска со тоа дали јас сум се пораѓала 10 минути и бебето излетало ко ракета или сум се мачела 30 саати. Едно со друго немаат повзрзаност.
Pa ne, vsusnost I starite ke dojdat vo kafana, nema 3 proslavi da pravime. I majka mi kaza deka nema mesto kaj da gi sedne doma 20te gosti sto saka da gi vikne, a jas I mm imame spisok od 40 epten bliski lugje I nitu eden stan nema da gi sobere. Poslednive 10tina godini sum bila na 15tina mekici, I site bile stari I mladi mesani vo kafana I bas bilo ok.
Е оваква комбинација ми се допаѓа Мене не ми се допаѓа она пијанчењето по кафани. Некако ми е упропастување на така убав ден. Неколкупати сум била сведок на машко друштво труп пијани, али се е ок пошто они прославуваат дете се родило. А таткото со фаца у тањир од што е клен (чисто фигуративно кажано). Јак почеток на една одговорна, т.е. најодговорната улога што ќе ја имаме во нашите животи.
И јас се согласувам потполно со ова, несакам да затекнам хаос по дома, па дали да ја средувам куќата или да се одморам јас и да си минувам време со душичето..
Ne mi smeta ic,mojot si zema odmor so drugarite i si teraa 3-4 dena . Prvata den bile doma a potoa svekrva mi gi pratila vo kafana.Kutrata generalka pravela za koga ke si dojdam so bebusot da ne se oseti mirizba i necistotii.Sega sum povtorno bremena,zdravje se da bide kako sto treba znam deka isto ke bide i nema za sto te se lutam pa slavi covekot sin/kerka dobil,da ne moram da leznam vo bolnica i da bidam so deteto i jas ke slavam .