е и тоа што викаш... имам другари еј идеме заедно со такси дома мене ке ме остави ке му остави пари на таксистот и јас продолжувам уште 200 метри.. и секогаш сум викала никогаш не сакам да се гребам. кога имам, имам!!! ама едноставно ова ми е малце чудно.. јас си купив бројче оне за на него да му биде поевтино да не го трошам зошто на него му е на сметка и за да можеме да збориме и да се слушнеме кога ке посакаме!!! едноставно не можам само јас да се трудам
Драга WomanInRed, јас сум во врска околу 1 година, и според мене - момчето е оној кој што треба да биде џентламен, кој што треба да се истакне во врската, не за џабе е член на посилниот пол! Мислам, не значи тоа дека треба да одите на кафе или во ресторан и ти воопшто да не извадиш паричник и да се понудиш да платиш, но вистинскиот џентламен, кој се грижи за својата девојка секогаш ќе и покаже дека може да биде сигурна во него, и се разбира нема да ја остави да плаќа секогаш индивидуално! Ти посакувам среќа!
На вакви ни во близина не сакам да сум им. Разбирам да се нема, не ми е проблем, ќе платам, ама да има и да не знае да се понуди... Не знам какво воспитание имаат, јас кога би имала син ќе го учам сигурно на такви работи.
Затоа јас си преферирам странци за дечковци. А бре можи и лажат и све ама знаат бре да лажат знаат да те направат тие 2-3 саата кога ќе излезеш со некого да се осеќаш како да си едиснтвената жена на планетава. Сум имала и јас иксутсво во вакви како горе споменатите што немаат ни Џ од џентлменство, и со еден кога излегвме кога дојде да се плати, јас не ни извадив пари, не ни посегнав по новчаник и кога дојде да се наплати вади паи и ме гледа дал јас кје извадам, јас не мрднав. И овој виде не виде плати, и после ми вика, дај ми толку и толку за вечерата. И јас му викам јас не носам новчаник, нели ти ме покани да илеземе значи дека ти плаќаш. И јас онака навредена фаца и си отидов до колата ( со мојата бевме излезени) и си отидов а он си остана на улица.
Значи еве како што можев да заклучам од погорниот муабет тебе ти значи самиот гест. Можеби дечкото сака да се докаже во некоја друга прилика Плаќањето треба да биде наизменично (некогаш ќе платиш ти, некогаш тој). Мене лично би ми било многу непријатно цело време на излегувам на грбот на дечкото. Би сакала некогаш и јас да платам. А и мислам дека не сте баш на таа возраст кога можете да си ги сфаќате работите здраво за готово. Ако ти е убаво и интересно со него, занемари го фактот дека самата си го плаќаш сопствениот дел
И јас се тепав со мојот кој да плати сметка не сум до толку да не можам да си платам едно кафе од 60 денари,ама по некогаш сакам и он да ме почасти ама некако се навикна па ни на крај на памет не му иде тоа,и се помирив со тоа секој своето и готово
Пааа... На мојот прв состанок со дечко ми дојде сметката и јас си посегнав по новчаникот (нормално) зашто секогаш, секаде го правам тоа. Се нудам да ја поделам сметката, зошто сметам дека во денешно време е фер. Такво дојде времето, за жал, ќе си речете - де бре до едно кафе ли дојде, од мои блиски машки познаници ќе кажам дека некогаш - да, до едно кафе е дојдено. Не дека така сакаат и они, не верувам дека некој би се скржавел (со исклучоци). И посегнав по новчаникот и - не ме вратија да си го вратам мирно во чантичката. Мене (признавам) ми беше малку чудно, но не и ненормално, шокирачко или крајно бедно. Едноставно си плативме по пола, не можев да се мислам и да кројам теории на заговор - ама што му е финтата, не сакал ли, немал ли во моментот, принцип ли е, правило, тест, fuck it, знаев дека ми се допаѓа и вреди многу повеќе од платена сметка како сите претходни и нормално (и покрај убедувањата од моите другарки) си закажав втор состанок. Понекогаш плаќа он, понекогаш јас, од тогаш па натаму не се сеќавам да сме поделиле сметка. И пак ќе кажам - до човекот си е. Мене навистина не ми треба некое муле да ми плаќа сметки и да ме опсипува со подароци, ако е кретен и нечовек во вистинска смисла на зборот. Ми треба маж, а маж не значи дека е оној кој ја плаќа сметката во кафич. Не се раководам по тоа, камо среќа да си имам секогаш мои приходи, никогаш не би помислила друг да ми плаќа било што.
