Додека бев сама редовно во друштво плаќаа машките кои беа со нас, а тоа се САМО многу блиски другари, кои едноставно се кавалери и не дозволуваат девојче со нив да плаќа. Од почеток ова ми сметаше, но во ја сфатив нивната поента и според мене е ок, само доколку они можат навистина да си го дозволат тоа, а не само ради кавалерство на крај да немаат за утре да отидат во град. Сега со дечко ми функционираме на начин НАШЕ, нема мое твое. Така да не ни осеќам дека јас сум го почастила ако јас платам или тој да ме почасти ако плати.
Кој ја плаќа сметката заедно или дечкото Кога сте излезени в град на кафе или во ресторант,кој најчесто ја плаќа сметката. Заедно или сепак тој се прави џентламен
Кој ја плаќа сметката заедно или дечкото Заедно. Во никој случај не дозволувам правење и изведување џентлменство. Со исклучок за некој повод частење (роденден, именден...).
Жените не дека сакаат многу да се троши на нив (со искучок на одреден тип на жени), ама тоа кога ќе плати дечкото сметка некогаш или ќе ги изненади со подарок без некоја посебна причина прави да се почувствуваат по ценето и по сакано. Тоа не покажува дали се материјалисти, туку е еден гест, кој покрај зборовите и другите постапки искажува внимание и почит. Барем јас така го сфаќам ова и така се чувствувам кога ќе добијам подарок без причина и сл.. А, воопшто не сум материјалист. Верувам дека кај повеќето жени е исто и дека маж им станува инстантно непривлечен доколку не е запознаен со овој ритуал. Тоа само со факт потврдува дека мажот нема никакво искуство со жените, ниту со нашите чувства и потреби.. И на која би и бил привлечен таков маж?
Да те ушетам многу девојки имале вакво искуство. Абе мене дечко ми зема 30 денари железни за минерална вода. Купуваме од една трафика, јас вода ладна ми се пиеше, а тој сок и продавачот од негови 500 ден наплаќа и за двајца. И јас му давам 30 ден, си ги зема, си ги став во новчаник. Се чудев како не му е срам. Зема плата над 400 евра, а се скржави за 30 ден. Девојче да беше со мене и псоледни пари да ми беа немаше јас пари да земам, а не он што е машко. За срамота, ама тоа е . Видете сега какви каваљери има. И овој така си јадеше по ресторани редовно, ама се скржави за други работи. Со друг пар излеговме, тие си плаќаат на едно место, а ние како слеци секој за својата пијачка. Срамота, се избрукав пред луѓето.
Е тоа више се вика себичност, еден друг па, тоа што викаш ти. Искачаме и јас немав ситно, и се нуди демек коктел да ме части и ја ок, послем си го испив и си нарачав друг и сега се на иста сметка! дојде време да се плати и плаќа се заедно и ми вика можеш да ми дадеш пари за другиот коктел?! и јас му дадов, не се правам циган за 150 денари.. али не ми е јасно како си дозволи така да се избрука.. Не за џабе вика сестра ми тие што имаат многу се најголеми циции
Девојки извинете што ќе искоментирам ама не знам како можете да бидете со такви циции. Јас толку многу би нервирала што не би можела да издржам. Јас за среќа не сум си имала работа со такви, ама мои другарки имале и знам во какви глупи ситуации може да те стави ваков човек. Две другарки со дечковците на пица седнати. Доаѓа сметката, едниот дечко плаќа за него и девојка му, а другите си плаќаат посебно, па дечкото дури и побарал 10 денари кусур да му врати женската, телефон вадел да пресмета за неговиот дел, бруки невидени. Една друга другарка си имаше дечко и за роденден му купи маица, заедно ја купувале, и нормално овој видел колку е пари. Кога дојде нејзиниот роденден, овој рекол ќе и даде пари да си купи нешто, демек да не избрал погрешно, и оп и дава 700 денари, точно толку колку што била неговата маица. Срамота, барем 500 да дал ако немал, а овој точно толку како заем враќање. Подоцна неговата сељачка скржавост уште во многу други ситуации испливала на површина и се разделија.
Хахаха затоа од грешки се учи, има такви луѓе ама сега бегам подалеку, мислам не дека сум некоја спонзоруша, далеку од тоа и баш сакам да бидам самостојна, ама има разлика од тоа и од себичност.. Каква иднина можам да очекувам од тој човек кога на почетокот е таков? ако врската се зацврсти, тогаш тоа е друга работа, што е мое негово или обратно! Тогаш ич нема ни да гледам кој колку дал или слично, меѓутоа ова е срамота..
