Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жените сакаат да се троши пари на нив..

Дискусија во 'Врски' започната од WomanInRed, 7 јули 2011.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Глупаво ми е тоа правило тој да ја плаќа сметката, па побогу не ми е татко па да ми плаќа, ако премногу инсистира во ред ке попуштам, но наредниот пат на глава ке застанам ама јас ќе платам ..Воопшто не ми смета јас да ја платам сметката или само мојот дел. Глупо и ограничено ми е ''правилото'' дека машкото треба да плаќа....одамна сме еднакви нели?

    Важно да се плати, да не миеме чинии. :D :D :D
     
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    се додека има компромис прифатливо е.. а ако нема воопшто?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно делењето на сметката. Ајде ќе се нечкаме кој колку има, кој што пиел...
    Или он плаќа, или јас плаќам и готово. Нема некаков проблем тука. Кажи му, јас да платам или ќе платиш? Па после следниот пат, ако он веќе платил, речи му јас ќе платам. Ама ова делење на сметката е најбезвезе.
     
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Имај предвид, некогаш се излегува и со малку пари. Пример, излегуваме само на пијачка, секој со стотче во џеб. Во тој случај секој си плаќа, не знам што е толку безвезно. :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.073
    Допаѓања:
    66.840
    Пол:
    Женски
    Мене ми е безвезно. Ќе вадам јас пари, ќе вади он пари. Јас со стотче не ни излегувам од дома. И не ми рипајте одма, јас за мене си кажувам дека ми нема смисла :)
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не сум имала ситуација да некој од дечките со кои сме излегле некаде ми побарал пари за сметката, ама па и јас не сум била девојката, што си седела мирно и си зјапала во таванот, додека тој се препотувал дали ќе има доволно за сметката, а да не збориме за од утре натаму.
    Уште на првиот поглед во менито ги имам приметено, кога се препотувале за цените, а па да не зборам за тоа дека секој пат јас сум го бирала местото.. и без да гледам, мене ми се многу добро познати и знам колку чини сето она што јас го пијам или јадам.. па да се правам на Тошо и да го оставам да ми плаќа јок! пошто многу добро знам и дека дечкото со кого сум излезена не е Доналд Трамп.
    Така што секој пат сум си платила за тоа што сум го потрошила, макар што секое прво искачање сум била одбиена, кога сум ги подала парите (кои инаку ги имам спремено уште додека тој пресметува колку ќе го фати се на се :D пред да дојде ќелнерот.. а увек, мада пресметувале увек кога доаѓала сметката биле проклето изненадени, па ја гледале неколку пати да не ги лажат нешто :rofl: ;) шала ...ма озбилна сум)
    У Секој случај, на првото искачање никој не ми ги сакал парите, ама затоа пак со тоа си осигурале второ искачање со мене за да си го расчистам долгот... едноставно чиста сметка-долга љубов, а ја имам страшна потреба да се раздужам иначе мани љубав, ја нема да можам да спијам :D и во оваа категорија се вклучени и дечки, кои не преминале дури нити во дечко, нити во мувач или не знам се каква категорија вклучува тука.
    Во врска кога сум е баш онака: или тој плаќа или јас плаќам.
    Кога сум со дечкото многу добро знам до кога му трае платата и макар што и јас не сум Трамп :D али очигледно дека покрај се на што трошам, фино бе располагам со парите па увек имам нешто онака за црни моменти и денови во новчаникот што не ги р’чкам, па имам и за такви моменти кога Тој нема, а ни се искача едноставно.
    Некогаш се поминува со обично седење ама некогаш ти се искача и зашто би седеле, доколку јас имам или јас немам, а тој има.
    Згора на тоа имам бар два-три пати во месецот желба да јас сакам да го изненадам со некоја интересна локација, некое интересно јадење, што знам дека ќе му се свиѓа или нешто што знам дека ќе го шмркне со задоволство и ќе си го мази стомакот после од задоволство.. па, јас викам - јас честам... а после богами и јас си уживам у мазењето на стомакот.. не мојот се разбира! Пак и сум си платила бе, чесно и поштено си заработил и тој и јас :D :P
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Епа секој си ги пружа нозете колку му е долга чергата. :)
    Нека нема караници за кафиња и сокчиња.Во ред е додека не дошло тој/таа да си бара посоленки работи како во еден пост погоре.3700 за фармерки убаво ми стојат купи ми ги...Па не знам колку да идам со дечко неможам вака да му кажам.Кога сама неможам да си дозволам толку скапи,нема што да пуцам на велико оп одма фармерка 60 евра..пошто он плаќа :^) Јас се изјаснив и погоре т.е. се поклопив со постот на Лилит,и јас плаќам и тој наизменично.И никогаш не ги ставаме работите на вага да гледаме кој колку дал..Јасно е кога станува збор за спонзоруши..Се приметува. :D
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    да .. со ова се согласувам или јас или он да плати али секое излагање да си делиме...
    не знам прочитав во еден пост демек боље јас ке му дадам пари однапред да не се брукаме вака или боље јас ке платам све или он све него вака да делиме пари... а пази од прилика 3 месеци сме заедно!!!

