А што е со оние родители што ги советуваат ќерките пример да си наоѓаат дечковци само на нивно ниво на образование, еве да земам за пример медицина? Како демек другите се подолу?
Бедни родители = бедни деца. Не ми е важно кој ќе зема поголема плата, дали јас или она. Важно ми е заедно да работиме и заедно да трошиме. А не јас да работам, а она ем работоспособна ем дома да седи и да живееме со една плата. Фмп.
Ти кажа @Mr. Right бедни се. Секој родител сака детето да му живее подобро од него и да биде со добри финансии, ама колку треба да си малоумен за да го учиш да ги цица туѓите пари...
Без разлика на пол зашто има и од обата пола што си бараат партнер финански добро ситуирани,еве да се скараат за некои глупости или некоја ситница и тој што е финансиски поситуиран ке го омаловажува другиот и ете ти крај на бракот,се додека се гледа на пари како опција толку помалку ке има љубов.
Не беше кажано да цица туѓи пари - туку само да имаат слично ниво на онразование што би значело поголеми шанси за еднаква заработувачка. Според мене не е пресуднл нивото на образование, но нивото на интелект и те како треба да се гледа.
Да, не приметив дека вика исто ниво. Мислев се однесува на одредено ниво без разлика на образованието на ќерката. Инаку, се согласувам за интелектот.
Плата е едно образование е друго пријатели. Порано и јас мислев дека нема врска, но порано или подоцна во голем дел од случаи излегува на површина. Не би забранила никогаш на ќерка шо е пример доктор да излегува со, еве да речеме, мајстор, ако тој ја прави среќна. Но, би ја предупредила дека понекогаш разликата во образование со себе носи и разлика во амбициите и интересите. Не секогаш. Имам другарка со факултетско образование којашто летово ќе се венча со возач. Ама, тие си одговараат затоа што интересите им се блиски. Амбициите не им прават судир. Тој учел занает за да најде работа и таа завршила факултет за да најде работа. Таму кадешто се се среќни и никој никому не боде очи со амбиции и мотиви за усовршување. Имам и другарка со средно којашто маж ѝ ја мотивираше и заврши факултет во брак. Ете во тоа заедништво покрај љубов и што ти знам јас што, и на друг начин се придонело за личен развој и интелектуално будење на една млада личност. Но, не сите ја имаат таа среќа. Степенот на образование како таков сам по себе не е важен директно, но работите кои може да ги носи со себе ги одредуваат не ретко и главните одлики на еден однос.
Нема врска кој заработува повеќе. Сепак тие пари се дел од заедничкиот буџет. Мажите на кои им смета партнерката повеќе што заработува се тешко искомплексирани и им се повредува егото кога "понежниот пол" заработува повеќе. Јас одам на факултет, дм има средно со три години ама и преубав занает во кој многу го бива. Кога ќе размислам за иднината, знам дека тој со цело срце би ме поддржал ако најдам подобро платена работа, бидејќи и јас него би го поддржала исто така.
Глупости. Сега заработувам јас повеќе, за некое време може ќе заработува тој повеќе, може јас нема да работам воопшто, може тој нема да работи... Животот се носи и е прекраток да споредуваме кој колку пари носи дома, кој колку троши. Во една куќа доаѓаат парите и дај боже сите секогаш да имаат доволно, без разлика кој ги заработил. Пс. заработувам многу повеќе од маж ми, ама тој е моја најголема поддршка да бидам подобра во се што правам.
И кај нас нема значение кој колку заработува! Никогаш не станало муабет ,,ти повеќе, јас помалку, ќе видиш ќе те стигнам,, Парите се заеднички, без разлика кој колку заработил! Се радуваме на секој денар повеќе заработен од било кој од нас, исто како што би ни било криво намалувањето на месечната заработка без разлика дали мене или на ММ би му се случила! Прочитав наназад некој кој пиша - возможно е ова кога мажот е прост, смета дека жената е понеспосбна како битие од него па не смее да го понижи него како голееем МАЖ со тоа што ќе заработува повеќе! Па ќе кажам дека и јас се сложувам со истото! ИЛи пак можно е такава трка да се створи во бракови кои водат цимерски живот, поточно моите и твоите пари! Е ова ич не го разбирам! Демек секој за себе! Пример сметките ги собираме - дај 5000 илјади, дај и ти од твоите! Вака јас со цимерките функицонирав ама знам и за бракови кои исто функционираат. Кога сме воделе општа дискусија зошто е така сум добивала одговор - не може он/она моите пари, нек се потруди и нека си заработи повеќе. Мислааам, каде се овде заедничките цели и желби за постигнување на нешто! Овде и те како ќе се јави љубомора ако едниот има повеќе од другиот, нема да си се радуваат на секое напредување и зголемување на заработката! Има и бракови каде едниот само работи, најчесто жената! Тогаш на тој што не заработува да го распнат на крст?!? Можеби домашните обвски се на нејзин/негов грб, можеби пак е работонеспособен од здравствени причини! Зарем треба да се префрлува на тоа дена не заработува воопшто иако е посветена/посветен на домот и вкулечн во други обврски околу семејството! Малце поразлично гледам на ситуацијата ако едниот работи и заработува, а другиот измислува причини да не работи. Е таквите донекаде ги разбирам, и тоа префрлување ,,моите пари јас ги заработив,, донекаде го разбирам иако не го оправдувам. И пак, не треба да се троши енергија на префрлување туку на разговор со кој ќе се подигне свста дека треба да се работи и заработува за потребите на семејството , е сега некој помалку некој повеќе, ама важно да се учествува!
