Излезе дека само оние со повисока плата изневеруваат. Оние што земаат 20.000 поима немаат од изневерување, а оние што се невработени може и порно во живот не гледале.
Значи сега сериозно. Ако мене ми плаќаш одмори на Канарските острови, јас ти ветувам, со две раце ќе ти потпишам дека нема да донесам друга, значи не можам веќе да идам во Охридине и Дојранине, значи не можам веќе со паштети и лебови, време е еден јастог да јадам ко човек, ти само да земеш плата 50 илјади, ти плаќај одморите на острови, јас ти ветувам нема ни на инстаграм да лајкувам девојки, значи ништо, а цигари не пушам така да нема да се бламираме да ти барам пари за тоа.
Никој не вика дека парите не се воопшто важни. Секако дека се и тие битни, неопходни се за егзистенција. Поентата на мојот муабет беше дека дипломата не е неопходна за да некој фер и поштено заработува. Дипломата не е мерило за тоа кој колку заработува. Дипломата не те прави повоспитан, покултурен, подобар и поинтелигентен. Дипломата не значи дека нема да ти донесе друга дома. Океј, еве двајцата заработувате 100 илјади, двајцата одите по деловни ручеци, но со различни луѓе, на различни места. Дали тоа значи дека вие меѓусебно ќе се изневерувате? Дали тоа значи дека твојот потенцијален иден партнер треба да се занимава со истото што се замимаваш и ти за да го држиш под контрола? Контрадикторна си...ако зима голема плата на деловен ручек ќе те изневере, ако зима помала плата и ти го помагаш, пак ќе те изневере...така излева.
Јас скоро како сум почната на работа, а дечко ми веќе неколку години води сопствен бизнис. Дај Боже и да земам поголема плата од него за да можам сега јас да го прошетам, да го почастам ручек, да му купам нешто што го сака. Не дека се чувствувам должна кон него, туку сакам. И заслужил.
Епа мажите што зимаат драстично поголема плата ретки се тие што не мрдаат со опашот. Сакаат да си излезат, да си пивнат, со другари натам навам, деволен човек,а жената у конфекција со конци ли да оде на ручоци деловни де ке ве молам. Или па мажо ако зима помала плата со црни нокти и прсти.. Мислам дека такви бракови не опстојуваат се јавува љубомора, а може и намерно тој што зима помала плата да изневере. Па барем сум самостална а не очајна домакинка со 12 илјади а тој 100 000 ако ме изневере ке си купам стан секако ке си живеам нема да трпам. Поентата во маабетот ми е треба 2цата партнери да се совпаѓаат да имаат заеднички идеи, амбиции, цели каде што и дајцата заработуваат многу. А не жената пример или мажот да е амбициозен, самостален а другиот партнер кутар со 200 евра неможе ништо.. Свакаш? https://republika.mk/zivot/psiholog...razovana-zena-ne-smee-da-se-omazi-za-majstor/
На некого му е важно да е амбициозен партнерот, некому не му е. На пример, јас и маж ми. Тој е амбициозен, јас не. Не изразил желба да ме шутне оти не сум ко него амбициозна.. шо знам.. Можи оти на секој ручек и секое патување плеска други
Зошто мислиш дека изневерувањето зависи од платата? Има и такви што зимаат помалце, па сакаат да излезат со другари, да пивнат, да мацнат нешто надвор од бракот. За да те изневери не му треба деловен состанок, и дур работи на нива или ниже тутун во двор може да се плесне со комшиката. Според твојава теорија, за да не не изневерат мажите, треба да ги врземе в подрум, евентуално не дај боже да имаат повисоко примање од 20.000. Изневерувањето е дефинирано од карактерот на човекот, а не колкава плата зима. Оној што си изневерува ќе си изневерува и сиромав и богат да е.
Па тие мажи со мали плати според мене не се самосталнии и треба жена за да опстане и сметки и се да плаќа и затоа е повеке врзан. Од кај му се пари за пиење и вечери со 12 13 илјади ако зима у продавница ако работе, конфекција? Јас по диската повеќе гледам мажи на високи позиции со деца дома што заведуваат 18 годишни.. Ретко да видам у диско некој у продавница шо работе
Не сфаќам и никако не можам да сфатам и не сакам да сфатам. Јас не го бирам партнерот врз основа на длабочината на неговиот џеб. Го бирам врз основа на начинот на кој размислува и ги согледува нештата во животот. Сакам да е интелигентен (а тоа не значи дека мора да има диплома), да ме почитува, разбира. А најважно да ми биде лојален. Ако има почит, разбирање, љубов, со труд се се' постигнува. Не ми е важно дали е келнер или адвокат. Важен ми е односот што го има кон мене. Нејсе, тоа што го кажа е твое мислење, ако те прави среќна, немам ништо против. Само мислам дека ти е многу погрешно размислувањето.
Маж ми некои месеци зима 500 евра повеќе од мене, а некои помалку 500 евра од мене. Дали има швалерка со која потпишале да се гледаат зависно од платата во месецот? Збунета сум
Моме ти омажена ли си? Овие констатациите нешто не ти се во ред едит:еве ја и маж ми зимаме големи плати, па у дискА не одиме на службени патувања редовно се изневеруваме Тие шо зимат 12 000 плата, не смеат у дискА да пијат пијачки
Оти мислиш дека мора да излезе во диско, или кафич, за да најде швалерка? Клај му интеренет дома, и ич да не оди на работа, ако сака да најде, ќе најде. Не мора ни то додуша.. до продавница по леб ќе оди и ќе напрај триста чуда, ако сака.. Не можеш да спиеш на тоа уво, дека ако нема пари, верен е.
@hellocity а ако си нели на висока позиција и ти и мажот, зимате голема плата, двајцата ќе се варате или?
А најжално е што уче за психијатар. После се што изнапишува вчера во другата тема и денес ова, јас не можев да се воздржам од реплика.