пак ке се вратиме на тоа дека и јас не сум некоја си спонзоруша и сигурно нема да излезам на кафе ако не носам пари во мене... ако немам пари ке си седам дома, не е за парите и не е за количината на парите ... значи јас купувам картичка оне за на него да му биде бесплатно да можеме да збориме и јас можам дека се трудам колку можам да му олеснам ради таа причина што и јас сум студент и многу добро ги сваќам работите како идат ама едноставно треба да ми покаже дека можам да бидам сигурна со него како на пример имав еден дечко.. работи келнер, е сега можете да замислете колку дневница сигурно зима 400 денари ... идеме на кафе, јас секако влегов си платив сама.. послем тоа не ми дозволуваше а јас цело време го прашував кажи ми колку треба и он ми вика и никогаш нема да го заборавам тоа што ми го кажа вика се додека имам ке давам а кога ке немам и да ме ебеш немам кусур да ти вратам ептен ферски.. не ми е за пијачка. како што кажав ако имам пари искачам ако не не искачам од дома ама ова е претерано и многумина би се согласиле со мене...
Ех, излажав кога реков дека ме немаше ништо частено на излегување првиот месец. Ме частеше првото кафе, иако посегнав по новчаникот. Тој првите месеци плаќаше далеку почесто, сега плаќаме и двајцата, понекогаш јас, понекогаш тој. Ама ја користи секоја можност да ме изненади со некое поклонче и тоа секогаш неочекувано, се чувствувам толку глупо понекогаш... Не можам да кажам дека и јас го нема изненадено него, ама тој... тој секогаш средува така да е сигурен дека кога купува поклон тој, јас нема да купам... А за број... Тој ми донесе и број и еден негов постар телефон за да зборуваме без пари, затоа што и јас сум на сметка од друга мрежа. И не се согласувам со нена за тоа со странците. Сум имала дечко странец. Точно дека не сум платила ни една пијачка, ни едно кафе. Кога ептен бев решена да платам нешто си го плаќав само таксито до дома, а често ни него. Сепак тие имаат друго сфаќање за девојките и друго гледаат на нив. И викаш и да те лажат можат да те направат да се чувствуваш како единствена жена на светот. Мене не ми треба тоа, ми треба искреност.
Воманинред, очигледно е дека тебе ти пречат повеќе работи во врскава. КАфињата, бројот на ОNE, не ти се излегува повеќе со него.... Мој совет, седнете и разговарајте, ако не иде и ако не можете да најдете компромис- раскинете. Не е поентата да бидеш само во врска, поентата е да бидеш среќна и задоволна, а не да се оптеретуваш со работите кои ти пречат. Навиките во врската се градат на почетокот, сега ти е доцна да ги менуваш работите. Требало уште на почетокот јасно да ги истакнеш своите ставови, па да си одлучите дали би можеле да функционирате заедно или не. А за кафево ќе се послужам со мала компарација. Кога сакам да бидам со некој во друштво и кога сакам да го видам тој некој подготвена сум на се’. Пример: кога излегуваш со другарки и другари кои ги цениш и сакаш- сама си го плаќаш кафето. И ова сфати го така. Сепак, не можеш да се поистоветуваш со врската која ја има Трендафилка, бидејќи најверојатно таа е во позрела врска и со повозрасно момче. Ова твоево е најверојатно сеуште детиште
Не е во ред да го осудуваме детево и да го нарекуваме сељак или простак само заради тоа што не се понудил да плати барем едно кафе, бидејќи - не го знаеме. УоманИнРед, тебе те иритира проблемчево и те како - јас на твое место отворено би го прашала, нема љутиш - нема незгодно Јас лично се чуствувам непријатно кога долго време некој дечко или другар (а ги имам такви) не ми дозволуваат ни наовчаник да извадам. Најискрено незгодно ми е. И тогаш обично трчам предвреме до шанк и скришум ја плаќам сметката, затоа што со такви машки кои се навикнати да плаќаат не можете да се договорите во стилот на - следната тура јас ја плаќам. Да, сакам да си го платам обично својот дел, но пред се сакам да бидам мазена. Не дека ми е дошло до тоа да се прчам као - леле сум излегла со 200 денари во џеб а сум се начукала и најала за 2000 пошто деееечкото све ми платил, тоа не! Него убаво ми е кога типот за кој сум заинтересирана и кој очигледно има интерес некаков за мене, знае да посегне по џебот и