епа девојки сакам да ве известам дека конечно собрав храброст вчера и правевме отворен муабет од околу му спомнав за нашите проблеми и мноооогу е подобро барем сега засега.. сакам да пробам да ја зачувам врската ако успее добро ако не пак е добро. што да се прави иначе!!
Мене воопшто не ми е важно кој ке плати. Одиме веке долго време за да размислувам на таа тема. Се случило да платам 15 пати по ред а тој ниеднаш но воопшто не ми смета - свесна сум дека мојата финансиска состојба е подобра од неговата. Неработиме ни тој ни јас, па кога има плаќа тој, кога нема плаќам јас, а кога немаме и двајцата не седнуваме по кафичи туку си шеткаме покрај плажа
Ако немам ни за кафе/пиво/ватевр пијачка, воопшто не ни излегувам. Да седам и пијам и потајно да се надевам дека ќе плати, ми е испод ниво и никогаш не сум си дозволила. Најубава ситуација ми е - наизменично еднаш едниот еднаш другиот или преку 2-3 пати едниот па другиот, па и 10 пати едниот па другиот нека е. Или, кога веќе се тепаат на маса кој да плати, имаш ли 20/50/ситно/стотка, такви моменти кога си делат сметката. Преубави ми се такви парови кои воопшто не ни размислуваат на таа тема него си делат, на било кој начин.
Ме заинтересира темава пред некое време и почнав да истражувам (муабет, нет...) Кога го најдов ова темава морав да отворам профил и да ви го споделам моето мислење како маж, се надевам доволно од вас ќе го видат и ќе го искористат. Еве ви ја мојата перспектива Прво, обожавам да и донесам подарок на мојата девојка, па уште ако можам да вечера да ја однесам и да и го подарам, и да ја гледам како се радува . Исто така ми е убаво јас да добијам такво внимание. Пирмер, добив Живанши така, не само што е феноменален парфемот, како се гордееше кога ќе го ставев беше една од причините за убава врска. Сега, живееме во земја каде што примањата се исти и за мажите и за жените (тоа што ние кичми кршиме на работите пред диплома е затоа што вие сте послабиот пол нели). Капак на тоа е овој женски стил на делење "Кога немам а ти имаш, делиме исто. Кога имам и ти имаш, делиме исто. Кога имам а ти немаш, чао." Половата еднаквост го уби "кавалерството" и тоа е многу нормално, не е ова веќе 19 век да мажот ја издржува жената. Значи кога имам екстра пари, да ќе ги трошам на девојката, мило ми е да се покажам дека се грижам за девојката што ја сакам. Ама кога немам, не можам да правам чуда зашто госпожата превртувала очи и се муртела, не ми е ќерка Вие можете да си седите со другарките и да кмекате како не сме веќе "кавалери" ама џентлмен се мери по малку повисоки критериуми од тоа само да се плати сметка . Ако очекувате да земате плата и уште викенд трошоците да ви ги покрива дечкото ве чекаат многу неуспешни врски кои ќе кулминираат во неуспешен брак. Аман бе девојки! Не сме на овој свет за да ви ги посветиме животите! Тие треба да смте ДЕЛ од нашитет животи. Нели сфаќате дека тоа плаќање сметки е играње брак?! Тоа се прави доста подацна во врската за да се види дали може бракот финансиски да функционира . И се прави за децата највеќе, а не за вас. Тоа што го правите е апсурдно и може само да ве фрустрира. Земате момчиња, МОМЧИЊА! Од средно или факултет кои пари чат-пат наоѓаат и ги терате да ви изграваат мажи со тоа што најмалку го имаат. за да вие во главата си изживеете некој Американскиа филм. Па јбг, нормално дека нема да сте среќни. Ниедна врска не опстанала кога прв проблем се парите! Да парите - темава се вика "Жените сакаат да се троши пари на нив.." Моето скромно искуство е дека жените не сакаат да се троши пари на нив, сакат маж со кој ќе можат да пребродат низ оваа никаква економија преку партнерство. А девојчиња сакаат да се трошат на нив, од некој татица комплекс мислам. Епа пардон ДЕВОЈЧИЊА, ама ниеден маж не сака дете Вие можете слободно да инситирате дека треба да ви се плати сметката, ама тоа се помалку ќе се случува се додека еден не престане целосно. Имате иста финансиска слобода како нас, искористете ја. Секако дека ќе добиете повремен подарок или вечера, како што се очекува од вас. Ама вакви протелерски традиции умреа одамна. "Ем ќе си ја чувам платата, ем ќе ми купува он ама сум итра". Не сме толку глупави. Толку од мене дами, се надевам дека се разбравме без да навредам.
