Некогаш со право мажите се чувствуваат загрозено, оти има многу жени за кои маж со помала плата е помалку маж и даваат на знаење што мислат иако можеби не директно. -Не се чувствувал загрозено ама се мотивирал Што го спречуваше порано да се мотивира? -Кај помалку заработува па уште и газда во куќа изиграва "Газда" во куќа нема право никој да e без разлика кој колку заработува и не знам зошто се спомнува во овој контекст.
@Bridget Ако мислиш на мојот пост со споменатиот термин "газда", воопшто не беше напишано во тој контекст, во кој сакаш да го претставиш. На крај од постот истото што сега го напиша, го кажав и јас. Никој не треба да се замислува дека е над својот партнер, од ниту една причина, па ни финансиска.
кај мене дома мајка ми имаше поголема плата од татко ми и знам дека кажуваше дека не е баш пријатно тоа и дека треба да се пази да не се повреди машко его, али на успехот на партнерот секој се радува и не е љубоморен. и најбитно двете плати на исто место идат.
Прочитав пак да не сум ти извртила зборови случајно, оти знае да ми се случи но, не. Еве тука кажуваш како тој не се мотивирал од нејзината поголема плата за и сам повеќе да заработува (зошто пак мора?), сакал да ужива и да не се замара (дали тоа значи дека партнерот со помала плата едноставно не се замара?) и црешата што ја спомна според мене исто непотребно затоа што ова веќе е тема за друг муабет (кој колку работи по дома или проблеми во бракот). Од ова јас добивам впечаток дека -кај со помала плата па и се курнази Не би требало да ги мешаме овие работи со висина на плата, тоа ми е муабетот.
Маж или жена што не се егоисти и не гледаат само за себе за таквите верувам дека не е битно кој колкава плата зема,но еден да е посебичен од брачните партнери тука се појавува еден вид љубомора или завист,тогаш бракот и нема да функционира како што треба,значи без разлика на пол,ако има слога,љубов кој зема поголема плата воопшто не е битно.
@Bridget Тоа со мотивацијата го спомнав бидејќи членката над мене спомна дека нејзиниот партнер се мотивирал од нејзината плата, па го кажав во контекст дека во случајот што јас го знам, не е така. Исто, не можам да негирам дека познавам многу мажи што земаат поголема плата, па затоа се мислат газди во домот. Тоа не е поради домаќинските, туку исклучиво од финансиски аспект. Баш и во друга тема, една членка кажа дека сопругот ја психички малтретира затоа што имал голема плата, а таа нема никакви примања. Факт е дека некои луѓе, поради финансиите во однос на партнерот се чувствуваат инфериорно или супериорно. Зошто? Не би знаела. Егото е дел од одговорот. И не зборував општо, дека секој партнер со помала плата не се замара, туку за оној јас што лично го познавам, знам дека е така. И кај него си работи егото. Погрешно е секако некој да се мисли супериорен над партнерот, како што и претходно спомнав.
Бриџке. се согласувам со тебе. Исто зборате и двете, ама друг пат, цитирај го тој на кого се обраќаш. И не вели: Ошто беше, оти не е. Општо-општо, ама ќе збрчиш на некој. Он топик: Тешки да земам поголема плата од маж ми. Ништо чудно и да го напрам 100% домаќин, и јас само да работам.
Мотивацијата е убава работа зошто да љубоморе, ако се мотивирал од сопругата значи дека е вредна да се угледа на неа и тој да заработува повеќе, ако е љубоморен абе какво угледување за него тоа ке биде понижение да се мотивира од сопругата, а може да заврши и со тепачки и триста глупости дури и ке ја тера да се откаже од работата.
Кога нема љубов се некои изговори се наоѓаат. Искрено за мене е глупост да размислуваш кој има поголема плата. И сеа што треба да правиш ти зошто на мажот му смета, да напуштиш работа? Во време кога луѓе молат за работа, некој ќе му смета што имам поголема плата.
Знам да пример каде маж ја натера жена си да даде отказ само затоа што беше поуспешна од него. Изговорот - децата нема кој да ги гледа, јадење да правела и сл. На крај пак не му чинеше па се разведоа - сега жената е директор.
Во брак сте, зборувајте отворено, разговарајте, прашај го за тоа како се чувствува, дали сака да смени работна позиција, работно место, дали сака да напредува. Прашај го како се чувствува. Во бракот нема место за такво нешто.