сосема џентлменски да се погрижи за мене и да ме почасти па барем една пијачка. Не ми е старомодно, не ми е шмизларски, не ми е не знам какво - убаво ми е. Се чуствувам дека некој ме тинтра и дека некој се грижи за мене, макар со еден минијатурен гест на - плаќање пијачка или топло чоколадо. Е да ми простите, мојот прв дечко во средно тргаше од дневниот џепарлак (20 денари за ден) само за да може да си дозволи да ме покани на колаче во Жито Лукс преку викенд, па сега ако во сегашни години некој кој заработува не може да си дозволи едно кафе да и плати на девојката ми е смешно. Ако можам јас да си дозволам да частам, може и тој. И не ми се допаѓа кога машко на состанок ќе се направи на три и пол кога стигнува сметката. Море искрено да ви кажам, многу ги мислиме веќе - ги осакативме скроз маживе. Па леле душа, па леле може ли да си дозволи да плати, па леле паразитче на дада и слични работи. Епа аман Значи паразитизам од една или друга страна не поддржувам ама наизменично честење онака од се срце поддржувам и те како и пред се - очекувам, особено во случај ако и двајцата можат да си го дозволат тоа
Темава треба да се преимени во: КАКО СО МАШКО ЦИЦИЈА? Се сменија времиња и спонзоруша више не е термин за девојка, туку за машко!!! Па си научија и тие више како да се снаоѓаат, а да не бидат жртвени јагниња и сеа убаво им е. Па убаво е Секаде слушам разни муабети како девојките више не биле како порано, дека не сме биле дами, дека сите гледаме по материјални работи и слично. А јас би се надоврзала на тоа за ние да бидеме дами, треба машките да бидат џентлмени. Аххх, што беше тоа? Па каде е општата култура? Не зборам само за плаќање пијачки, во ред е и да се дели и некогаш да плати девојката, ама што е многу многу е Точно дека жените сакаат да се трошат пари на нив, ама машките забораваат дека некогаш и најобичната работа може да придонесе многу Што се скржави, скржави се. Затоа девојки отварајте очи!!!!
WomanInRed јас имав бројче на оне и мислам дека уште има опција на пост-пејд да си ставиш број во кругот со кој ќе зборуваш бесплатно, ич не се секирај за плаќањето многу подобро е сама што си си плаќала ... може некогаш и муабети ќе си слушнела- еј јас се и плаќав(ако толку е скржав ),сепак не е само плаќањето види му ја душата на човекот, ако мислиш дека не ти одовара таков кажи му bye byeee
Искрено мене би ми сметало.Би ми сметало тоа што не се понудил,а не зошто не ми платил. Ко прво неќам друг да ми плаќа сметки,гледам секогаш тоа да биде пола-пола.Иако на пример со дечко ми тоа е невозможен случај,буквално сме се мавале пред келнери,и на крај они секогаш ги земаат парите од машкото,не од девојчето нели И сеа на имам нова таквитка,некогаш он цела сметка некогаш јас,со предуслов дека не влагам во кафич ако не ме остави да платам Во долга врска ми е сосем вообичаено и женско да плаќа цела сметка понекогаш. Ама во цела врска да не се ни понуди да ми плати,ми е сосем глупаво.Макар и што ќе го одбијам нели,ама ете да се понуди у знак пажње. Па зошто постои зборот џентламени,а не џентламентки Е така бе за инат не му плаќам.Ќе дојде сметка и ја ќе си ќутам,па да видиме кој може подолго време да ќути И не мислам дека треба да БЕГАШ од него или што ти ја знам,не е тоа којзнае колкав проблем,може човекот си е екстра..ама мислам дека треба да поразговараш и да му кажеш.Или вака инат да водиш
^^^Илиии пробај две финти: 1) во моментот на носење на сметка, почнуваш лудо да пребаруваш по ташната барајќи го наовчаникот и онаква - абе го нема, не знам кај ми е. Никој нема да ти пререче затоа што си жена, а само Чак Норис знае да се снајде во женска ташна 2) срце идам до ВеЦе побарај ја сметката 3) back up plan во случај ако не излезе број 2), абе уште не ја побара сметката? Чекај нешто ме чеша оково, морам пак до ВеЦе, па ќе ја побарам сметката од келнерот да ти ја донесе Ова на шала, колку да го провериш дали треба да се преименува во Кирил типот, Стипсата нали, а сепак муабет најмногу спасува
Вака, како дефинирате 'понекогаш и јас плаќам'? Многу од вас го спомнавте тоа. Понекогаш = еднаш тој, еднаш јас, или понекогаш = 101 пат тој, 1 пат јас? Бидете искрени..
