Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жена со поголема плата

Дискусија во 'Брак' започната од NEA, 13 јуни 2019.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Не се сите механичари, а и друго е на пример жената директорка на чисто место на компјутерче пред неа а друго е механичар, која е поценета работа? Ама јас дадов пример мажот да зима помалце од 20 илјади може да е маркет, кафич некоја фирма. Па не планирам некој дома да леже а некој да плаќа се. Ни за едниот ни за другиот пол...
     
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Ама зошто мислиш дека жената би била директорка ако има високо образование и амбиции? Што ако работи за 15 илјади плата?
    Што ако тој работи во кафич, ресторан и заработува повеќе од неа иако има "помалку ценета" работа?
    Ако живееш во Македонија, тука ни диплома ни ништо не ти е гаранција за добро работно место. Затоа споредбата малку ми немаше логика.
     
    На Mr. Right, Martka, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па добро де немора ако е жена на високо место ставена дека зима 15 илјади што ако зима 50 илјади? Јас ти зборам за жената значи 50 илјади да зима да работи нешто за 50 илјади а мажот за 20 илјади, пример жената има салон, има клуб, кафич свој нешто и кај се видело келнер за зима повеке од 20 илјади..
     
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Јас конкретно за овој дел зборував:
    "амбициозните жени и образовани не одат со мажи што работат обична работа."
    Сакав да кажам дека тоа што некој е амбициозен и образован не значи дека ќе зема којзнае колкава плата, баш напротив некој со обична работа како што рече ти, може да заработува повеќе. Тоа ми беше поентата.

    Инаку знаеш дека ништо во животот не е сигурно, денес имаш, утре немаш. Не ми е во ред да кажеш дека не сакаш да го спонзорираш сопствениот сопруг ако некогаш има потреба од тоа. Денес си горе, утре може да си долу а тој да ти подаде рака. Истото треба да важи и во обратна ситуација, барем според мене.
     
    На Harper, Martka, Spidy и 5 други им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Ќе го пратиш во Дојран, а ти како мултимилионер со 50 илјади ќе идеш на Малдивите.

    Ја мислев ќе отиде темава во насока дека нема да имате заеднички теми за разговор, слични друштва и сл. а тоа да ти било за пари.
     
    На Avery, Mr. Right, oblace1 и 22 други им се допаѓа ова.
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Дали се заработени од мажот, жената или двајцата уатевер. Се што се заработува треба да се става во заедничко купче. Нема мое, твое, заедничко е се.

    Никако не можам да ги разберам и сфатам оние кои си ја чуваат платата само за себе и си полагаат дома сметки кој колку потрошил и колку му е должен на другиот. Океј, еве едниот партнер заработува многу повеќе од другиот и што? Овој поимотниот ќе живее луксузно, ќе шета, ќе се забавува и ќе си тера задоволства, а овој другиот ќе се стега и ќе бара начин крај со крај да сврзи. Ми нема никаква топлина и не ме асоцира на единство. Бракот е заедница, се додека владеат хармонија, взаемна почит и разбирање не е важно кој повеќе заработува. Ситуацијата секогаш може да се смени, животот е непредвидлив, денес имаш, утре немаш.

    Никако не се сложувам дека различниот степен на образование влијае на квалитетот на врската/бракот. Тоа никако не треба да биде пречка за успешноста на истата/истиот. Во човекот се заљубуваш, а не во дипломата. Образованието и титулите не го прават човекот човек. На крај краева не сите имаат можност да студираат, а тоа не ги прави помалку вредни.
     
    На Carissa, Alishan30, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Значи тој што зема 20000 автоматски ништо не работи според тебе?!
    Или ако тебе те унапредат на работа и почнеш да земаш дупло поголема плата, маж ти веднаш мора да почне да бара друга работа поплатена или да работи двократно за да се изедначите?
     