Нормално е кога ке седнеме некаде машко да плати ама се разбира има и граници! Понекогаш треба и женко да плати! Не сега пред цело друштво женското да изваде пари и да рече еве јас ке платам за дечко ми и мене! Се разбира тоа е страмно но еве кога се 2 сами тоа е најдобра приилика женкото да плати!
Фактори едно големо несогласување имам во врска со твоето мислење. да насловот беше таков ради тоа што не сакав да се дискутира мојот проблем туку и да прерасне во некоја дискусија за нашите искуства.. ако си ги прочитал сите мислења (а тврдиш дека си ги прочитал) ке видиш или ке се потрудиш да ме сватиш барем малце. Јас како прво и основно не очекувам не само он туку никој да ме одржува. Да имам 19 години но на овие мои години јас сама си заработувам (ако сакаш да веруваш) и ниту еднаш не сум се пожалила. Моите дома не ги интересира дали имаат керка или не. Да не бидам многу оф топик. Ниту сум барала ниту во иднина ке барам некој да ми купува скапи поклони или да ме носи по вечери или слично. Мое мислење беше тоа дека во врска треба да се има компромис. Тоа значи да делиме на наше а не на мое и твое. Можеби е погрешно но ете тоа е моето мислење во врска со ова. Значи само тоа го барав да има компромис. Ич не ми е тешко еднаш јас да излеземе па да платам ама ИЧ се додека го имаме тој компромис. Многу ми е одвратен тој збор издржува. Јас сама се издржувам и знам колку е тешко. Но што ако во случајов се работи за себичност. Јас никогаш нема да го дознаам за жал. Во овој случај јас се чуствувам навредено затоа што моите пари јас ке си ги трошам како што сакам и на што сакам а исто и он неговите. Ниту сум му се мешала што купува иако многу ми смета неговата нескромност затоа што има многу а троши на глупости. Али тоа е само негов проблем и ниту еднаш не сум му префрлала. Па зошто? Негови пари прави што сака ... Се надевам се разбравме
Кога ќе делиш живеалиште со дечко ќе имаш таква компромисна заедница, до тогаш можеш само да се забавуваш со момчиња како ова. Не очекувај делење и компромиси се додека не стане сериозно. И да, ги прочитав внимателно скоро сите постови. Ме разочаруваат девојките со детинестоста. Од една страна стои маска "јас сум независна личност и лавица" а под тоа е "заштити ме, плати ми ја пијачката, јас сум премногу нежна". Пораснете... Не иде вака работата за никого. Да бидам искрен, од вакви дебилчиња како дечко ти не можете да најдете добри дечковци. Не значи дека ако мама и тато му ставиле повеќе пари во џеб дека е спремен да ги дели со тебе и да те забавува. Тоа можеш да го очекуваш од тие што сами си ги заработуваат парите и не зависат од некого, да го дели тоа што го има со тебе како и ти со него. Дури и тогаш треба време додека да се постигне тоа ниво. Пак ќе ти повторам, тие протелерски традициите замираат веќе и нашиве генерации функционираат на друг начин. Послушај ме и најди си дечко што го видел тешкото. Од оние со лузни на рацете, изморени очи и погруба кожа. Можеби не се занесуваме пред цел град дека сме нај, нај ама верувај дека повеќе сакаме и подобро разбираме.
