Neznam koj ke trpe neverstvo so pomala plata sto zavisi od maz i ceka se na nego... I tolku ne pisuvam veke tolku ste samobendisani sto nemoze covek mislenje da si iskaze jas mislam taka za mene vie kako mislite toa si e vasa rabota
Ова е форум, си реплицираме на мислења. Мажите не се кучиња па да бидат врзани, и со мала и со голема плата и со ич плата можат да изневерат,исто и жените Парите не се мерило за некој да изневери
Жално е тоа што не сфаќа колку е се промениво во животот, стабилност, работно место, плата, итн. Мисли дека ако биде со некој со висока плата, тоа вечно ќе трае. Па и психијатар ќе била
Пoвеќе пaри, пoгoлемa незaвиснoст, пoвеќе прилики, пoвеќе убaви мoми и дечкoвци кoи ќе се лепaт нa вaс, пoтешкo дa oдoлееш Сo 12 000 штo ќе се дoмисли штo ќе биде aкo гo/јa фaтaт. Кaде ќе oдaм сo oвaa плaтa сaм/сaмa сo децa, кaкo aлиментaцијa ќе плaќaм...aј седи си мирен/нa и пушти си пoрнo
Пошто во погрешен правец отиде дискусијава, само една информација: добар мајстор кај нас најчесто зема поголема плата од повеќето позиции за кои треба факултет. Зарафи дефицит на работници поголеми се шансите како мајстор да зема висока плата отколку како психолог.
И што ако учам за тоа глеј те си за вас шо сте училе или што учете ајде сите психијатри исто мислење имат за се нели ахахха
Зошто би му било криво на мажот што неговата жена зема поголема плата или обратно зошто би и било криво на жената доколку мажот зема поголема плата? (или како што велите вие ја/го боли) И не знам како гледате на амбициозноста преку висината на платата? Амбициозни личности не се само оние кои се стремат да напредуваат хиерархиски и да добиваат повисока плата, туку и оние кои се трудат да научат нешто повеќе и да си ги подобрат работните вештини. Амбициозноста не значи дека треба да газиш по луѓето , за да напредуваш хиерархиски. Од друга страна платата е променлива компонента, многу други работи се повеќе важни од тоа дали тој или таа има поголема плата. Доволно е некој да се труди и чесно да си го заработува лебот, а успехот на едниот или другиот партнер треба да ги радува и двајцата и да не постојат никакви комплекси во врска со висината на платата.
Темава таман да се пофалиме колкава плата земаме и колку сме амбициозни Колкав психопат треба да бидеш за да завидуваш на најблиските кои ти се семејство и со кои го споделуваш домот? Тоа е како да одиш против себе. Кога едниот напредува, оние до него исто така просперираат.
Какви голоку*ци изневеруваат, тие баш и најмачни се. Иначе, интернетот денеска прави се. До праг не мора да излезе, а ќе се издоговори со неколку. Фб, Инстаграм, Тиндер, дејтинг апликации милион...се што душа ти сака. Не мора ни на сон да сони за деловни патувања, состаноци, излегувања на вечери или во диско. Се од дома ќе си заврши. Иначе, некако ок ми е маж ми да заработува повеќе од мене. Не којзнае колку драстично, нормално. Маж е, нека биде малку финансиски помоќен, му личи. Ама и да не е така, кој колку заработува, сите се НАШИ. Во спротивно, нема зошто да сме заедно.
А кој рече дека сите мажи се љубоморни на жените што заработуваат повеќе. Еве ти еден пример. Јас го финансирав маж ми за одредени работи бидејќи бев поимотна. Тој заработуваше повеќе од мене а јас еден период дури и дома седев, значи тој ме финансираше. Потоа имаше и период кога се разболе и не заработуваше воопшто. Ама во ниту еден момент не помислив да го оставам бидејќи нема пари а јас несакам да ги троши моите нели бидејќи се само мои. Се опорави и сега јас сум директорка со приходи над 50000 ама и тој стана газда па има над 150000. А замисли мајстор е, и знае да дојде со извалкани раце и облека. Ама толку многу му ги сакам рацете и се на него што кога и да дојде јас го гушкам силно иако е извалкан. Го гушкав исто и кога немаше и сега кога има, зошто тоа е љубовта, во добро и зло. А најбитно е кога ќе седнеме дома и ќе видиме кое богатсгво го имаме а тоа ни се децата на кои и двајцата се трудиме да им приуштиме многу работи. Ама со оглед на твоето солење памет ветувам дека бидејќи мм заработува повеќе од сега тој ќе го јаде месото, децата оризот а јас зелката . И уште нешто, и во други земји мајсторите заработуваат повеќе и од наставниците и од психијатрите. Прошетај, доописмени се и зборувај, претходно никако.
Изгледа не си чула дека некои автомеханичари( кога веќе се спомнаа) заработуваат повеќе и од доктори .