1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жените сакаат да се троши пари на нив..

Дискусија во 'Врски' започната од WomanInRed, 7 јули 2011.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    точно.. и јас сакам да биде фер и коректно а не цело време да ми плаќа... јас лично не искачам ако немам а за тоа дека јас понекогаш плаќам тоа е 2 пати јас 3 пати он.. така ми беше со бившиот ама бевме многу поблиски а со овој на ваков начин никогаш нема да се доближам толку колку што сакам...
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Па мене он ми е дечко, не ми е татко, не сакам да ме финансира.
    Секако неможе ни се да остане на мене, така да си наоѓаме некоја средина. Некогаш плаќам јас, некогаш тој. Но само за кафиња и јадење. Поклони имам добиено од него и секако тој од мене, сепак немаме кратка врска.
    На нас проблемот ни е што живееме прилично далеку едно од друго, во ист град но сепак далеку, па за патот одат многу пари.

    Инаку како женско не сакам дечко ми да ме финансира за се, способна сум и сама да го правам тоа, а пак да имам работа уште подобро.
     
  3. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    па нормално дека не сакам да ми купува и да ме носи на шопинг или да ми купува секој ден по нешто или да идеме на скапи вечери и такви работи... сепак мислам дека тој треба да биде машко а со тоа и каваљер.. не оправдувам посебно кога се работи за почетна врска каде што нели треба да се покажеш за да можеш да го освоиш срцето на една девојка..
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Абе секако, ама не верувам дека ако ти го плати кафето ќе ти го освои срцето.
    Можеби е претерано да остава секоја сметка ти да ја платиш, треба да има осет за тоа, но секако дека неможе и он се да плаќа.
     
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Еве и јас да проговорам.Ве исчитев сите и се подзамислив како беше на времето кога јас бев девојка и излегував со мм.
    Кога се фативме сметките ги плаќавме еднаш тој еднаш јас,тоа траеше околу месец дена.
    Потоа имаше еден период кога ми кажа дека се скарал со неговите родители(двајцата тогаш бевме студенти-невработени)и дека несака да бара пари од нив.Веќе одевме 1-2 месеци и викам: ок,јас имам (како сега да речеме 150-200 ден.)ќе бидат доволни за по едно кафе.Му беше незгодно тој период од 2-3 недели кога ќе го плаќав кафето или сокчињата,ама јас не гледав никаков проблем во тоа.
    После тоа (си ги среди финансиите-и ден денес мислам дека му беше некоја финта)не ми даваше да се фатам за мојот новчаник.
    Се лутев,ама ми рече дека кога имало потреба јас сум плаќала,а сега као он ме вика да излеземе и не „личело“да се расправаме пред луѓе кој да плати,туку да го пуштам тој да плати.Како и да е знаев да го „зезнам“и да ги платам пиците пр.еднаш во месецот
    Како и да е сепак незнаете на што ќе налетате во врската-циција или џентлмен.
    Си имаат и машките некои нивни„тактики“само зависи како се тоа ќе се презентира пред девојката.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Јас пак ви се чудам.
    Сум тип кој не дозволува да биде частен.Ја почитувам својата индивидуалност,а од друга страна,утре не знам што носи,може да прекинеме,не би сакала да се почувствува искористено вака или онака.
    Ок,почеток на врска,првиот пат кога излеговме,не дозволив да плати,а потоа,следните неколку пати,откако го опипав дозволив чисто за да се осети важно,но со исаф што и колку части.Од мерак знам и јас да почастам од чиста мира често,исто така и тој,ама...колку и да биде долга врската,додека не се деси брак,јас сум против опуштање и частење од страна на машкото.Не можам да сфатам,ама навистина.Излегувања и се,сметка се дели или едниот плаќа,ама следна тура другиот и тие работи се разграничени,иако знае да се побуни тоа алфата у него,ама не ме интересира.
    Галантност од време на време да,сфаќам,почитувам,применувам,ама ко што се изначитав жените тоа премногу го применуваат,па после криво им е кога машките ќе речат,жена да одржуваш кошта или врската е легална проституција.Прифатливо и точно.
    Дражот е во спонтаноста,а и незачестеноста на сето тоа.Искрено,глупаво ми е ако во континуитет ме части неколку пати или во една вечер сеа тука пиеме,после на друго место или одиме на вечера,ручек шоидае,па следи пијачка некаде и сеа овој само се држи за паричник...познавам многу такви жени и ми се гади.Едно е да биде едниот финансиски слаб и да се вадите еден со друг на периоди,а другото е искористување.
    Или со располагање на заеднички буџет,ама цаката е што тој буџет се сочинува речиси целосно од приходите на машкото.
    Глупости у боја.Утре феминизам,абе ај.
     