Фактори,јас морам да се вмешам и да ти го искоментирам горе напишаниот текст. Не викам дека нема такви девојки,кои рачунаат на плакање од дечкото,лично јас познавам неколку такви,кои биле најутепани во средно,ама амбициите да седнат во добра кола и да бидат на фенси места ги расипа,и денес што се не прават за да го имаат тој сон(да речам). Но ради таквите неможеш генерално да збориш за женскиот пол(како велат,незначи дека ако една овошка е скапана,дека цел род ке искочи таков ) Лично јас,знам дека парите диктираат многу работи во врската,иако порано не мислев така,се додека една другарка не ми даде општ пример ко демек сакате на одмор,и едниот може,другиот не,што тогаш? или едниот може да си дозволи вечера у воденица,а другиот сендвич од нино или мцдоналс... Тогаш сфатив дека треба и во тој поглед да ти одговара партнерот,да сте приближно за да би можеле да се носите еден со друг и со потребите и желбите мегусебе. Јас сум тип,што недозволувам плаќање на пијачки додека сме во фаза на запознавање,недоаѓа во предвид,а додека во врска,тука веке ке дозволам баланс,некогаш он со нешто,следен пат јас и се така,кое неприметно ке се прави.Не сакам кога машкото ми изиграва газда и ми плаќа,ама несакам и да чујам да е машка спонзоруша. Сметам доколку навреме си обрнат внимание на финансиската сосотојба партнерите,ке немаат проблем понатака.
Ке ви расказам една приказна од блиска околина. Дечко и девојка, две години врска. На почетокот, тој се обидува често да части, но таа не се дава, сака да биде заемно, ниту едниот да не се чувствува искористено. Но типот е галантен првите 2-3 месеци. Потоа ситуацијата се менува. Тој треба да смени работа и е во застој (нели?), па таа плаќа. Па му купува и крупни работи (техника), демек таа има картички (ко да се џабе тие). И така, тој добива и кошули, па патики и само кука како работата никако да му тргне. Нејзе и’ пука филм, решава да стави стоп. Немам пари веке за тебе, му вели. Но тој одеднаш има пари, пак почнува да ја части. И вели, не знаев дека толку ке те засакам. Дури и и’ врака од парите (дали требаше да ја засака, а ако не ја засакаше, ке и вратеше ли?) сега тој купува подароци. Врската продолжува, заедно се надополнуваат, веќе нема дисбаланс во тој однос. Но тој почнува чудно да се однесува последните месеци, понекогаш по неколку часа не одговара на повиците. Таа забележува дека нешто не е во ред, тој има нова облека, скапи додатоци на него. Нема објаснување од каде му се. Таа не издржува, му раскинува. После 10 мачни дена, тој и се јавува и и кажува дека му недостасува. Излегуваат, ја носи на вечера. Плака. И кажува дека го нема затоа што чекал таа да се јави. И објаснува дека тој период така се однесувал зашто запознал некоја која има пари, која ке му помогне во работата, а кога ќе ја опељеши, се ке биде во ред пак. Таа е во шок. Но не може да се свести. Излегуваат уште неколку пати. Последната вечер, оди кај него дома, водат љубов, потоа вечераат, таа си оди и му се јавува да му каже дека е готово засекогаш. Тој плаче проколнува, таа му вели: Да, не те сакам, ке поминев преку ова. Ама премногу те сакам, и баш затоа не можам да продолжам со човек што го сакам а нема самопочит, што станал курва. Таа го остава и крај. Веке не се слушаат. Тој е некаде со својата богата теткица, таа е сама и не се жали. Вели, времето ке помина и ке ми биде супер. Не се само жените такви, туку и мажите. И ниско, долно и подло е која и да е страна да го прави тоа. Кај Womaninred, мислам дека типот е тежок себичњак и таков не ти треба. Ако си го откачила, браво. Ако се најдете во приказнава, бегајте од таков партнер. Тој нема самопочит кон себе, нема да има ни кон вас. Уште од почетокот се гледа дека е маж што сака да се закачи за жена и да ја искористува. За жал. многу ги има такви, и мажи и жени. Приказнава ја раскажав за на време да детектирате таков тип. Поздрав!