    На Avery, Harper, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    А ако некој високообразован на добра позиција поради сплет на околности остане без добро платената работа и принуден е да работи било што, па и вон струка зошто има деца, сметки, дом и ред други обврски? И замисли, ова привремено решение додека најде работа по струка, му одземе години и години од животот и набилда стаж баш таму, повеќе од било кое друго место? Другиот брачен другар треба ли да го шутне, можеби, зошто не е тоа што бил како на почетокот? И зарем ако на почетокот се на исто ниво со плати и одеднаш едниот добие прилика за многу подобра платена работа, другиот треба да си ја подвитка опашката и да си замине оти веќе не е достоен за другиов? Брак е тоа, не е парче мебел.Луѓе бре, не само во МКД туку и пошироко, се потешко и потешко се наоѓа и задржува работа. Да не зборувам дека баш механичаи, молери и слични струки и занаети веќе се секаде многу побарани, па и од инженери повеќе, бидејќи се во фаза на одумирање. За интелектот се согласувам, но ете многу луѓе работат десето нешто зошто животот ги шутнал во тој правец и се надоградувале баш во тој правец.И аман реалноста е дека најголемиот дел кај нас и со виско и со магистратури земаат околу 20.000,00 па и под ова.
     
    На Peperutce1115, Kate Rina 93, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    2.035
    Пол:
    Машки
    Во брак нема ,,мое - твое", се' е заедничко, се' е за семејството. :)
     
    На Martka, theowndemon, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.712
    Допаѓања:
    174.896
    Пол:
    Женски
    Пола Македонија зема помалку од 20.000 значи ли тоа дека сите лежат дома? И зошто потценуваш механичари? Оти работат физичка работа? Знаеш ли дека ниту механичар не може да биде секој? Ако човек се труди и заработува чесно, зарем ќе преценуваме и потценуваме?

    И што ако ти му платиш одмор на мажот, зошто е тоа толку трагично? Ако веќе сум го избрала за сопруг, животот да го поминам со него и да биде татко на моите деца, ај да не одиме заедно на одмор се додека тој зема помалце од мене?
    Тркалото се врти. Утре, други ден, по една година, две, тој може да почне да заработува поише, а мене фирмата под стечај да ми отиде. Што праиме тогаш? Јас ќе седам дома, тој дур шета по одмори? (facepalm)
    Буџетот е заеднички. Битно е човек да се труди и да вложува. И битно е да се поддржува партнерот во тешко време, оти кога е лесно едноставно... лесно е.


    Како хонорарец, фриленс, особено ако работев истовремено на поише проекти, честопати месечно знаеше да ми се собере и дупло од тоа што маж ми зема. Сега неколку месеци не бев во можност да работам, и скоро нема да бидам. Ај да се разделиме дур не почнам пак да заработувам? (facepalm) Тој ми е поддршка и столб сега мене, како што јас би му била и секогаш ќе му бидам нему. Едноставно е. Не знам зошто толку комплицирате.
     
    На sparklie, Mr. Right, oblace1 и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    1.975
    Пол:
    Женски
    Тогаш мој совет ти е да не стапуваш во брак не за друго може ќе начекаш богат маж а нема да сакаш ништо од него. Ќе имаш амбиција да заработуваш колку него а нема да можеш. Амбициите може да те однесат во погрешен правец. Живеј си живот само за себе и со своите амбиции. Едно е да имаш амбиции а друго е кога човек е себичен и гледа само за себе. А ова е себичност што го напиша.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Откако ме цитираше , сакав истово да и го напишам. Нема посебично од тоа да стапиш во брак со помисла дека твоите пари си се само твои и дека ако сопругот на заработува доволно, делењето ќе биде "издржување".
     
    На cresa-jagoda, Peperutce1115, Kate Rina 93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Абе де молам ви се ај реално да гледаме кај се видел таков брак да издржи посебно на балканот каде мажите се љубоморни ако жената заработува повеќе. Поарно е да зимам со некој иста плата или 2 3 4 илјади повеќе да зимам јас или тој. Ако сум веке амбизиозна и амбизиозен маж ке земам што ми треба флегма дома само на каучот и далечинското во рака.
     
