Хехе се дури ги гледате лугето од високо и со подценување кој и што работи нема да ја сватите поентата. Нема потреба повеќе да се објаснува. Малку е жалосно а многу повеќе е срамно. Има и доктори кои се трудат, чесно заработуваат, но и такви кои чекаат само мито па и по цена на човечкиот живот. Затоа не треба да се генерализира бидејќи во се постои црно и бело. Но секој со својот став и размислување.
Леле многу ме навреди сега нема да можам мирно да спијам многу се вреѓам јас од анонимуси што ни знам ни кој се ни што се
@hellocity Ги осудуваш луѓето според професијата? Као овој бравар е, не го бива а овој адвокат супер е? Мајка ти и татко ти што работат? И мене лично ми се важни парите затоа што од љубов јасно ни е дека не се живее, ама ова твоево е екстремно. Господ нека му е на помош тој што ќе те земе за жена. Се надевам некој адвокат, доктор, директор, политичар. Среќно!
Искрено мајками и таткоми не земаат којзнае што плата ама исто зимаат некаде, поентата ми е треба да имаат исти цели, амбиции, да се надоградуваат паровите а не едниот амбициозен другиот мрза се да чека од амбициозниот, a и ретко гледам парови да опстојуваат со години што зима едниот многу поголема плата посебно ако е жена во питање на овие простори значи да бидеме реални сакам, повеќето се домакинки со амбициозни мажи и тоа не е во ред според мене.
Очајна домаќинка за 12000? Кутар со 200 евра? Дали бе се читате понекогаш шо пишите и како се изразвате? Вреѓаш 80% од луѓето кои преживуваат со толку плата ради нашата мизерна државичка али небитно. Дај боже и ти да спадниш на 12 000 па да бидиш кутра. Безобразна.
Сите сме кутри што работеме за 200 евра сурова реалност и јас имам работено за 10 000 во оваа држава.. И знам дека 80 посто зимат толку. Јас ако зимам 12 илјади ке си најдам маж што зима приближно иста плата.
Е не спонзоруша ке се правам или нешто јас ако ништо неам успеано со други пари паша ке се правам не уживам некако во тоа незнам мое мислење е тоа вашето си го искажите немора да ме цитирате Според мене за да имат исти права сопружниците треба исти плати да зимаат а вие стајте си розеви наочари и кулирајте. Морам со примери да дадам за да разбереш пример маж адвокат, жена професор тоа одговара ама жена адвокат и маж минималец некако не ми иде заедно или маж директор жена вработена во продавница не дека ги омаложувам работите ама не иде искрено немам такво мислење дека љубовта е најбитна и ги крше стереотипите
Значи ако зема поголема плата од мене ќе ме вара, а јас ќе морам да опстанам со него за да има кој да ме финансира. ако зема помала плата од мене треба да го оставам, не ќе го издржавам јас. ОК! да си знам! Добро сеа некои од многу калкулации се цел живот сингл ама јбг тоа е, живот... не им се погодил партнер со исти примања, ете.
Секако дека парите те правам рамноправен и образованието. И тука точка ставам не ми е интересно веке тука кажа си го својто мислење
Пропушташ едно многу битно нешто што членките ти го потенцираа но упорно игнорираш: платата е променлива. Мислиш дека ти или мажот цел живот иста плата ќе земате? Што на пример ако тој или ти стане директор или добие унапредување и повеќе заработува(ш)? Развод? И доста со потценувањето на мајстори/механичари. Дм е механичар за коли и камиони, знаеш колку напорна работа е и колку бара знаење? За мене е еднакво на квантна физика. И таа професија не е за секој, треба да те бива. Многу се замарате со парите. Кога нема љубов, почит и поддршка во една врска џабе се друго.
Кај нас е чудно ако жената зема поголема плата од таа на мажот. Го гледаат мажот со потсмев. Не сфаќам зошто.
И како ќе најдеш маж што зема баш околу 12.000 плата? Во меѓувреме ако почне дупло да заработува ,ќе го оставиш?
не разбирам што е битно кој колку зема? во мојот брак парите не се трошат засебно туку заедно. и не знам кој тоа го гледа мажот со потсмев ако заработува помалку? па со каков тип на луѓе се дружите вие? со останати во мезозоик? јас не ни познавам луѓе кои би се потсмевале за таква работа,си бирам со какви се опкружувам.