Денес јас частам! Дали сте од оној тип на женски што никогаш не даваат скршен денар кога искачаат со партнерите, или пак сте од оној тип на девојки што знаат да кажат " Денес јас частам " ? Јас нејќам баш многу многу да ме частат, поготово ако се знаеме краток период, некако не се чувствувам пријатно. Сакам да почастам, само тој што ќе заслужи Али најубаво ми е пола-пола, или секој своето, што знам можеби некому не му се допаѓа тоа, али никој не е должен секое излегување да ми ги плаќа моите пијачки Што размислувате во врска со ова? Што мислите за девојките што секогаш дозволуваат да бидат почастени?
Денес јас частам! Од тие вторите . Дозволувам да ме почасти само ако има повод за тоа, исто како што и јас сакам да почастам, или едноставно некогаш ми е мерак јас да платам. На почетокот на врската дечко ми сакаше секогаш да плаќа он, меѓутоа кога виде дека не дозволувам (уште од нашиот firs date) и се лутам сега си делиме пола пола. Навистина нема потреба да ме части, зошто тогаш мене моите ми даваат пари од дома? Со претходниот дечко си имавме направено договор, едно искачање јас следното он, и пак исто, или пак ако идеме на повеќе места едната сметка он едната јас, а ако била поголема сме ја делеле! Едноставно не се чувствувам убаво кога гледам дека он ја плаќа цела сметка, не знам зошто ама ете не ми е пријатно . Така да според мене или 50:50 или секој своето
Денес јас частам! Дефинитивно најдобро е така Затоа што има и доста машки, ова од лично искуство што имам правено муабет со братучед ми и негови другари на оваа тема, ако раскинат со девојчето тоа на тапет оди, спонзоруша, ваква онаква, беше со мене само ради парите, никогаш не и текна да си ја плати пијачката! Многу бедно..
Денес јас частам! Мене обратно, се чувствувам незгодно кога на прв состанок плаќаме пола-пола. Два-три пати сум се нашла во таа ситуација, и не, не сум дозволила да е така, сум инсистирала јас да ја платам целата сметка (некогаш со образложение "јас те викнав, јас те частам" иако немало врска). Барем не за прв состанок. Кога може мајка ми да го учи брат ми, дека на прв состанок, дека треба тој да плати, да го почасти девојчето, зошто некој да не го направи тоа за мене. И плус, не пијам Дон Перињон... За понатаму секогаш ми било различно, често пати сум знаела да бидам почастена затоа што него, едноставно мерак им било, тој ден, во тој период, да ме почасти, некогаш и без причина. (зборувам за долгите врски што сум ги имала) И знам и мене ми се случувало истото, сум знаела да почастам, од истата причина, мерак. Ќешки да имам па да частам. И да, секако да заслужи, па дури и тие што не заслужиле али ајт, биднало. Како дошло така-така прошло (мислам за дечкото) Овој начин на частење, секако ми се допаѓа. Сакам дечкото со мене што е да знае некогаш да ме почасти, и јас секако дека ќе му вратам. Нема да останам никогаш должна, не сум воспитана така. Но тука не вклучувам частење од типот-"Ај прати и пијачка на девојката што седи на шанкот, и кажи и од типот што седи на сепарето е." Како и да е, точно е, никој не е должен да ги плаќа моите пијачки, јас не го дозволувам тоа, затоа знам многу пати јас да сум таа што ќе почасти некој, или евентуално ќе делиме, но не за прв состанок, тоа дефинитивно, пре би платила јас... Но тоа кога си во долга врска, не се мери, кој кога може, кој колку има.... Не секогаш се имало, и не секогаш се частело. Барем така мене ми беше... Без разлика, убав гест е, мене да ми рече некој, еј не сакам да ме частиш, ќе ми го ускрати задволството и ќе ми го скрши ќејфот, кога сум била решена на тој чекор, и нема да се чувствувам убаво.