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Не знам од кај ги донесуваш заклучоците ама успеале бракови со многу поголеми разлики од овие кои ти ги наброи. Претпоставувам не си имала прилика да запознаеш поинаков маж, па од таму произлегува твоето мислење. Не, не се сите мажи љубоморни на жените, има такви кои се гордеат со нив и ги поддржуваат да бидат уште подобри во она што го работат.
    Или не ја разбираш поентата на разговорот или не сакаш да разбереш. Никогаш не знаеш во животот што те чека. Зошто мислиш дека ако земеш успешен маж, тој секогаш ќе биде успешен? Што ако утре остане без работа? Што ако немајќи избор почне да работи "обична" работа? Што ако заработува помалку од тебе? Ќе се разведеш?
    Се надевам ќе се потрудиш да ми одговориш на прашањата.
     
    На theowndemon, Amellie13, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Значи тебе мерило за успешен маж ти е некој што зема голема плата? А тој што зема помала плата е неамбициозна флегма и мрза? Ако е така многу погрешна еквиваленција имаш. Парите можат да ти олеснат многу работи да, но не секогаш го добиваш тоа што го сакаш само ако имаш повеќе пари на сметка.
     
    На Kate Rina 93 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  16. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.361
    Допаѓања:
    13.341
    Пол:
    Женски
    Плата е релативна работа. Денес си газда, утре си банкрот. Денес си на минималец, утре полн пари.

    Проблемот е во амбициите. Ако мажот не мисли да напредува во животот, ќе му смета да има поуспешна жена. И обратно важи истото. Јас може нема да бидам директор никогаш, не ми е таква професијата, ама се надоградувам и со усовршување на "занаетот" ми се качува и платата. Да имам маж што зема некоја плата која едвај гура до први секој месец и вика не можам повеќе, и јас би била незадоволна.
    Татко ми е без факултет, па бил и директор, бил и продавач. Сега е шофер, битно кога требале пари за дома си ги заработувал поштено.
    Имав дечко што работеше државно за 25 илјади и одеше на уште една работа зошто не се задоволуваше со толку, ама на таа работа немаше како да напредува.
    Маж ми сега постојано е на интервјуа за работа. Има многу добра плата кај што е, работи и повеќе години на истото место, ама постојано бара повеќе.
    Поентата ми е дека ако јас секогаш се трудам да одам напред, ќе барам истото да го прави и партнерот. А кој повеќе плата зема е сосема небитно.
     
  17. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Гомела улога во денешно време имаат и парите на трето место прво здравје второ среќа трето пари, ако немаш пари нема да можеш еден лек да си купеш а и секако со амбизиозна жена оде амбизиозен маж зашо да ме мажам со некој шо зима помалку многу плата од мене. Шо да му плаќам се со мојте пари и на крај друга да ми донесе нема шанси!! Мое мислење е ако жената има поголема плата нека биде со исто така финансиски стабилен маж а не пари за цигари да ти траже брука..

    Ајде де молам ти се најпрај реална слика на македонскио менталитет ја не ти зборам за мене зборам ти што гледам у секојдневието мажите ги тераат жените да се откажуваат од нивните кариера за дома деца да чуваат а што е најстрашно го прифакаат тоа сигурно Знаеш најмалце 5 жени што се откажале од кариерите поради љубоморен маж. Само да доврзам со успешност оде успешност, без разлика на поло. Или сигурно јас ако зимам 20 илјади нема да одам со маж што зима 100 од кај да знам дека нема да ме изневерува, ке оде по деловни ручоци јас како 13 прасе, треба реално да гледаме.
     
    Последна измена од модератор: 21 јуни 2019
  18. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Нема да продолжам дискусија со оглед на тоа што ги игнорираш прашањата кои не ти одговараат.
    Поздрав.
     
    На theowndemon и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.831
    Пол:
    Женски
    Така, обично луѓе на деловно ручеци си ги вараат жените.
    Не дека работат нешто за да ја заработат платата, нееее, сигурно им е само за секс.
     
    На oblace1, Harper, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ако на деловни ручеци имаат секс, тогаш што ли се случува по семинари? :o :D
     
    На Harper, WildMk, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.