Ја знам многу мужи шо одеднаш одсвиѓуваат некоја девојка шо има поголема плата од нив, а па да не праам муабет за тоа кои проблеми у брак настануваат од истото. Ко да има поголем к*р од нив се понашаат.
Мене не ми е проблем, баш напротив би било убаво, дај боже нека зима и 1000 евра плата, таман можеме да идеме на канарските острови наместо низ балканскиве држави да дремеме кога ќе дојде време за летен одмор. Проблем би било ако еден од партнерите со повисока плата за време на караници го користи тоа како факт да го понижи другиот партнер или му спушта цело време за тоа итн... Тие се жални ситуации кога некој си зима право само затоа што е во подобра позиција од другиот да се однесува така супериорно.
Мажите и жените се еднакви.Доста со тоа дека ќе бил повреден.Ги чуваме како лед во дланка плашејки се да не се растопи.Оставете ги нека мислат што сакаат зацртете си веќе еднаш дека нема разлика меѓу половите.
Јас па на колку материјалисти мажи имам наидено во животов, памет да ти штукне. Така што тоа клише мажите се по сексот, жените по парите не ми држи вода. Ај да те праша за професија на состанок, да сфатиш, не е само за парите, туку се открива на кое интелектуално ниво си, колку ви се блиски интересите и не знам што. Ама, плата, станбено прашање, ау. Обично за овие лажам и кажувам помалку. Секад. Прашањава ко за кредит да имам аплицирано кај него. Ти пријател, банка си? Ако му влијае на љубовта, баш ме заболе. Особено ако не е скалило повисоко. Јас го мразев ваквото гледање на нештата, ама по одредено искуство, еден коментар на моја другарка тотално ме замисли: „Да најдеш квалитетен маж и онака е реткост. Знаеш ли зошто им пречи жена што е на повисоко скалило од нив? Затоа што голем дел од мажите сакаат да се натпреваруваат, да се борат за тебе. Затоа ти мора да им поставиш критериуми кои ќе се борат да ги остварат. Од аспект на емоционални и нематеријални, веќе поголем дел од нив и сами се свесни дека не можат стопроцентно да ги исполнат затоа што се генетски предиспонирани да чувствуваат помала болка во увото за све. Вака има материјал за борба.“ Сем ако и од тој аспект е неспособен па кука како сите жени се материјалисти. Нормално не сите, ама како што карактерни жени се реткост, така и карактерни мажи се. На тие ретки исклучоци, капа им симнувам. Тоа се обично зрели луѓе коишто имаат доволно самодоверба да не се комплексираат ако земаат повисока или пониска плата од партнерот.
Кај нас пак е обратно. Јас имам повисоко образование од сопругот, по функција (работно место) имам повисока од него , но тој зема 2 пати повисока плата од мене, дури за македонски стандард прилично големка. Никогаш не сме гледале така на работите, нити јас се копмлексирам на тоа, нити тој се комплексира на моето образование, напротив се гордееме еден на друг.
Хаха ова ко другар ми да го слушам. Во странство се иначе. Вика татко ми ни викаше учете ако не цел живот во индустриски сектор ќе ти помине. Еве го брат ми, не учеше, во тој сектор е и зема три мои плати месечно, ја дипломава си ја галам и плачам.
Во нормална држава треба тие што имаат факултет да земаат поголема плата и содветно работно место,но тоа во нормална држава,а кај нас не се такви критериумите,тука полуписмен може да зима плата и над 500евра ако има некој да го бутне на добро платено работно место,без разлика дали државно или приватно,така не споредувајте образование со плата. Амди Бајрам е со основно но има милиони,само како пример.
Во државно можно е до некаде да функционира, доколку е човек на некој висок функционер, ама приватно, дека ќе те чува работодавачот, без 2 чисти во главата , да не знаеш во газ да се боцнеш и да те плаќа да речеме 700 евра, е тоа не би рекла баш.... И да во нормална држава се цени образованието, а тука од причини што ни се на сите познати, знаеме зошто е изгубена вредноста о важноста на факултетското образование.
Кај мене било обратно кога сум искачал со девојки на прв состанок, претежно тие ме прашуваат, што работам, како иде работа, дали се заработува, итн. Јас никогаш ниту една девојка со која сум искочил не сум ја прашал што работи, колку заработува итн., за мене ваквиот вид прашања спаѓаат во приватни прашања, и според мене е некултурно да љубопитствувам во нечија приватност, дури и кога сами девојките ми кажувале сум и кажувал, дека не треба да ми кажуваат од толку теми на муабет ние за работа ли да збориме?