    На Theodora, mila89, mysterious и 7 други им се допаѓа ова.
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас не сакам да ме части цело време, понекогаш и јас ја плаќам целата сметка и тоа оди по договор. Но морам да признаам дека тој плаќа почесто, колку пати јас сум сакала да го извадам паричникот а тој не ми дозволил... Ама искрено не ми е убаво тој да плаќа цело време.

    Имав еден поранешен кој навистина беше скржав. И тоа скржав е мал збор за него. Стиснат со бескрај, Јас не викам тој да плаќа цело време, ама ниеднаш додека одевме не го направи тоа. Дури и јас плаќав понекогаш.

    Тоа што е најважно е самиот гест. Барем на почетокот на врската мое мислење е дека тој треба да се труди да остави што подобар впечаток.
     
  8. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Мој човек! Немам што да дополнам.Дај друго дете! :D
     
  9. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    А па ,тоа пиење на 3-4 места за една вечер и кога машкото се држи цела вечер за новчаникот -да ти кажам право мене не ми личи на ништо друго освен на чисто спонзорство.Сепак нели треба да се има усул и у нарачките што ги прави девојката и да се запраша каде води тоа плаќање од страна на дечкото.Да се разбереме ,не станува збор за едно кафе или сокче(мах 100 ден)туку вечери, скапи пијачки и сл.Јас сум против таквото.
    Во погорниот мој пост пишав дека плаќал ,ама не вечери,виски блаблабла,во прашање беа кафиња ,сокчиња и сл.А јас си наоѓав начин да платам некоја вечеричка ,чисто заради мене ,да не се чувствувам дека тој ме спонзорира.(измислував поводи-частам за чевли што ги купив пред 2 недели,за нов лак за нокти и сето тоа беше забавно и ненавредливо
    Инаку имавме прилика во друштво на мм еден негов другар и девојка му.Абе девојката незнам што се не побара(бевме во еден ресторан ,така средна класа)незнам какви се вина ,школки и др.и кога го виде келнерот со сметка кај оди накај наша маса ,девојката стана и отиде во вц.Ја немаше толку колку што беше келнерот кај нас на маса додека да наплати.После тоа дојде девојката и ни А ни Б за сметката.
     
  10. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    има секакви девојки.. али во случајов не ги окривувам нив туку партнерот па добро не е можно да е толку глупав да не гледа дека типкава го користи а колку ке му дозволиш на некого да го прави тоа ке го прави.. неверминд
     
  11. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    а што ако извади пари и рече имам 500 немам ситно? хахаххаха
     
  12. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Во врска сум скоро 2 ипол години . Неколку месеци на почетокот не ми даваше воопшто да платам , ако му ги ставев парите во џеб ќе приметеше и ќе ми ги вратеше . Многу ама многу незгодно ми беше . Го гледав тоа како проблем , и ајде некако се убедивме да давам и јас . Летово работи и знае за викенд да собере повеќе пари и после да рече ајде да ти купам нешто , кога сме во град вика одбери што сакаш ќе ти купам . Ама не сакам да ми купува , си имам се што ми треба .. си ги заработува за него тие пари , не сакам да ги троши на некои глупости што мене ќе ми паднат на памет . Знае кога ќе искочиме да рече сега јас плаќам и ќе му дадам да се почувствува важен нели :lol:
    Ти можеш само да го седнеш и да му кажеш се што мислиш , ништо друго не ти преостанува . Ако тоа не упали , прави што мислиш дека треба и готово :)
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Убаво е да ме почасти на првиот состанок. Понатаму, частење само ако има некој повод (некогаш и минијатурен), ама секогаш тоа оди наизменично.

    Кога веќе сум решила да излезам, значи имам пари. Не можам шворц да седнам на пиво и да се молам дека на него ќе му текне да плати. Секој своето, поштено, чиста сметка - долга љубов.
     