Не има секакви. Јас имав еден кој ден-денес не можам да сфатам што беше. Кога имаше пари, сите ги частеше, а кога немаше пари, а бе умираше од среќа ако некого па и мене ме „исече“. Многу чудно. Или среќен е ако му купам подарок, радости невидени, а јас сакам да подарувам. Ама многу ме иритираше кога немаше пари, а ме вика да излеземе. И вика па ние сме си наши. Не сакам друг да ми ги планира парите. Не можам на некој да му речам да излеземе, а јас да немам денар, а тој и така правеше, демек ние сме долго заедно, наши сме, а не мисли дека можеби парите ми се планирани. После една недела пак ке ме однесеше на вешера, па частења, а бе хаос. Исто му направив услуга, компјутер на рати со моја картица. Имаше месеци кога не му се даваше за рата и почнавме многу да се караме. На крај пошто заглавив малку, иако ми должесе уште 3.000 ден., веднаш кога имаше пари ми даде 10.000 денари за да платам се на картицата, а не само неговиот долг. И не знаев што да мислам, де циција, де многу великодушен. После пак се цицијаши кога нема, а кога имаше ме однесе и ми купи „сваровски“ од 5.000 ден и едни чевли. Ден-денес не ми е јасно тоа однесување и не можам да сфатам што човек беше.
Зборам за мене... Понекогаш= отприлика исто. Може да се задеси тој да плати 2-3 пати по ред, ама дефинитивно не останувам должна. Искрено мене ми е мерак некогаш јас да ја платам сметката. И на него исто. Ама никогаш не чекам на него. Ако немам пари, не излегувам. Најчесто делиме од проста причина што несакам ако утре раскинеме, да се вадат муабети дека он мене фактички ме финансирал. Мене повеќе ми значи гестот и грижата.
Артемис и?Ја тука не гледам проблем во дечкото. Кога имал давал,кога немал ти си давала.И што е проблемот тука? Освен ако не очекуваш некој цело време да биде великодушен,тука нема никаква причина за чудење. И некој праша што значи тоа понекогаш јас да плаќам.Тоа значи дека гледам да биде плаќањето плавилно распоредено,колку се може нели. Може јас два пати по ред ,он еднашка,ама може он друг пат три пати ја ни еднаш,па јас еднаш. Искрено не се ни замрам со тоа.Гледаш во ситуација како е правилно и така постапуваш. Кажав дека сакам на пример секој својот дел од сметката или 50/50,ама пошто со мојов е невозможно гледам да се прилагодам колку што можам повеќе и јас да имам удел. Не би ми било проблем ни јас 10 пати да платам,а тој ни еднаш.Мислам сега веќе кога си го знам и кога сме си свои
Леле, бившиот ми дечко, паразит стварно. Значи, не е дека нема, не е дека штети за да си убаци крстарење по Медитеран, таков си беше, селфиш по малце. Океј, по малце поише. Не е важно каде излегувавме, зошто на буквално секое место кај што одевме, јас плаќав. Имаше денови кога беше доста великодушен и кога само ги вадеше парите на маса за да покаже дека има, ама сепак никогаш не стигнал да плати сметка. Ми купуваше некои поклончичи ова она, али ништо спектакуларно никогаш. На крај си реков налет човече, па за кој работат моите, за мене или за него. Исто како две деца да имаат, исти привилегии исто се`. Во прво време си викав дека ќе му дојде памет некогаш, ипак не го сметав за толку без осет. На почетокот не беше за парите, беше за начинот на кој што се однесуваше незаинтересирано, а потоа дефинитивно стана и за парите и за начинот. Мислам дека дури една од причините поради кои што раскинавме беше оваа, со тие пари што ги лупав на него ќе си купев еднособен стан. Нејќам да ме финансираат, нејќам секогаш тој да плаќа, сакам да биде едноставно фер и коректно. Ова нашево беше далеку од такво, и кога тогаш ќе ти дојде преку глава. Јас никогаш му немав ништо префрлено, очекував дека самиот ќе разбере дека тоа што го прави не е во ред. Ама не дочекав. Сега, да ми е овој памет, ќе спискав уште на самиот почеток и немаше да се надевам дека ќе му дојде памет. Зошто него му беше убаво на газето и полека, полека, си се навикна на таков третман. Доста му беше, дефинитивно, а и откако раскинавме мислам дека заштедив бааги пари.