Здраво девојки, Што мислите за браковите во кои жените земаат поголема плата од мажите? Конкретно кај мене е така и мислам дека тоа на некој начин го боли сопругот иако не покажува.
Што има врска кој зема поголема плата и зошто би го болело наместо да е среќен???Јас се радувам на секој успех на сопругот и обратно.Вистина незнам зошто би жму пречело освен ако не е со оној став маж у куќа
Кај некои има врска да. Кога мажот е прост најчесто. Цел живот повеќе сум заработувала од маж ми. Далеку од проблем е тоа кај нас. Не ставаме на вага.
Јас сум израсната во семејство кадешто сопружниците ги делат финансиите и ги вложуваат во домот. Така да фактот што мајка ми е подобро платена нема зошто да му смета на татко ми. Поготово што таа има подобро образование и работата што ја работи е поплатена. Лошо е да се завидува во брак.
Баш заради тоа што јас земав поголема плата од маж ми,тоа го поттикна да се труди повеќе. Напредуваше успешно, стигна до позиција раководител и сега тој зема поголема плата од мене Треба да им е поттик а не љубомора.
Што е важно кој колку зима кога во еден буџет одат парите никогаш не гледаме од која картичка сме извадиле,со која сме ги платиле сметките,а не па кој повеќе земал мм зима фиксна плата за 2000 помалку од мене, кога останува прекувремено секој саат му се плаќа па знаеме да се зезаме ајде стигни ме месецов. Но не во негативна смисла зошто земал помалце,туку од причина што во домашниот буџет ќе имаме повеќе пари
Јас пак познавам еден поуникатен случај, каде таа зема поголема плата, но тој ниту е мотивиран од тоа, па и тој да успее, сака се да му биде платено, така му одговара, да не се замара, а притоа и останатите обврски во домот ги прави таа, и како цреша на шлагот, тој сака да глуми "газда" на домот За темата конкретно: Апсолутно се согласувам секој да биде да речам независен. Партнерите треба да си се радуваат на меѓусебните успеси, да се мотивираат. Да не постои љубомора, ниту пак едниот да се мисли над другиот, од било кој, па и финансиски аспект. Јас мислам дека некои мажи не сакаат жени со повеќе пари, бидејќи таквите мажи, една жена можат само да ја освојат или контролираат со пари.
Па јавно никогаш не сме ни правеле муабет дека му е незгодно. Не гледам на таков начин на парите, го гледав колку се труди. И колку е со самодоверба сега, мерак ми е таков да го гледам. Парите се заеднички, а тој никогаш плата не извадил од картичка, така знам дека зима повеќе од мене плата.картичката дома му стои со извадените други пари. Не е ни битно. Јас да раководам со пари за 2 дена се ќе потрошам за глупости, тој е рационален Изненадува фактот кога ќе спомнам некогаш леле дали ќе имаме пари и за ова, и за она. И тој само ми вели:има пари, не се секирај, земи ја картичката
Исто како и за браковите во кои мажите земаат поголема плата од жените. Поентата е: „шојма врска?“, партнерите треба да гледат да имат поголем заеднички приход, безразлика кој приоднесва поќе.
Зарем е битно дали мажот или жената зема поголема плата? Зарем месечната заработка не е заедничка? Парите не се на купче? Ич нема да ми биде гајле дали утре жена ми ќе зема повеќе плата од мене. Важно е да се има за солиден и нормален живот. Балканска работа, тоа е.
Овие што им е битно кој колкава плата зима сигурно си имаат и посебен буџет,за неа ,за него и за дома... па можда едниов ако зима поголема плата ќе си има повеќе пари за трошење за себе па на другиот ќе му биде криво. Друго објаснување немам.
Ма само под клуч жената ставање дома да дреме, каква поголема плата Зар навистина постојат вакви луѓе што гледаат кој поголема плата земал? Посебно па помлади кога ќе видам не знам како да реагирам. Наместо да се среќни што домашниот буџет се зголемува, тие биле тажни душички дека машкоста им се повредила за парче хартија. На човек со самодоверба нема ништо да му влијае за да му се разниша самодовербата, ако самиот тој си се цени и почитува. Е сега, ако не се цени и нема самодоверба, се ќе му смета па дури и платата на жената. Ако не па, навистина нека си ги заклучат жените дома, и така ќе земаат само тие плата...ете, може така ќе се чувствуваат ко мажи
Што е со темата, какви се овие комплекси, страшно, па ако девојката повеке учела додека некој си излегувал со женски се опијанувал па и штета е машкото да зима поголема плата.
Платата е променлива категорија, секогаш постои шанса да се зголеми, намали или пак и да остане некој без работа. Партнерите треба да бидат среќни ако двајцата имаат работа, ако се вредни и трудољубиви, а не да се замараат со глупости, дали мажот или жената има поголема плата. Поголема плата на едниот значи подобар стандард за двајцата или ако имаат деца, за целото семејство. Затоа партнерите треба да се поддржуваат при напредување, взаемно, без непотребни фрустрации од било чија страна.
Нема став да е маж во куќа - ама кога стигаат платите гледам дека не му е сеедно. Иначе многу се труди да ме стигне и еднаш со многу прекувремени се доближи - беше многу среќен.
Со мм имаме образование на исто ниво но на различни факултети. Е сега неговата струка е таква да не може да гради којзнае каква кариера, има убаво работно место и солидна плата, но нема услови за напредок во фирмата. Јас почнав да работам за многу пониска плата од неговата, но со тек на годините го престигнав и сега земам повеќе од него, а допрва треба и да напредувам. На секое мое покачување исто се радуваме и двајцата, тоа значи повеќе средства во заедничкиот буџет и повеќе задоволства и за двајцата. Тој пак си работи настрана и нешто приватно од што имаме добивка плус, па гледано на годишно ниво тој допринесува повеќе. Е сега јас сум повеќе рационална и повеќе штедам за разлика од него, сакам да имам целосна контрола на финансиите, кое за што и каде се троши, па еднаш имавме таков момент, ме праша дали тоа го правам оти земам поголема плата од него, но разговаравме убаво и ги расчистивме дилемите.
ако мажот зема помала плата од жената и тоа за него претставува проблем нека оди дополнително хонорарно или физичка работа нека работи па нека се прави јак оти според мене не е воопшто важно кој зема повеќе а кој помалку. Важно е кој колку може да придонесе дома. Еве јас и маж ми работиме на исто работно место тој е на повисока функција и има трета смена а јас сум со 2 смени па земам приближно колку него. Дали по околу 2000 ден помалку.