Епа ај на првото видување уште на фатени, мене ми бдина ензгодно дека доаѓа сметката ид ечкото си вади пари за себе, па кусурот го собра 20 ден цели, намерно или ненамерно. Е сега не знаев дали е скржав или се збуни, дали трема,ама ви викам за водата кога си зема 30 ден и во паричник ги стави, елелл, срамота. И јас тоа размислив демек што ако се врзам, тој живее во едно мало место каде нема ни работа , ни ништо, па си викав дај на прва ситница ќе го откачам затоа што ако биде нешто сериозно којзнае може без работа ќе бидам и без пари таму, џабе ќе ми се дипломите, и најверојатно како што оценив нема да имам пари за ништо, ни за основно нема да ми даде. Тоа е себичност. Не знам дали сакал да ме оцени дали сум спонзоруша,ама има машки што немаат пари, а сепак частат. Абе едно кафе енма да го осиромаши како и да е , а на прв состанок важно е да остави впечаток.
Затоа што се знам долго со мојот дечко,никогаш немало некој договор,дали ќе делиме по пола,дали јас да платам или он.Секогаш е спонтано.Ако имам повеќе пари ќе платам,ако има он повеќе он ќе плати,ако немаме и двајцата многу пари ги собираме сите и ги трошиме заедно. Опуштени сме многу и никогаш не сум броела колку пари сум потрошила на него,ниту тој на мене.Дури кога ќе ми се допадне нешто(на пример парфем,мече) ќе му кажам и одма го купува.Да не се разбереме погрешно,да не испадне демек го користам.Истото се случува и обратно. Само сме многу блиски и не го сфаќаме тоа како нешто сериозно.
Па и јас тоа викам! Значи нели дечко на почеток на врска, на прв состанок сака да се покаже, каваљер .. послем ако се зацврсти врската, више нема да ми биде битно, кој колку троши или плаќа ама сепак..
Се сложувам, глупо е во старт да се покаже како скржавец. Јас си сакам мои пари, не ми дошло да ме части. Ако не ми се допаѓа не сакам близу мене да го видам, не па да ме части. Ама јас бедно се осетив, двојката да си плаќа заедно, а ние двајцаат вади пари, баш се гледа и дека не сме некој пар. Тие си имаа долга и стабилна врска и одма виделе колку е саатот со нас.
Јас и дечко ми сме подолго време заедно, ама кога сме во град инсистира тој да плати, затоа пак јас собирам собирам собирам пари и кога ќе имам доволно частам некоја богата вечера или нешто друго и така некако балансираме..а кога се нема викаат и царот не јаде..и ние така кога нема он или јас давам или се тркнува на некоја расходка
Мене ми е глупа таа делба јас имам 220 ти 230 пар сме и си плаќаме наизменично , еднаш јас еднаш он не иде се да си ја пребројуваме сметката, еден ке плати , па после другиот , не сакам па и он се да ме части не дека не е ме частел ама секогаш кога сум при пари ич не жалам го носам на вечера и частам многу ми е кеф така а за кафиња еден ден јас еден ден другиот ама не си пишуваме цртички кој ден кој частел некако спонтано си доаѓа
Дечкоми не е циција, не е крив што шефот платата му ја дава на 10 рати и што не може да си ги изброи на рака... но кога има ме части и му е мака што не сум "била" задоволена како женско демек тоа тој го смета како да не сум среќна. Уште од дамна си го знаев тоа дека се заглавени во кредити и тој остава дома пари, но уште пола година ке го исплатат ... најчесто си ги делиме сметките, инаку не би сакала некој циција до мене
Јас не сакам. Одбивам пари и материјални нешта од негова страна, освен подароци, но му имам кажано дека не сакам да ме опсипува со премногу подароци бидејќи се чувствувам како спонзоруша. На почетокот од врската ми купуваше често по нешто, но откако му кажав како се чувствувам, престана. Рече дека тоа го правел за да ми покаже дека ме сака, но доби одговор дека љубов така не се покажува. Сега ја покажува на вистински начин.
Секогаш се расправам за сметката. Секогаш го вадам паричникот додека дечкото со кој пијам кафе не ја стави неговата рака над паричникот и не каже не може, јас ќе платам. Најправилно според мене е секој својата пијачка да си ја плати.
Мене дечко ми не ме остава никогаш да платам,и често се расправаме за тоа. И да извадам пари пред него,ми ги трга настрана и плаќа тој. Колку и да ми е незгодно,го оставам да плати затоа што не е можно да го убедам дека не треба се машкото да плаќа Ама кога и да треба нешто да купувам за него,или за неговите дома кога одам натака, не сум дозволила да ми дава пари за тоа. Било во продавници,аптека, не е важно, колкава и да е сметката нема да му ја покажам. И така,најдовме средина ете
Во ред е машкото да биде џентлмен и секогаш да се понуди да ја плати сметкатапа доколку не излегува со спонзоруша и девојката ќе реагира па да не биде само частење од негова страна.