    делењето е друга работа.. ама збориме за себичност!!
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас не само што не сакам дечкото да ми плаќа постојано, туку никогаш и нема да си го дозволам тоа.
    Точно е дека секој може ако ги планира парите да почести барем едно кафе но зошто тој би планирал, а јас планирано да апстинирам од плаќање фор гуд?!

    Од друга страна правење пресметки од типот колку му чини гардеробата или колку троши на храна и останато само за себе мене ми се неблагодарна активност за која немам ни облигација ни никакво друго право, ај да се ставам на таква опсервација од негова страна ми се наткрева дигестивен систем веднаш, дечко или девојка не е доволно јака улога за дирекно инволвирање во меѓусебни буџети и јас и тој и за свои сопствени потреби и за заеднички трошиме по сопствена проценка и крај. За мене е посебично да очекувам дека полот по дифолт или бон тонот ме ставаат на пиедистал со тоа што ќе се трошат пари на мене!!! Јас со задоволство сум плаќала и јадење и пиење сум си купувала што ни требало од намирници за во стан иако никогаш не сум направила прецизна пресметка знам дека неговите влогови биле поголеми меѓутоа никогаш не сум заостанала толку за да се отпишат моите инвестиции во врска. Шега на страна и во бракови каде буџетот е заеднички настанува проблем околу трошењето ама ни врската ни бракот не треба да е ничиј изговор или штит зад кој ќе паразитрираме вечно на нечија сметка. За мене е срамно, сепак не се мешам на други и не би да ми се мешаат како што една другарка се обиде кога мојот бивши купи нов автомобил да ми сугерира дека недоволно мислел на нашата иднина бидејќи ги вложил така парите, на што јас и одговорив кога јас не му барам отчет на што ги потрошил СВОИТЕ пари не гледам каде си ТИ во приказнава, :^) ?!

    Ова ми асоцира на мои пари - мои пари ама и твои пари - мои пари. :D . И не би да се ставам себеси на берза бидејќи така дефинитивно останав стара мома нема таков кој има доволно да ме купи, :D .
    А и не ми била химна Material girl уште од малечка, :wasntme: .
    Секогаш најдобрите решенија се некаде измеѓу нека почести тој кафе денес јас утредента ќе ја купам неговата омилена чоколада и ќе ја јадеме заедно, ;) .
     
    На srcekrsacka, najubava2010, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Значи ок е да почасти...Но, не сакам тоа да биде секое излагање..Има моменти кога може, кога треба, но не сакам секој пат да ме части. Не ми е битно на што тој ги троши неговите пари, негови се. И не се водам по тоа правило дека е машко, дека мора да части.
    И ај сеа вака, јас со дечко ми бев другарка 4 години, секој ден заедно, секој си плаќал свое, и сега зошто сето тоа да се смени??? Глупо е. Или пак еве на одмор викенд било што....таман работа ако тој се части. И да си излезен, нели дечко ти е..секој ден некаде, па од каде му него толку пари????
    Мене тоа частење воопто не ми значи...
     