A што има погрешно во тоа да прашаш што работи? Јас дефинитивно би прашала дечко со кој сум на состанок што работи. Би сакала да знам кои му се целите и амбициите, што го исполнува, што сака да прави општо во животот. А работата е толку голем дел од секојдневието што мислам дека е непристојно да го избегнеш како прашање. Јас би се навредила доколку не ме прашаш што работам, бидејќи тоа би значело дека не си доволно заинтересиран за мене како личност. Додека колку заработуваш е веќе сосема приватна работа. На темата, мислам дека воопшто не е важно кој заработува повеќе. Бракот е заедница и не би требало да има споредување меѓу сопружниците. Парите се тие, дали ќе ги делите или ќе трошите одделно, на крај на месец тој што има ќе дава. Помина времето кога мажите работеа а жените седеа дома. Денешно време има многу успешни жени со доста високи примања и тоа е сосема во ред. Никогаш не знаеш што носи животот, некогаш мажот може да заработува повеќе, некогаш жената. Некогаш некој можеби ќе остане без работа. Битно е да се поддржуваме и да сме еден до друг и во добро и во лошо.
Jas od sekogas zarabotuvam nesto poveke od mm, no rabotam dve raboti. Sum imala periodi na nemanje, I znam kako mi bilo.Od toj strav , rabotam mnogu. Mm e polezeren I inerten koga se raboti za zarabotuvachka.No za da opstane zaednicata treba da se prifakame takvi kakvi sme. Parite gi trosime zaedno, za zaednichki celi.Prioritetite ni se razlichni. Toj sto zarabotuva poveke upravuva so parite koi gi zarabotuva. Se dodeka dvajca funkcioniraat , bilokakva raspredelba na pari, obvrski I dogovor e dobar ako toa im odgovara. Sekoj neka pravi kako sto saka.Odnosite vo brachnata zaednica se komplicirani I ne e se crno- belo.
Ако имам јас, има и тој. Ако има тој, имам и јас. Не е важно кој колку заработува, важно е дека заедно ги трошиме Јас функционирам на тој начин што заштедените му ги давам нему. Кај мене не се сигурни На крај, се се сведува на почитта и довербата меѓу партнерите.
Од моја гледна точка мислам дека амбициозните жени и образовани не одат со мажи што работат обична работа. Секако таков брак не го бива. Познавам многу такви со се разведеа нели жената по семинари, со колеги, колешки на ручоци вај сакаше намерно деца да и праве( као да седе дома само и да ги чува во тој смисол) се за тоа и збореше за деца едно по друго да имат и ваа се разведе виде што му е филмо.
Секој гледа различно на работите, неможеш ти ако зработуваш пример 50 илјади а мажот ти едвај 20, спонзор ли треба да му бидам одмори се да му плаќам? Не е убаво ни па обратно..
Те разбирам што сакаш да кажеш, но дали ако е жената образована и амбициозна по дифолт значи дека ќе зема 50 илјади? А што ако на пример мажот е механичар и зема тродупло повеќе од неа иако необразован? Јас лично сметам дека образованието е доста важен процес и преферирам да бидам со некој кој е високо образован и амбициозен ама тоа не значи дека којзнае колку ќе заработува во нашата прекрасна држава. Патем што е со она во добро и во лошо? Еве да кажеме да имаш амбициозен сопруг со супер работа и солидни примања. Што ако еден ден остане без работа, ќе се разведеш бидејќи не планираш да го спонзорираш?