Денес јас частам! Искрено мене би ми било непријатно некој постојано да ги плаќа моите пијачки. Ајде, ок е на прв состанок тој да плати, тоа е убав гест. Но кога излегуваме со партнерот, некогаш тој плаќа, некогаш јас, а некогаш секој своето. Така е фер според мене.
Денес јас частам! За овие 6 години колку што сум со дечко ми, мнооогу ретко јас сум плаќала.Едноставно он вели ја сум машко,ја те носам на вечра,јас работам ти не. Ептен ептен кога ќе го убедам да частам по некој повод (роденден,стипендија,матура,нагада). Сакам и јас да плаќам, но едноставно он тоа не го дозволува.
Денес јас частам! Вообичаено секој си ја плаќа својата сметка. Е сега, ако некој од нас навистина има повод за частење, тој ја плаќа сметката. Последен пат, многу му помогнав со положување на еден колоквиум и ми рече: Да не беше ти ќе го паднев. Те частам едно кафе за ова
Денес јас частам! Кога станува збор за обично излагање во град, ретко кога сум дозволила он да плати. Се случува еден ден да платам јас друг он, некогаш сами си плаќаме. Битно гледаме до некаде да е изедначено. Не само за тоа, туку и општо кога купуваме грицки, не зависно дали кај него или кај мене се е по пола. Тој знае често да ме изнесе на ручек, вечера..негова е идеата и тој плаќа....Но, ако немам пари јас да возвратам со исто, јас му правам дома некоја вечера... Ние се водиме по она, кога едниот има имаме и двајцата. Но, никој пат не го злоупотребуваме тоа. Имам примери каде што дечкото ама буквално за се си ја финансира девојката, лично мене тоа не ми се допаѓа.
Не ми се јасни некои работи на темава, не конкретно за тие што се изјасниле туку за она што го гледам околу мене надвор од форумов. И факт е дека постои пошто сите го гледаат и слушаат. Се бара рамноправност и сите се маваат во гради, ама кога ќе дојде до плаќање сметки и обезбедено живеалиште во брак, тогаш тоа е улога на машкото. Зошто? Пошто така е каваљерски и тоа го прави маж. Ретко која се однесува како вистинска дама, ама затоа секој маж за да помине на опасните тестови мора да ги исполнува сите критериуми на џентлмен. Не генерализирам и никој од тука не посочувам, но реално и те како е ова честа појава, а во последно време рака на срце и машкиве се наоѓаат во обратна улога. И не зборам за врски каде што рамноправно си се распределуваат сметките денес јас частам утре ти, туку за оние што одат во крајност. Кога излегува сама со другарките може да пие вино од бокал и да јаде пилешки прсти,ама кога ќе излезе со некој што по некои правила треба да части, тогаш одеднаш вкусот се истенчува за поквалитетно вино и бифтек у Воденица и се јаде. А не знам зошто е срамота ако келнерот види дека се дели сметката. Такво време е што можеби и кафе е стварно проблем, особено кај студенти. И ај да не се фаќаме само за сметките...за скапи поклони мислам дека и во друга тема имам кажано,не ги прифаќам затоа што едноставно ми создаваат чувство на должност, а се додека имам статус невработена не можам да си дозволам да ги подарам. Баш ме интересира машките на форумот какви искуства ќе споделат. Според муабети со другари испаѓа дека најчесто они се оштетената страна.