  11. princesz

    princesz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Гледам претходно сте напишале дека машките не го почитуваат бон-тонот.. иии ова со плаќањево... мене едноставно до сега ми се нема случено со дечко ми да си платам пијалок... овој е еден од ретките... пази тотално на се... дури и кога ме испраќа, вратата од автомобилот ми ја отвара... :) sweety
    едит: ее еднаш платив такси само затоа што немаше ситно, па возачот немаше да му врати :)
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ок е понекогаш да плати, но секогаш не! Не би дозволила секогаш он да плаќа, на секое излегување или за било што, неговите не работат за мене се да ми плаќаат, за тоа работат моите. И не би ми сметало да јас некогаш платам. И секогаш кога он ќе плати јас ќе му понувад пари за мојот дел, а негово е дали ќе прифати. :)
     
  13. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    ја со бившион коа бев никогаш немав платено нешо...и коа бев кај него на гости ке викнев такси, и тој ке се качи со мене, ке ме однесе до дома, ке излезеше со мене од колата, ке ме попратеше и никогаш не дозволуваше јас да платам нешо...никогаш никогаш, дури и незгодно ми стануваше ама ете...е сеа ке си го барам тоа ама....хахахаа :lol:
     
  14. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Сакам да ми купи накит бре, ако тоа ми го погоди, тогаш ме знае...

    Инаку, частење -не фала, се додека не заработува со поштена плата и работа.
    Ниту на прв состанок, ништо, ништо.
    Ценам рамноправност и сакам таква врска, без придржување кон дамски и џентлментски си некои манири, а друго е ако јас или тој немаме пари па да напраиме некој договор -вечерва вака вечерва онака, ја ти плаќам такси, следните неколку пати ја ти плаќам бус и така.
     
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    се додека постои компромис во ред е....
     
  16. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Кажи ни ти WomanInRed што направи?Зборуваше ли со него?Што се случи?
     
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    па ништо искрено сега не сме се ни виделе неколку недели.. никад не наоѓаме време .. викаме дека се сакаме ама не функционираме како што треба :(
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Како бе така да не сте се виделе неколку недели?кај е тој?каде си ти?како ви функционира врската?како не можете да најдете време?па бар на пола час колку толку пак е нешто.

    На темата,нема да ме прави срекна тоа ако троши пари на мене бе,сакам само да ми докажува дека ме сака а со подароци нема да успее тоа.Сакам да биде секогаш покрај мене,да ме цени да ми пружа љубов.Секако дека нема да ми пречи да ми купи некое парче облека или да ме изнесе на ручек,но ако тој сака така а не јас да му побарам.
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Жити машкото-извини вака,ама се изнервирав :headbang: Кој џентлмен е ,е не ми се верува... :x
    Бегај од ваков...цел живот ќе си остане стиснат...Разбирам да се дели сметката,некогаш ти,некогаш тој,ама и на почеток од врска да сте-па тој би требало да се покаже џентлмен и да плаќа..Мислам,не искачате секој ден на вечери и незнам што-обично кафе ,сок,100ден бе :| Првите два три пати можел да се покаже бар,или разбирам да нема-што не е неговиот случај,ама ај да ти каже-тенок сум со пари нареден пат јас частам :!:
    Значи проблемот е што уствари е
    сељак
    .,извини ама таквите за такви ги сметам :|
    Мене многу ми е незгодоно околу тоа плаќањето,зш со мојов и до тепачки стигаме :lol: не сака да земе пари од мене и само ги мавтаме еден на друг...едвај го убедувам или ако плати некогаш се случувало скришно да му ставам во новчаникот :lol: А и др работа,кога ќе ми речам да честам дручек,вечера,секогаш му ги давам парите нему да плати,не сакам јас да подавам пари,и никогаш пред келнер не го правам тоа :wasntme:
     
    На Iceberg му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    епа така.. прво имаше испити па не го замарав го оставив да учи се гледавме ептееен кратко.. послем кога му завршија јас отидов на одмор од одмор се пишувавме.. му дзвонев една вечер му беше исклучен телефонот и така.. се деси 2 дена да не се слушнеме ич.. денес видов дека ми пишал на фб дека ме сака бла бла.. такво нешто..
    не знам што да мислам!! еднаш ми се има десено гледам дека имам пропуштен повик од него и му викам злато си ме барал? викам не сум го слушнала па ај ако сакаш сеа барај ме.. он ми вика е не можам сега срце затоа што сега немам више толку кредит..!! не знам што да мислам
    иначе он е од друг град ама живее во скопје не дека ни е тешко да се гледаме ама ете ...