  14. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Побезвезна ситуација од онаа кога и никој од двајцата не потегнува да плати нема.
    Машкото го зема менито,го отвора фино лепо,и внатре нормално честитка,го затвора и
    и го предава на дотичната.Девојката ја повторува истата процедура.
    Во сериозна врска главно јас плаќам,цурата се вклучува спонтано и самоиницијативно од
    време на време.
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Не, не, не и не. :x
    Сме зинале за рамноправност, а се буниме за ова? Самоубиство.
    Па ни двајцата не сме машини за пари па едниот да плаќа за демек другиов да се чувствува сакано, почитувано или како и да е. И на двете страни ни е подеднакво непријатно кога ке стигне сметката на маса. Од кај знам јас колку моментално тој располага со парични средства? Од кај знае тој за мене? Од каде на почетокот на врската ке знаеш дали некој е со тебе од љубов или од љубов спрема твојот џеб?
    Затоа, компромис. Ни одблиску нема да е крај на свет ако си извадам пари да си го платам барем мојот дел, а и радо би си платила, отколку како растение да седам и да зјапам во него да посегне во џеб.
    Имам колешка што буквално си го влечеше бившиот. Шетаме низ ГТЦ, пробува фармерки од 3.700 и целата среќна си се врти „Срце види ама ми стојат, купи ми ги“ и си оди на каса пред дечково да се освести што се случува, уште посмешно, во врска беа само 9 месеци тогаш. Мене дури ме фати срам и ми падна непријатно. :|
    Да не е само женскиве се такви, имам и познаник што буквално лиже газиња за да го частат кафенце од 40 денари, не пак да излезе тој девојка или друштво да части. Бруки. :doh:
    Сепак ок ми се сите размислувања. Се` зависи до возраста, зрелоста, начинот на кој гледаме на работите, како и колку време сме во врска со личноста. На почетокот на секого е чудно да плаќа, да му платат или да делат, но еднаш штом партнерите меѓусебно ке се научат и ке се ослободат, тоа ке стане сосема банална работа. :)
     
    На Gunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    да се дели да а да се биде скржав не...

    многу нормално
     
  17. Vodolijata

    Vodolijata Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2010
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    683
    Нормало дека треба и двајцата да бидат рамноправни во врската. Еднаш јас плаќам, друг пат ти, зависи кој како стои со финансии. Е сега ако ти си пиела сок од 50 ден, а тој кафе од 30 ден , тој си плаќа 30 а ти 50. Не, не ова не можам да го замислам. Самата таа појава како секој си вади пари сам за себе, не ми е јасна. Можеби е почеток на врска, но јас би ти препорачала да се тргнеш од тој човек. Замисли во брак си со таков човек.Живеете заедно и стигне сметката за струја на пример и сега како ќе ја плаќате? Нормално еднаш ти, друг пат тој ( освен ако неговите не ја плаќаат :D ), а не ти повеќе гледаш телевизија, јас помалку, и плус уклучуваш машина за перење алишта, за миење садови, плус се фенираш секоја вечер, плати ти 2/3 од сметката а јас 1/3. Не одат тие работи така, барем јас сметам дека не треба така да бидат. Секогаш разговор очи во очи помага навистина. Ако го сакаш разговарај со него. Кој знае може така прави бидејќи е "изгорен" од некоја бивша која го искористувала за такви работи, според мене тоа би бил правиот начин.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.325
    Допаѓања:
    101.558
    Пол:
    Женски
    Како прво бон тонот налага дека оној кој поканува на вечера или на состанок, тој плаќа. Зборувам за фаза на запознавање не на врски со стаж. Тоа е друго. Извинете ама мене ми е нон сенс дечко да ја кани девојката на прво излегување и да не се ни понуди да плати. Ако девојката инсистира да се дели ОК ама сепак тоа си налага бон тон. И јас кога канам било дечко било другарки се знае, јас плаќам. Друго е да се договориме ај да се видме на кафе место дома од кога се немаме видено. Тогаш е друга ситуација. Што се однесува до купување на предмети, не прифаќам ако нема повод, роденден и слично. Ниту па јас не купувам. Цвеќе, чоколадо и случно друго е. Ама да си дозволам дечко ми облека да ми купува или јас него, нема теорије.
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    да ама што да разговарам мене ми е многу непријатно да му кажам за ситуацијава навистина не би имала срце да му речам..
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Признавам дами подари нешто ако има повод.
    Не ми е гајле дали ќе биде тоа скап или евтин или хоуммејд подарок,битно намерата да е искрена.
    Никогаш не сум сакала дечко да ми плаќа пијачка ,понижување ми е ,ма колку и да е бон -тонски.
    Без повод не прифаќам подарок ,не сум од оние кои по секоја цена се трудат да изнудат нешто материјално од своите момчиња или да порачуваат се најскапо ,додека ТОЈ плаќа ,а да пијат едвај макијато кога плаќаат сами.